YouVersion Logo
Search Icon

Неемија 9

9
Исповед на гревовите
1 # Ис.Н. 7,6; 2 Лет 7,14 На дваесет и четвртиот ден од тој месец се собраа сите синови Из­раелови, постејќи, во вреќишта и со пепел на главите свои. 2#13,3.30; 3 Мојс 26,40; Езд 6,21И се оддели Израеловото семе од сите туѓинци, станаа, па ги исповедаа гревовите свои и престапите на тат­ковците свои. 3И стоеја на местата свои, и четврт ден читаа од книгата на законот Господов, својот Бог, а во другата четвртина се исповедаа и Му се поклонуваа на Господ, својот Бог. 4А тогаш левитите Јешуа, Ваниј, Кадмиел, Шеванија, Буниј, Шеревија, Ваниј и Кенаниј се искачија на повисоко место, наменето за левити, и силно повикаа кон Господ, својот Бог.
Свечена молитва
5 # 2 Сам 7,26; Пс 78,4 Потоа левитите Јешуа, Кадмиел, Ваниј, Хашавнеја, Шеревија, Ходија, Шеванија и Петахија рекоа: „Станете, славете Го Господа, вашиот Бог, одвека довека, и нека се славослови преслав­ното Твое име, кое е повисоко од секое славословие и похвала!“ 6#1 Мојс 1,1; 5 Мојс 6,4; Ис 40,26; 45,12; Пс 95,5; 146,6; Дела 4,24; Откр 10,6И рече Ездра: „Ти, Господи, Кој си еден, Ти го создаде небото, небесата на небесата и сета нивна војска, земјата и сѐ што е по неа, морињата и сѐ што е во нив, и Ти го оживуваш сето тоа, и небесните воинства Ти се поклонуваат. 7#1 Мојс 12,1-3; 17,5Ти сам, Господи Боже, го избра Аврам, го изведе од Ур Халдејски и му даде име Авраам, 8#1 Мојс 15,18-21и го најде срцето негово верно пред Тебе, и склучи со него завет за да му ја дадеш нему и на семето негово земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Перизијците, Јевусиј­ците и Гергесеј­ците. И Ти го исполни зборот Свој, заш­то си справедлив. 9#2 Мојс 2,23-25; 7–12Бидејќи Ти ја виде маката на предците наши во Египет и ја слушна нивната поплака кај Црвеното Море, 10и покажа знаци и чудеса над фараонот и над сите негови служи­тели и над сиот народ од земјата негова, бидејќи Ти знаеше, зашто тие постапија горделиво со нив, и Ти си создаде име до денес. 11#2 Мојс 14,15-30; 15,4-5.10Ти го пресече пред нив морето, и тие минаа среде море како по суво, а оние што те гонеа, Ти ги фрли во длабочините како камен во силни води. 12#2 Мојс 13,21-22Во облачен столб Ти ги водеше дење и во огнен столб – ноќе, за да им го осветлуваш патот, по кој требаше да одат. 13#2 Мојс 19; 5 Мојс 4,5-8И слезе Ти на гората Синај и го­вореше со нив од небото, им даде пра­веден суд, вистински закони, наредби и добри заповеди. 14И им ја покажа Твојата света сабота и преку Твојот слуга Мојсеј им даде заповеди, наредби и закон. 15#2 Мојс 16; 17,1-7; 5 Мојс 1,21И кога гладуваа, Ти им даваше леб од небото, а кога беа жедни, им извади вода од камен, и им рече да одат и да ја завладеат земјата, која Ти, откога ја крена раката, се заколна дека ќе им ја дадеш. 16#4 Мојс 14,1-4Но тие, нашите татковци, беа упорни, се покажаа тврдоглави и не ги послушаа Твоите заповеди; 17#2 Мојс 34,6-7не сакаа да се покоруваат и не се сетија на Твоите чудесни дела што ги беше направил со нив, станаа тврдо­глави и со својата упорност поста­вија над себеси водач за да се вратат во ропството свое. Но Ти си Бог, Кој сака да проштева, добар и милостив, долготрпелив и многумилостив, и Ти не ги остави. 18#2 Мојс 32,1-6И макар што беа излеале теле и беа рекле: ‚ете го твојот бог што те изведе од Египет‘ – и макар што правеа големи сквернавења, 19#2 Мојс 13,22Ти, поради големото Свое милоср­дие, не ги остави во пустината; об­лачниот столб не се одлепуваше од нив дење, за да ги води по патот, и огнениот столб – ноќе за да им свети по патот, по кој требаше да одат. 20#2 Мојс 16,15; 17,6; Ис 63,11.14; Агеј 2,5; Зах 4,6; Пс 23,3Ти им го даде Твојот благ Дух за да ги поучува, и не ја одземаше маната Своја од устата нивна, па и вода им даваше за гаснење на жедта нивна. 