YouVersion Logo
Search Icon

Наум Вовед

Вовед
Во Книгата на пророкот Наум се искажува пророштвото за падот на Ниневија, главниот град на дотогаш моќното Асирско царство, лут непријател на Израел. Ниневија била разурната од Вавилонците, во 612 година пр. Христос. Наум најпрво навестува дека Господ ќе ја казни Ниневија, поради суровоста кон Израелците, но и другите околни народи. Падот на Ниневија претставува пример на Божјиот суд врз безмилосните и арогантни владетели. Покрај тоа што говори за Божјиот суд, Книгата на пророкот.
Наум зборува и за Божјата милост и добрина, но само кон оние што Го почитуваат Бога (1,7). Исто така, оваа книга упатува на еден од начините на кои Господ покажува милост кон Своите, уништување на угнетувачите и поробувачите, во овој случај – Асирците (1,13-15).
Оваа книга може условно да се подели на три дела:
Во првиот дел говори за власта на Господ над сите творби и над целиот свет (1,2-8).
Вториот дел кажува дека во конкретниот историски момент, Господ ќе ја искаже Својата моќ со тоа што ќе ја уништи суровата Асирија и ќе го ослободи угнетениот Божји народ (1,9–2,3).
Третиот дел е прослава по повод падот на Ниневија (2,4–3,19).

Currently Selected:

Наум Вовед: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in