YouVersion Logo
Search Icon

Неемија 10

10
Народот се обврзува да го чува законот
1 # Ис.Н. 24,26 Поради сето тоа даваме цврст завет за верност и потпишува­ме, и на потписот е печатот на кнезовите наши, левитите наши и свеш­тениците наши. 2На запечатениот документ беа имињата на: Неемија, управителот, син на Хахалија, и Седекија, 3Сераја, Азарија, Еремија, 4Пашхур, Амарија, Малкија, 5Хатуш, Шеванија, Малух, 6Харим, Мерамот, Авдија, 7Даниел, Гинетон, Варух, 8Мешулам, Авија, Мијамин, 9Маазија, Билгај, Шемаја: тоа се имињата на свештениците. 10А ова се имињата на левитите: Јешуа, син на Азанија, Бинуј, од сино­вите на Хенадад и Кадмиел; 11и браќата нивни: Шеванија, Ходи­ја, Келита, Пелаја, Ханан, 12Миха, Рехов, Хашавија, 13Закур, Шеревија, Шеванија, 14Ходија, Ваниј, Бенину. 15Народните старешини: Парош, Пахат-Моав, Елам, Зату, Ваниј, 16Буниј, Азгад, Бевај, 17Адонија, Бигвај, Адин, 18Атер, Езекија, Азур, 19Ходија, Хашум, Бецај, 20Хариф, Анатот, Невај, 21Магпијаш, Мешулам, Хезир, 22Мешезавел, Садок, Јадуа, 23Пелатија, Ханан, Анаја, 24Осија, Ананија, Хашув, 25Халохеш, Пилха, Шовек, 26Рехум, Хашавна, Маасеја, 27Ахија, Ханан, Анан, 28Малух, Харим, Баана. 29И другиот народ, свештеници, левити, вратари, пејачи, слуги на хра­мот и сите што беа минале од туѓите народи кон законот Божји, жените нивни, синовите нивни, ќерките нив­ни, сите што можеа да разберат, 30#Пс 119,106се присоединија кон браќата свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со заклетва и проклетство дека ќе поста­пуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мој­сеј, и дека ќе ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господ, нашиот Бог, и повелбите Негови, и наредбите Негови. 31#2 Мојс 34,16; Езд 9,1-2И да не ги даваат ќерките свои на туѓи народи, и нивните ќерки да не ги земаат за синовите свои; 32#13,15-22; 2 Мојс 20,8-11; 23,11; 3 Мојс 25,1-7; 5 Мојс 15,1; Ер 17,27; Ез 23,38; Амос 8,5и кога туѓите народи ќе донесат стока за продавање во сабота, да не купуваат од нив во сабота или во друг свет ден, и на седмата година да не се работи земјата и да се проштеваат се­какви долгови. 33И си поставивме за закон да дава­ме од себе по една третина од шекел го­дишно за потребите на домот на на­шиот Бог: 34#3 Мојс 24,6за лебовите на предложението, за редовниот лебен принос и за секојдневната сепаленица, за саботите, за ново­месечијата, за празниците, за свеште­ните предмети и за жртвите за грев за очистување на Израел, и за сѐ што се врши во домот на нашиот Бог. 35И фрливме ждрепка ние, свеште­ниците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во определено време, секоја година, да ги дотерува во домот на нашиот Бог за да горат врз жртвеникот на Господ, како што е запишано во законот. 36Се обврзавме уште да принесуваме секоја година во домот Господов првини од земјата своја и првини од плодот на секое дрво; 37#2 Мојс 13,1-2; 4 Мојс 18,14-16исто така – да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, прво­родените од крупниот и од ситниот добиток свој. 38#4 Мојс 15,18-21; 18,21-24И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и масло ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите кај домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја – на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десеток во сите градови, каде што имаме земјо­делство. 39#4 Мојс 18,26Со левитите, кога собираат левит­ски десеток, ќе има свештеник, по­томок Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на нашиот Бог, во просториите определени за клетови. 40#13,11-12Зашто во тие простории како Изра­еловите синови, така и левитите се должни да носат сѐ што се принесува како дар: жито, вино и масло. Таму се и свештените садови, и свештениците што служат, и врата­рите и пејачите. И ние нема да го оставиме домот на на­шиот Бог.

Currently Selected:

Неемија 10: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in