21#5 Мојс 8,4Четириесет години ги хранеше во пустината; но ништо не им недостасуваше, облеката не им оветвуваше, нозете не им потекуваа. 22#4 Мојс 21,21-35И Ти им даде царства и народи и им ги раздели, и тие ја завладеаја земјата на Сихон, царот на Есевон, и земјата на Ог, царот на Башан. 23#5 Мојс 1,10И им ги умножи синовите нивни како небесните ѕвезди и ги воведе во земјата, за која им беше говорел на татковците нивни дека ќе дојдат да ја владеат. 24И синовите нивни влегоа и ја завладеаја земјата. И Ти им ги пот­чини жителите на таа земја – Ханан­ците, и ги предаде во рацете нивни со царевите и народите на земјата за да постапуваат со нив според волјата своја. 25#Ис.Н. 24,13И тие ги зазедоа утврдените градо­ви и плодната земја, и завладеаја куќи, полни со секаков имот, на­правени из­вори во камен, лозја и маслинови градини и многу плодни дрвја за храна. Тие јадеа, се наситуваа, се дебелеа и се на­сладуваа од Твојата голема добрина; 26#1 Цар 18,4.13; 19,10.14; Ер 2,30; 26,20-23; 2 Лет 24,20-22и тие станаа непокорни и се креваа против Тебе, го презреа Твојот закон, ги убиваа Твоите пророци, кои сведочеа да се обратат кон Тебе, и премногу хулеа. 27#Суд 2,11-21И Ти затоа ги предаде во рацете на непријателите нивни, кои ги угнетуваа. Но секогаш кога, во тешко време за нив, ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слу­шаше од небесата и, по големото Свое милосрдие, им даваше спасители што ги спасуваа од рацете на непријателите нивни. 28А кога се успокојуваа, пак поч­нуваа да прават зло пред Твоето лице, и Ти ги предаваше во рацете на непријателите нивни, и тие владееја со нив. Но кога пак ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слу­шаше од небесата и, според големото Свое милосрдие, многупати ги спасуваше. 29#3 Мојс 18,5Ти им напомнуваше да се свртат кон Твојот закон, но тие беа тврдоглави и не ги слушаа Твоите запо­веди, се от­странуваа од Твоите зако­ни, преку кои би живеел човек, ако ги исполнуваше, го свиткаа грбот, се по­кажаа тврдокор­ни и не слушаа. 30#2 Цар 17,5-6; 23,31–25,21Чекајќи да се обратат, Ти ги трпе­ше многу години и им напомнуваше со Твојот Дух преку пророците Свои, но тие не слушаа. Тогаш ги предаде во рацете на туѓи народи. 31#2 Мојс 34,6Но, по големото Свое милосрдие, Ти не ги истреби докрај и не ги оставаше, бидејќи Ти си Бог добар и милос­тив. 32#5 Мојс 7,9И сега, Боже наш, Боже величес­твен, силен, страшен, Кој го пази заветот и милоста, нека не биде мало пред лицето Твое сето страдање што нѐ снај­де нас, царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши, татковците наши и сиот Твој народ од дните на асирските цареви до денес. 33#Езд 9,15Во сѐ што нѐ снајде, Ти си праведен, зашто Ти постапуваш според правдата, а ние сме виновни. 34#2 Цар 23,11; Ер 44,17Царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши и татковците наши не го извршуваа Твојот закон и не им посветуваа внимание на Твоите заповеди и Твоите удари, со кои ги потсетуваше. 35#5 Мојс 28,45-48; Ис 63,7И во своето царство, при Твојата голема добрина што им ја укажуваше, и во широката и плодородна земја што им ја оддели, тие не Ти служеа и не се одвратуваа од своите лоши дела. 36#Езд 9,9И, еве, сега сме робови; во таа земја што Ти им ја даде на татковците наши за да се хранат од плодовите нејзини и од благата нејзини, еве, сега ние ѝ робуваме. 37#5 Мојс 28,33И своите плодови таа изобилно ги принесува за царевите, на кои нѐ пот­чини заради гревовите наши. И тие по своја волја владеат над телата наши, и над добитокот наш, и ние сме во голема мака.“

Currently Selected:

Неемија 9: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in