YouVersion Logo
Search Icon

Авдиј 1

1
Горделивоста и казната на Едом
1 # 5 Мојс 2,1; Ер 1,11.13; 49,14; Мих 1,1; Авак 2,2-3 Вака му вели Господ Бог на Едом: „Чувме глас од Господ, гласник е испратен меѓу народите: ‚Станете, да војуваме против него!‘“ 2#Ер 49,15Еве, те направив најмал меѓу народите, многу си презрен. 3#Ис 14,13; Ер 49,16Гордоста на твоето срце те измами, тебе, кој живееш во камени пештери, во својот висок дом, и му велиш на своето срце: „Кој е тој што ќе ме собори на земја?“ 4#Авак 2,9; Мт 11,23И да се кренеш високо како орел, да направиш гнездо меѓу ѕвездите, и оттаму ќе те симнам, говори Господ. 5#Ер 49,9; Мих 7,1Крадци кога би дошле кај тебе, или ноќни разбојници, зар не би украле онолку колку што сакаат? Берачи на грозје ако би те нападнале, зар би оста­виле нешто за доберување? 6#Ер 49,10Како беше пребран Исав, и како му ги пребараа сите негови сокриени ра­боти! 7#Ер 38,22; Пс 41,9До граница те избркаа, сите твои со­јузници те измамија и оние што јадат со тебе, стапица ти поставија – тоа не мо­же да се разбере! 8#Ис 19,11-15; 29,14; Ер 8,8-9; 49,7; 1 Кор 1,19Во оној ден, вели Господ, ќе ги по­губам мудрите во земјата едомска и раз­умните во гората Исавова. 9#Ер 49,22И јунаците твои ќе се уплашат, Те­мане, за да се истребат сите од гората Исавова.
Суровоста на Едом
10 # Јоил 4,19; Амос; 1,11-12 Поради насилството и заради убис­твото, што му го направи на братот твој Јаков, со срам ќе бидеш покриен и ќе бидеш отфрлен засекогаш. 11#Ез 25,12; Пс 137,7Во оној ден кога ти си стоеше на­страна; во оној ден кога туѓинци му го изнесуваа богатството и кога туѓинци влегуваа низ вратата негова и фрлаа ждрепка за Ерусалим, беше и ти како еден од нив. 12#Мих 7,8Не радувај се на несреќниот ден на твојот брат ниту на пропаста на сино­вите Јудини, а уште помалку да ја отвораш устата своја во денот на нивните страдања. 13Не провалувај низ вратата на Мојот народ во денот на неговата неволја, не насладувај се на нивното зло во денот на нивната погибел, и не земај од имотот нивни во денот на нивната пропаст. 14И не стој на нивните крстопати, за да ги убиваш оние што бегаат, ниту да ги предаваш оние, што преживеале во денот на нивната неволја.
Господ ќе им суди на сите народи
15 # Ер 50,29; Јоил 1,15 Зашто денот Господов за сите народи е близу: како си правел, така ќе ти се прави; отплатата ќе падне на твојата глава. 16#Плач 4,21Зашто, како што пиевте на Мојата света гора вие, така ќе пијат сите народи, ќе пијат без здив и докрај, и ќе бидат како никогаш да не биле.
Победата на Израел
17 # Јоил 3,5; 4,17 Но на гората Сион ќе бидат спасени и ќе биде света, и домот на Јаков ќе го добие своето наследство. 18#Зах 12,6Домот на Јаков ќе биде оган, а до­мот на Јосиф пламен, додека домот на Исав стрниште; ќе ги запалат и ќе ги изгорат; и нема никој од домот Исавов да остане жив, зашто Господ така вели. 19#Амос 9,12Жителите на Негев ќе ја наследат гората Исавова, а рамнината филистеј­ска – жителите од Шефела; ќе го наследат и полето Ефремово и полето самарјанско, а Венијаминовото колено ќе го наследи Галаад. 20Прогонетата, пак, војска на сино­вите Израелови ќе го наследи Ханан до Сарепта, а прогонетите од Ерусалим кои се во Сефарад, ќе ги наследат гра­довите во Негев. 21#Мих 4,7; Зах 14,9; Пс 22,29И победниците ќе се качат на гората Сион за да ѝ судат на гората Исавова, и тогаш ќе настапи царството Госпо­дово.

Currently Selected:

Авдиј 1: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in