Исус Навин 5
5
1 #
2,11
Кога аморејските цареви, што живееја од онаа страна#5,1 на запад од. на Јордан кон запад, и хананејските цареви, што се крај морето, чуја дека Господ ги исушил водите на Јордан пред синовите Израелови, додека тие преминувале, им се запреа мислите, и душа веќе не остана во нив поради синовите Израелови.
Обрезување на Израелците во Гилгал
2 #
1 Мојс 17,10.23; 2 Мојс 4,25 Во тоа време Господ му рече на Исус: „Направи си ножеви од остар камен и обрезај ја новата генерација на Израел!“ 3Тогаш Исус направи остри ножеви од камен, и ги обреза синовите Израелови во местото наречено Гиват Аралот#5,3 Рид на обрезанието.. 4#5 Мојс 2,14; Евр 3,17И така ги обреза Исус, зашто сиот народ од машки пол што беше излегол од Египет, сите способни за војна изумреа во пустината по патот, откако беа излегле од Египет; 5и така сите излезени беа обрезани, а сите, што се родија во пустината по патот, по излегувањето од Египет, не беа обрезани; 6#2 Мојс 3,8; 4 Мојс 14,20-34; 5 Мојс 2,14; Дела 7,36зашто синовите Израелови четириесет години лутаа по пустината; додека изумреа сите способни за војна, што беа излегле од Египет. Тие што не го послушаа гласот Господов и на кои Господ им се заколна дека нема да ја видат земјата, што Господ со заклетва беше им ја ветил на татковците нивни, односно дека нам ќе ни ја даде земјата, каде што тече мед и млеко, 7а наместо нив ги подигна нивните синови. Нив ги обреза Исус, зашто тие не беа обрезани; бидејќи беа родени во текот на патувањето. 8Сиот народ, откако беше обрезан, си остана на местото во логорот, додека не оздрави. 9Тогаш Господ му рече на Исус: „Сега Јас го симнав#5,9 На еврејски стркалав. од вас египетскиот срам!“ И тоа место се нарекува дури и до ден-денес „Гилгал“#5,9 На еврејски стркалување..
Прва Пасха во Ханан
10 #
2 Мојс 12,1-14
И се задржаа синовите Израелови во логорот во Гилгал и вечерта на четиринаесеттиот ден од месецот направија Пасха во рамнините Ерихонски; 11#3 Мојс 23,14и на вториот ден по Пасха почнаа да јадат од пченицата на таа земја – бесквасни лебови и печени зрна во истиот тој ден; 12и маната#5,12 Види 2 Мојс 16,4. престана да паѓа во тој ден, откако почнаа да јадат од житото на таа земја; и веќе немаше мана кај синовите Израелови: во таа година тие јадеа од плодовите на хананската земја.
Заповедникот на Божјата војска
13 #
4 Мојс 22,23.31; 1 Лет 21,16 Кога Исус се наоѓаше близу до Ерихон, погледна и виде, и ете, пред него стои човек, со изваден меч во раката. Исус се приближи до него и му рече: „Наш ли си, или си од нашите непријатели?“ 14Тој му одговори: „Не; јас сум водачот на војската Господова, сега дојдов овде.“ Исус падна ничкум на земја, се поклони и му рече: „Што ќе му заповедаш на својот слуга?“ 15#2 Мојс 3,5; Дела 7,33Водачот на војската Господова му рече на Исус: „Собуј ги обувките од нозете свои, бидејќи местото, на кое стоиш, е свето.“ Исус така и направи.
Currently Selected:
Исус Навин 5: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006