YouVersion Logo
Search Icon

Броеви 2

2
Распоред на племињата во логорот
1 # 10,11-28 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: 2#Ер 4,21; Пс 74,4„Синовите израелски треба да лого­руваат секој кај своето знаме со озна­ките на предците свои; и да се настанат околу скинијата на собранието на пристојна оддалеченост. 3Најнапред, на исток, ќе се настанат легионите Јудини со војниците свои, и началникот на Јудините потомци Наасон, синот на Аминадав. 4Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници. 5По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаро­вите потомци Натанаил, синот на Цуар, 6чија сила е изброена на педесет и четири четиристотини војници. 7Понатаму племето Завулоново, и началникот на потомците Завулонови Елијав, синот Хелонов; 8бројот на неговата војска изнесува педесет и седум илјади и четиристотини војници. 9#Суд 1,1Сите изброени во Јудиниот табор се сто осумдесет и шест илјади и четиристотини војници; тие први да тргнат. 10Кон југ да бидат распоредени Руви­мовите легиони со војниците свои и началникот на потомците на Рувим Ели­цур, синот на Шедеур; 11бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест илјади и петстотини. 12До него да се настани племето Симеоново, и началникот на потомците на Симеон Шелумиел, синот на Цури­шадај; 13а неговите војници изброени беа педе­сет и девет илјади и триста. 14Потоа да се настани племето Гадо­во, и началникот на потомците Гадови Елјасаф, синот на Рагуил; 15неговата војска беше на број четириесет и пет илјади шестотини и педесет војници. 16Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот табор изнесува сто педесет и една илјада четиристотини и педесет војници; тие втори да појдат. 17#10,11-28Кога ќе се крене скинијата на собранието, таборот на левитите да биде во средината на другите табори. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место и кај своето знаме. 18#1 Мојс 48,20; Ер 31,18-20Откај запад да биде војската на Ефремовиот табор, и началникот на потомците Ефремови Елишама, синот Амиудов; 19во неговата војска изброени беа четириесет илјади и петстотини војници. 20До него да се смести племето Манасиево, и началникот на потомците Манасиеви Гамалиил, синот на Педа­цур. 21Со неговата војска која брои триесет и две илјади и двесте војници. 22Потоа да се смести племето Вени­јаминово, и началникот на потомците Венијаминови Авидан, синот Гидониев, 23заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет илјади и четиристотини. 24Сите изброени војници од Ефре­мо­виот табор се сто осум илјади и сто; тие трети да поаѓаат. 25Откај север да биде таборот на Да­но­вата војска, и началникот на потомците Данови Ахиезер, синот на Ами­шадај; 26неговата војска, според пребројувањето изнесува шеесет и две илјади и седумстотини војници. 27А до него да се смести племето Асирово, и началникот на потомците Асирови Пагиил, синот Охранов, 28заедно со неговите војници на број, четириесет и една илјада и петстотини. 29Потаму племето Нефталимово, и началникот на потомците Нефтали­мо­ви Ахира, синот Енанов, 30и неговите педесет и три илјади и четиристотини војници.“ 31#Ис.Н. 6,9Сите, влезени во пребројувањето на Дановиот табор, се сто педесет и седум илјади и шестотини; тие последни да се креваат со знамињата свои. 32#1,46; 2 Мојс 12,37Тоа се изброените синови израел­ски според фамилиите нивни. Сите изброени во таборите, според четите им, се шестотини и три илјади петстотини и педесет. 33А левитите не се броени со другите синови на Израел, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 34И направија синовите израелски сѐ што му беше заповедал Господ на Мој­сеј; така се распоредуваа при знамињата свои, и така одеа секој според племето свое и според семејствата свои.

Currently Selected:

Броеви 2: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in