YouVersion Logo
Search Icon

Броеви 24

24
1Валаам виде дека на Господ Му е пријатно да го благословува Из­раел и не го бараше, како порано, на Божјото откровение, туку само го сврте лицето кон пустината, 2и погледна Валаам и го виде Израел, како се беше сместил со племињата свои, а Духот Божји беше на него. 3И започнувајќи ја својата беседа, рече: „Говор на Валаам, синот Беоров, говор на тој што ја гледа вистината. 4#1 Мојс 15,1Пророштво на оној, кој ги слуша зборовите Божји; оној кој ги гледа виде­нијата на Семоќниот, оној кој паѓа во екстаза и очите му се отвораат. 5#Ис 54,2-3; Ер 4,20; 30,18; Мал 2,12; Пс 84,1Колку се убави домовите твои, Ја­кове, и живеалиштата твои, о Израеле! 6#Ез 31,5; Пс 1,3; Јов 29,19Тие се распростираат како потоци, како градини крај река, како миризливи дрвја насадени од Господ, како кедри крај вода; 7#24,17; 1 Мојс 49,10; Ис 9,5; 11,1се излева водата од ведрата негови, семето негово обилно е натопено, него­виот цар е поголем од Агаг, цар­ството негово се воздига. 8#23,22-24; 2 Мојс 15,6; 5 Мојс 33,17; 2 Сам 18,14; Ер 50,17; Пс 45,4Бог го изведе од Египет; брзината на еднорогот е во него, ги проголтува на­ро­дите што се против него, ги крши кос­ките нивни и со стрелите свои го по­разува. 9#1 Мојс 12,3; 27,29; 49,9Легнал тој како лав и како леопард; кој ќе го разбуди? Благословен да биде, оној што те благословува и проклет – оној што те проколнува!“ 10Се разгневи Валак против Валаам, и плесна тој со рацете свои, па му рече на Валаам: „Јас те повикав да ги про­колнеш непријателите мои, а ти ги бла­гословуваш еве веќе по третпат; 11бегај, пак, во земјата своја; јас сакав да ти искажам почит, но, ете, Господ те лишува од почестите.“
Валаам ја предвидува славната иднина на Израел
12И му рече Валаам на Валак: „Нели им реков на твоите пратеници што ми ги испрати: 13‚Да ми ја дадеше Валак и куќата своја, полна со сребро и злато, не би можел да ја прекршам заповедта Гос­подова, за да направам нешто добро или лошо по своја волја: она што ќе ми рече Господ, тоа и ќе го кажувам?‘ 14#1 Мојс 49,1И така, ете, јас си одам во своето место, но приближи се, за да ти кажам и да те посоветувам што ќе направи по извесно време овој народ со твојот народ.“ 15И го раскажа видението свое, ве­лејќи: „Пророштво на Валаам, синот Бе­о­ров, пророштво на човекот со отво­рено око, 16#Ис 14,14пророштво на оној кој ги слуша збо­ровите Божји, кој ги знае тајните на Се­вишниот, ги гледа виденијата на Семоќ­ниот, паѓа во екстаза и очите му се от­во­раат. 17#1 Мојс 49,10; Ер 48,45-46; Мт 2,2; Откр 22,16Го гледам, но не е тоа сега, го посматрам, но не одблиску. Ѕвезда од Јаков се издига и жезол од Израел; тој ќе ги поразува кнезовите моавски и ќе ги ништи сите синови Ситови. 18#1 Мојс 14,6; Ис.Н. 12,7; Суд 5,4; Ис 11,14; Амос 9,12И Едом ќе стане негов посед, а Сеир – негово наследство; Израел ќе ја покаже силата своја. 19#1 Мојс 49,10; Мих 5,2Произлезениот од Јаков ќе завладее и ќе ги погуби преживеаните од гра­дот.“
Валаам ја објавува пропаста на непријателите на Израел
20 # 1 Мојс 14,7; 2 Мојс 17,14; 5 Мојс 25,19; 1 Сам 15,20 И погледна кон Амалик, и го кажа своето пророштво, велејќи: „Амалик е прв меѓу народите, но семето негово ќе се затре.“ 21#Ис 32,18И погледна кон Кениј, и пророкува, велејќи: „Силно е твоето живеалиште, на камен си го свил своето гнездо, 22но тоа ќе биде изгорено, Асирците ќе те заробат.“ 23И пак го започна своето пророш­тво, и рече: „Тешко, тешко, кој ќе ос­тане жив, кога Бог ќе го направи тоа. 24#Дан 11,30Ќе дојдат бродови од брегот на Китим; ќе го потисне Ашур, ќе го потчини и Евер, но и него гибел го чека.“ 25И стана Валаам и се врати во местото свое, а исто така и Валак отиде по патот свој.

Currently Selected:

Броеви 24: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in