Броеви 3
3
Задолженијата на Левиевото колено
1 #
2 Мојс 6,27; 19,11 Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеј на планината Синај. 2#26,60; 2 Мојс 6,23; 28,1Еве ги имињата на синовите Аронови: првенецот Надав, Авиу, Елеазар и Итамар. 3#2 Мојс 30,30; 3 Мојс 8–9Тоа се имињата на Ароновите синови, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат. 4#3 Мојс 10,1-7Но Надав и Авиу умреа пред Господ, кога донесоа туѓ оган пред Господ во Синајската Пустина, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татко си Арон. 5И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 6#5 Мојс 10,8; 31,9; 1 Лет 15,2; 2 Лет 29,11„Доведи го Левиевото племе и постави го при свештеникот Арон, за да му служат; 7#3 Мојс 8,35и тие нека му служат на него и на целото општество израелско при скинијата на собранието, извршувајќи ги службите при скинијата; 8и да ги пазат сите сосуди во скинијата на собранието и да бидат на служба за синовите израелски во врска со сите работи што се вршат околу скинијата. 9И дај му ги левитите на Арон, и на синовите негови; нека им бидат тие дадени како дар од синовите израелски. 10#2 Мојс 29,9; 30,7А на Арон и синовите негови порачај им да се грижат за свештеничката должност; а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен.“ 11И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 12#2 Мојс 13,2.11-14; Мал 2,4; Неем 13,29„Ете, Јас ги зедов левитите меѓу синовите израелски наместо сите првородени од синовите на Израел, што отвораат утроба; левитите ќе бидат Мои, 13#8,16-26; 2 Мојс 13,1-16; 3 Мојс 11,44бидејќи сите првородени се Мои; во денот, кога ги убив сите првородени во египетската земја, Јас ги осветив за Себе сите провородени во Израел – од човек до добиток: тие треба да бидат Мои. Јас сум Господ.“
Прво пребројување на Левиевото колено
14 #
2 Мојс 19,1
И му рече Господ на Мојсеј во Синајската Пустина, велејќи: 15#26,57-62„Преброј ги Левиевите синови според семејствата нивни и според родовите нивни; преброј сѐ од машки пол од еден месец, и нагоре!“ 16И ги преброи Мојсеј според зборовите Господови, како што беше заповедано. 17#1 Мојс 46,11Еве ги Левиевите синови според имињата нивни: Гирсон, Каат и Мерариј. 18А ова се имињата на Гирсоновите синови според родовите нивни: Ливниј и Семеј. 19И синовите на Каат според родовите нивни: Амрам и Јицхар, Хеврон и Узиил. 20И синовите на Мерариј според родовите нивни: Махлиј и Мушиј. Тоа се Левиевите родови според семејствата нивни: 21Од Гирсон произлегува родот Ливниев и родот Семеиев: тоа се Гирсоновци. 22Сите, изброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа седум илјади и петстотини. 23Родовите на Гирсоновци беа сместени зад скинијата, откај запад. 24Началник на поколението од Гирсоновите синови беше Елјасаф, син Лаелов; 25#2 Мојс 26–27на Гирсоновите потомци при скинијата на собранието им е доверено да ги пазат: скинијата и покривот нејзин, завесата при влезот во скинијата на собранието, 26платништата околу дворот, завесата од влезот во дворот што се околу скинијата и жртвеникот, со јажињата и другите нивни принадлежности. 27Од Каат произлегува родот Амрамов и родот Јицхаров, и родот Хевронов и родот Узиилов: тоа се Каатовците. 28#2 Мојс 25,8; Пс 15,1Според пребројувањето сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа осум илјади и шестотини, кои го чуваа светилиштето. 29Родовите на Каатовци да се сместат на јужната страна од скинијата; 30#2 Мојс 6,22а началникот на племето Каатовци беше Елицафан, синот Узиилов; 31#2 Мојс 25,10-40; 26,31-35; 27,1-8; 30,1-10; Ер 3,16; 52,19; 1 Лет 28,15тие го чуваа ковчегот, трпезата, светилникот, жртвениците, свештените садови што се употребуваат при службата, и завесата со сите нејзини работи. 32#2 Мојс 6,23Главен началник на левитите беше Елеазар, син на свештеникот Арон; под негов надзор беа оние кои беа задолжени да го чуваат светилиштето. 33Од Мерариј произлегува родот Махлиев и родот Мушиев; тоа се родови Мерариеви; 34сите преброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа на број шест илјади и двесте; 35началник на потомците на родот Мерариевци беше Цуриел, син на Авихаил; тие да се распоредат на северната страна од скинијата; 36на Мерариевите синови им беше доверено да ги чуваат штиците од скинијата и пречниците нивни, столбовите и подножјата нивни, сиот прибор, и сите други нејзини принадлежности, 37#2 Мојс 27,9-19столбовите од дворот наоколу и подножјата нивни, колците нивни и јажињата нивни. 38А од предната страна на скинијата, откај исток, пред скинијата на собранието сместени беа Мојсеј и Арон, и синовите негови, кои наместо синовите Израелови, го пазеа светилиштето; ако, пак, некој друг се доближеше, беше убиван. 39Сите изброени левити што ги преброија Мојсеј и Арон по заповед на Господ, според родовите нивни, сите од машки пол, од еден месец нагоре, беа дваесет и две илјади.
Откупот на првородените
40 #
2 Мојс 13,1; 13,11-16 И му рече Господ на Мојсеј: „Преброј ги сите првородени синови израелски од машки пол, од еден месец и нагоре, и преброј ги поименично; 41и земи ги левитите за Мене, како замена за сите првородени од синовите на Израел, – Јас сум Господ – а добитокот на левитите место сиот првороден добиток на синовите израелски.“ 42И ги преброи Мојсеј, сите првородени од синовите израелски како што му заповеда Господ; 43и сите првородени од машки пол, според бројот на имињата, од еден месец и нагоре, беа дваесет и две илјади двесте седумдесет и три. 44И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 45„Земи ги левитите место сите првородени од синовите на Израел, и добитокот на левитите, место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас сум Господ. 46А за откуп на двесте седумдесет и трите првородени синови израелски, со кои се надминува бројот на левитите, 47#3 Мојс 5,15; 27,3земи по пет шекели за човек, според свештениот шекел земи; по дваесет гери во шекел; 48и дај му го тоа сребро на Арон и на синовите негови, за откуп на оние што го надминуваат нивниот број.“ 49И го зеде Мојсеј среброто од откупот за оние што го надминуваат бројот на заменетите со левити. 50Од првородените израелски синови зеде сребро илјада триста шеесет и пет шекели, според свештениот шекел; 51и среброто од откупот Мојсеј му го даде на Арон и на синовите негови според зборовите на Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
Currently Selected:
Броеви 3: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006