YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 14

14
Смртта на Јован Крстител
(Мк 6,14-29; Лк 3,19-20; 9,7-9)
1 # 16,14; Лк 3,1.19; 23,6-12.15 Во тоа време гласот за Исус дојде и до Ирод четворовласни­кот#14,1 Во оригиналниот текст стои тетрарх, т.е. владетел над четирите области., 2кој им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал, па затоа и стануваат чуда преку него!“ 3#3 Мојс 18,16; 20,21#Лк 3,19-20Зашто Ирод, кога го фати Јован, го врза и го фрли во затвор заради Иро­ди­јада, жената на брат му Филип; 4бидејќи Јован му велеше: „Не до­ли­кува да биде твоја!“ 5#21,26; Лк 1,76И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто го сметаа за пророк. 6А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод; 7затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара. 8И таа, подучена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јо­ван Крстител!“ 9И се загрижи царот; но, заради заклетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат. 10Па прати, та ја отсекоа главата на Јован во затворот. 11И ја донесоа главата негова на чи­нија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си. 12#Дела 8,2Учениците, пак, негови, дојдоа, го земаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и му јавија на Исус.
Исус нахранува над пет илјади луѓе
(Мк 6,30-44; Лк 9,10-17; Јн 6,1-14)
13Штом го чу тоа Исус, замина оттаму со кораб во пусто место, Сам а на­ро­дот, штом дозна за тоа, тргна по Него пеш од градовите. 14#9,36; 15,32И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни. 15А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Мес­тово е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“ 16#2 Цар 4,42-44Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“ 17#15,34-38А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет леба и две риби.“ 18Тој им рече: „Донесете Ми ги ту­ка!“ 19#26,26; Мк 6,41; Јн 11,41; 17,1И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот. 20#2 Мојс 16,4.12; Пс 78,29И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. 21А оние што јадеа беа околу пет ил­ја­ди мажи, покрај жените и децата.
Исус оди по површината на водата
(Мк 6,45-52; Јн 6,15-21)
22И веднаш ги повика Исус уче­ни­ци­те Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, додека Тој да го распушти народот. 23#Мк 1,35; Јн 6,15Па штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам. 24А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот ду­ваше спротивно. 25#Јов 9,8Но на четвртата стража#14,25 Меѓу 3 и 6 часот наутро. преку ноќта, дојде Исус кај нив, одејќи по мо­рето. 26#Лк 24,37А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв извикаа. 27Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“ 28А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“ 29И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди кај Исус; 30но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и извика: „Гос­поди, спаси ме!“ 31#6,30; 8,26Исус веднаш му подаде рака, го фа­ти и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?“ 32#Мк 4,39И кога влегоа во коработ, ветрот престана. 33#8,29; Дела 8,37; Рим 1,4; Евр 4,14А оние што беа во коработ Му пристапија, Му се поклонија и рекоа: „Навистина, Ти си Синот Божји!“
Исус исцелува во генисаретскиот крај
(Мк 6,53-56)
34Па откако преминаа, дојдоа во земјата генисаретска. 35Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и ги донесоа кај Него сите болни. 36#9,20-22; Лк 6,19И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие што се допреа, се излекуваа.

Currently Selected:

Матеј 14: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in