YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 13

13
Параболи за Божјото царство
(Мк 4,1; Лк 8,4)
1Излегувајќи тој ден од куќата, Исус седна покрај морето. 2#Лк 5,1-3И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот.
Парабола за сејачот
(Мк 4,2-9; Лк 8,5-8)
3 # Мк 4,2-3 И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее; 4и кога сееше, едни зрна паднаа по­крај патот; долетаа птици и ги искол­ваа. 5Други паднаа на каменито место, ка­де што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше дла­бока. 6#Јк 1,11Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се ису­ши­ја. 7Некои паднаа во трње и израсна тр­њето и ги задуши. 8#Јн 15,8.16Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет. 9Кој има уши да слуша, нека чуе.“
Целта на параболите
(Мк 4,10-12; Лк 8,9-10)
10И кога се приближија до Него уче­ниците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во парабола?“ 11#1 Кор 2,10; Ефес 3,3-4А Тој им одговори и рече: „Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. 12#25,29; Мк 4,25; Лк 8,18; 19,26Кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има. 13#Ер 5,21; Лк 8,10Затоа им зборувам во параболи, за­што гледаат и не видат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбира­ат; 14#Ис 6,9-10; Мк 4,12; Дела 28,26-27и над нив се исполнува про­рош­твото на Исаија, кој вели: ‚Со уши ќе чу­ете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите; 15#Јн 12,40срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не можат никогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се покајат и да ги исцелам.‘ 16#Лк 10,23Вашите, пак, очи се блажени, би­деј­ќи гледаат и ушите ваши – бидејќи слу­шаат; 17#Лк 10,24; Јн 8,56; Ефес 3,5; 1 Птр 1,10-12зашто вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.“
Објаснување на параболата за сејачот
(Мк 4,13-20; Лк 8,11-15)
18„Вие, пак, чујте ја параболата за се­јачот. 19Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лу­ка­виот и го граба посеаното во срцето не­гово; ете, тоа означува посеаното по­крај патот. 20#Дела 17,11; 1 Сол 1,6А посеаното на камен е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима; 21но нема во себе корен и е непостојан: дојдат ли неволји или гонење заради словото, веднаш отстапува. 22#6,24; Мк 4,19; 1 Тим 6,6-9Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го за­ду­шуваат словото и тоа останува без род. 23#Јн 15,8.16; Гал 5,22А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и дава плод: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“
Парабола за каколот
24 # Мк 4,26 И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива. 25Но, додека спиеја луѓето, дојде не­говиот непријател и посеја меѓу житото какол, па си отиде. 26А кога израсна растението и донесе плод, тогаш се појави и каколот. 27И кога дојдоа слугите на стопанот, му рекоа: ‚Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа?‘ 28А тој им рече: ‚Непријателот го на­прави тоа!‘ Слугите, пак, му рекоа: ‚Са­каш ли да одиме и да го исплевиме?‘ 29Но тој им рече: ‚Не, да не би, кор­нејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито; 30#3,12; Јн 15,6оставете нека расте и едното и другото, до жетвата; а по жетвата ќе им кажам на жетварите: соберете го најна­пред каколот и врзете го во снопови, за да се изгори; а, житото приберете го во мојата житница.‘“
Парабола за синаповото зрно
(Мк 4,30-32; Лк 13,18-19)
31 # 17,20; Лк 17,6 И друга парабола им кажа, кога ре­че: „Царството небесно прилега на си­напово зрно, кое човек го зел и го по­се­ал на нивата своја. 32#Ез 17,23; 31,6; Пс 104,12; Дан 4,9.18Тоа е најмало од сите семиња, но кога ќе израсне, поголемо е од сите гр­мушки, па станува дури и дрво, така што птиците небески долетуваат и застануваат на неговите гранки.“
Парабола за квасецот
(Лк 13,20-21)
33 # Лк 13,21; 1 Кор 5,6; Гал 5,9 И друга парабола им кажа: „Цар­ството небесно прилега на квасец, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.“
Зошто Исус зборува во параболи
(Мк 4,33-34)
34Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо; 35#Пс 78,2за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: „Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот.“
Значењето на параболата за каколот
36 # 15,15; Мк 4,10; 7,17 Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците се приближија до Него и Му рекоа: „Про­тол­кувај ни ја параболата за каколот на нивата!“ 37#1 Кор 3,9#8,20А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки. 38#1 Јн 3,10Нивата е овој свет; доброто семе – тоа се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот. 39#3,12; Јоил 4,13; Откр 14,15-16Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите. 40#3,10; Мк 13,27; Јн 15,6И така, како што се собира плевата и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет. 41#Соф 1,3; Откр 21,8Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите при­чи­ни­те­ли на гревот од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела, 42#8,12; Дан 3,6; Откр 20,15и ќе ги фрлат во вжарена печка; та­му ќе има плач и крцкање со заби. 43#11,15; Суд 5,31; Дан 12,3Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Парабола за скриеното богатство
44 # 19,21; Изреки 4,7 „Царството небесно прилега уште и на богатство сокриено во нива, кое го нашол човек и прикрил, па, од радост за него, отишол и продал сѐ што имал, и ја купил таа нива.“
Парабола за бисерот
45„Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери; 46па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.“
Парабола за мрежата
47„Царството небесно прилега, исто така, и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби; 48и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите риби ги собираат во садови, а лошите ги фр­лаат. 49#13,40-41; 25,32Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги од­делат лошите од праведните, 50#13,42и ќе ги фрлат во вжарена печка: та­му ќе има плач и крцкање со заби.“
Заклучок
51 # 15,10 И ги праша Исус: „Дали го раз­брав­те сето ова?“ Тие Му одговорија: „Да, Господи!“ 52#5,17А Тој им рече: „Затоа секој книж­ник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од своето сокровиште ново и старо.“
Исус се враќа во Назарет
(Мк 6,1-6; Лк 4,16-30)
53И, откако ги кажа Исус овие па­ра­боли, си замина оттаму. 54#2,23; Лк 4,16; Јн 7,15А штом дојде во Својот роден крај, го поучуваше народот во синагогите нивни. И сите се чудеа и велеа: „Од ка­де кај Него ваква мудрост и моќ? 55#12,46; 27,56; Лк 3,23; Јн 1,45; 6,42Нели е Овој син на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, и бра­ќа­та Негови – Јаков и Јосија, Симон и Ју­да? 56И сестрите Негови не се ли сите ме­ѓу нас? Од каде, пак, сето тоа кај Не­го?“ 57#16,14; Јн 4,44И се соблазнија заради Него. А Ис­ус им рече: „Нема пророк без чест, ос­вен во земјата негова и во домот негов.“ 58#8,10; 17,19И не направи таму многу чуда поради нивното неверие.

Currently Selected:

Матеј 13: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in