YouVersion Logo
Search Icon

Наум 1

1
Лутиот Божји гнев
1Пророштво за Ниневија; книга за видението на Наум од Елкош. 2#2 Мојс 20,5-6; 5 Мојс 4,24; Ис 59,18Господ е Бог љубоморен и одмаздник, Господ е страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријате­лите Свои; не ги поштедува ни против­ниците Свои. 3#2 Мојс 34,6-7; Ер 4,13; Пс 50,3; Јов 40,1Господ е бавен на гнев, а силен во моќта, така што не го остава винов­никот без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав под но­зете Негови. 4#Ис 33,9; 50,2; Амос 1,2; Пс 106,9Ќе му се закани на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Башан и Кармил, и свенува цветот на Ливан. 5#Ер 4,24; Пс 18,7Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и сѐ што живее во неа. 6#Јоил 2,11; Мал 3,2; Откр 6,17Кој може да устои против гневот Негов? И кој може да го издржи пламенот од Неговата јарост? Гневот Не­гов се излива како оган; карпи се рас­паѓаат пред Него.
Моќта на Асирија ќе биде скршена
7 # Ер 33,11; Пс 46,1 Добар е Господ; Тој е прибежиште во ден на неволја. Тој ги заштитува оние, кои прибегнуваат кај Него, 8#1 Мојс 6,7; 8,1; Ис 30,28дури и при силни води. Тој ќе ги докрајчи Своите непријатели, ќе ги прогони Своите душмани до најцрната темнина. 9#1 Сам 2,6; Ос 7,15; 1 Кор 1,19Што сте намислиле против Господ? Тој ќе стави крај на сѐ, ниеден противник нема повторно да се крене. 10Зашто, како плот од трње и како од вино пијани, тие ќе бидат наполно проголтани, како сува слама. 11#5 Мојс 13,14; 2 Цар 19,4.16; Пс 18,4Од тебе произлезе оној, што смислува зло против Господ, и подготвува нечесен заговор. 12#2 Цар 19,35-36Вака вели Господ: „Макар што се силни и многубројни, тие ќе бидат исклани и ќе исчезнат; а тебе, иако те казнував, нема веќе да те казнувам. 13#Ис 9,3; Ер 30,8; Ез 34,27И сега ќе го скршам јаремот што те стега и ќе ги раскинам оковите твои.“ 14#Ис 14,19-21; Ер 8,1-2А за тебе, Ниневијо, Господ нареди: нема да продолжи родот твој; од домот на твојот бог ќе ги истребам идолите резани и лиени; во него ќе ти направам гроб зашто си безвредна.

Currently Selected:

Наум 1: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in