YouVersion Logo
Search Icon

Исус Навин 6

6
1А Ерихон беше утврден и затворен поради страв од синовите Израе­лови; никој не излегуваше и не влегуваше во него.
Израелците се упатуваат во Ерихон
2Тогаш му рече Господ на Исус: „Еве, Јас го предавам Ерихон во твои раце и царот негов и силните луѓе; 3обиколувајте го градот сите вие, способни за војна, по еднаш, и така пра­вете шест дена; 4#Откр 8,2и седум свештеници нека носат пред ковчегот седум труби од рогови; а седмиот ден обиколете го градот седум­пати и свештениците нека трубат со трубите од рогови. 5#6,20; Ис 42,13И кога трубите од рог ќе затрубат силно, веднаш штом ќе го чуете звукот од трубите, целиот народ нека вос­кликне, и градските ѕидишта ќе паднат сами до основата своја пред оние што викаат; и тогаш целиот народ да навлезе секој од своето место.“ 6Тогаш дојде Исус, синот Навинов, кај свештениците и им рече: „Земете го ковчегот на заветот Господов и седум свештеници нека носат седум рогови труби пред ковчегот Господов!“ 7И им рече, велејќи: „Заповедајте му на народот да го обиколат и да го опкружат градот; а вооружените нека одат пред ковчегот Господов.“ 8Штом Исус му го кажа тоа на народот, рече и седумте свештеници, што ги имаа седумте свештени труби, да појдат и да затрубат со трубите, и ковчегот на заветот Господов да оди по нив. 9Вооружените, пак, одеа пред свеш­тениците, кои трубеа со трубите; и оние што одеа по нив, по ковчегот, трубеа со трубите. 10На народот, пак, Исус му заповеда и рече: „Не викајте и да не се чуе глас од вас, и да не излегува збор од устата ваша до оној ден, додека не ви запо­ведам: викајте! – и тогаш ќе викнете.“ 11Така ковчегот Господов тргна око­лу градот и еднаш го обиколи; и дојдоа во логорот и ноќеваа во него. 12Исус стана утрината рано, и свеш­тениците го понесоа ковчегот Господов; 13и седумте свештеници, што ги носеа седумте труби пред ковчегот Господов, одеа и трубеа со трубите; вооружените, пак, одеа пред нив, а другите одеа по ковчегот Господов и свештениците за­тру­бија со роговите труби. 14И вториот ден го обиколија градот еднаш и се вратија во логорот. Така правеа шест дена. 15На седмиот ден станаа рано и го обиколија градот седумпати; само тој ден го обиколија градот седумпати. 16И при седмото заобиколување све­ш­тениците затрубија во трубите. Тогаш Исус му рече на народот: „Викајте, бидејќи Господ ви го предаде градот! 17#3 Мојс 27,28-29; 5 Мојс 20,16-17; Ис 34,2И градот, со сѐ што е во него да падне во проклетство, во името Госпо­дово; само блудницата Раав поштедете ја, неа и секој што е во домот нејзин; зашто таа ги сокри извидниците што ги пративме. 18#7,12.25-26Но и вие чувајте се од проколнатото, за да не паднете и самите во про­клетство, ако земете нешто од проколнатото, и со тоа на логорот и на си­новите Израелови да им донесете про­клетство, и нас да нѐ истребите. 19#4 Мојс 31,54Златото, пак, среброто и бакарот и железото се за Господ и да се внесат во ризницата Господова!“ 20#Евр 11,30И затрубија свештениците со трубите. Штом го чу народот гласот на трубите, сите извикаа со висок глас, и сите ѕидишта паднаа, и целиот народ влезе во градот, секој од своето место, и го презедоа градот. 21#Суд 1,25И фрли во проклетство Исус сѐ што беше во градот, – мажите и жените, младите и старите, овците и магарињата; сѐ се истреби со меч. 22#2,1-21А на двете момчиња што ја извидуваа тајно земјата, Исус им рече: „Вле­зете во домот на жената блудница и изведете ја оттаму неа и сите што се кај неа, бидејќи вие ѝ се заколнавте.“
Исус ѝ го поштедува животот на Раав
23 # 2,13 Тогаш влегоа момчињата, што го разгледуваа градот во домот на жената и ја изведоа блудницата Раав и таткото нејзин, мајката нејзина, браќата нејзини и сите нејзини роднини и сите што беа кај неа, ги изведоа и ги ставија надвор од логорот на Израел. 24#4 Мојс 31,10.54; 5 Мојс 13,16-17А градот и сѐ што беше во него, го изгореа со оган; само среброто и златото, бакарот и железото ги предадоа за да се внесат во ризницата Господова. 25Блудницата, пак, Раав и целото семејство на нејзиниот татко, Исус ги остави живи, и таа живее меѓу синовите Израелови до денес, зашто ги сокри извидниците што ги испрати Исус за да го разгледаат Ерихон. 26#1 Цар 16,34Во тој ден Исус проколна и рече: „Проклет да биде пред Господ оној што ќе го издигне и изгради овој град Ери­хон; врз првородениот син свој тој ќе ги положи основите негови и врз најмалиот син свој ќе ги постави портите негови!“ 27И Господ беше со Исус, и славата Негова се рашири по целата земја.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in