YouVersion Logo
Search Icon

Броеви 25

25
Израелците се оддаваат на идолопоклонство
1 # 31,16; Пс; 106,28-31 # 1 Мојс 19,37; Ис.Н. 2,1; Ер 5,7; 1 Кор 10,8; Откр 2,14 Израел живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав; 2#2 Мојс 20,5; 32,6; 5 Мојс 32,38; 1 Кор 10,8.20; Откр 2,14и тие го покануваа народот да при­суствува на принесувањето жртви на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се поклонуваше на боговите нивни. 3#5 Мојс 4,3И му се приклони Израел на Ва­ал-Фегор. И се разгоре гневот Господов против Израел. 4#5 Мојс 4,3; 13,17; Ис.Н. 7,26; 2 Цар 23,26; Ер 44,3; Езд 10,14И му рече Господ на Мојсеј: „Земи ги сите началници народни и обеси ги пред Господ спроти сонцето, и ќе се одврати јаросниот гнев Господов од Израел.“ 5#2 Мојс 32,27Тогаш Мојсеј им рече на судиите израелски: „Секој нека ги убие своите луѓе што му служат на Ваал-Фегор.“ 6#Суд 2,4; 2 Сам 15,30; Пс 126,6; Езд 10,1И ете, еден од синовите на Израел дојде и доведе кај еден од своите со­браќа една Мидјанка, пред очите на Мојсеј, и пред очите на целото оп­штество на синовите израелски, кога тие плачеа при влезот од скинијата на собранието. 7#2 Мојс 6,25; Пс 106,30-31Финес, синот на Елеазар, син на свеш­теникот Арон, кога го виде тоа, стана среде општеството и зеде во раката копје, 8#Пс 106,30и влезе по Израелецот во блу­ди­лиштето и ги прободе и обајцата: Изра­елецот и жената во утробата нејзина; и престана поморот на синовите израел­ски. 9#1 Кор 10,8А умрените од помор беа дваесет и четири илјади. 10И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 11#2 Мојс 20,5; 5 Мојс 32,16-21; Пс 78,58„Финес, синот на Елеазар, син на свештеникот Арон, ја одврати јароста Моја од синовите израелски, покажу­вајќи меѓу нив ревност за Мене, и Јас не ги истребив синовите на Израел во ревноста Своја. 12#Ис 11,9; 45,10; Мал 2,4-5Така кажи им: ете, Јас му давам мирен завет; 13#2 Мојс 32,25-29; 3 Мојс 1,8; 5 Мојс 33,8-11и тој ќе биде за него и за потомството негово по него завет на вечно свештенство, затоа што покажа ревност за својот Бог и Го омилостиви за си­новите израелски.“ 14Името на убиениот Израелец, кој беше убиен со Мидјанката, е Замвриј, син на Салу, началник на родот Симе­оновци; 15#Ис.Н. 13,21; Авак 3,7а името на убиената Мидјанка е Коз­би; таа беше ќерка на Цур, начал­ник на едно од племињата на Мидјани­те. 16Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 17#2 Мојс 23,22; 1 Сам 17,9.35; 2 Цар 9,27; Неем 9,27„Сметајте ги за непријатели Мидја­ните и поразувајте ги, 18зашто тие со подмолноста своја постапуваа непријателски спрема вас, соблазнувајќи ве со Фегор и со Козби, ќерката на мидјанскиот началник, нив­на сестра, убиена во денот кога имаше помор поради Фегор.“

Currently Selected:

Броеви 25: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in