YouVersion Logo
Search Icon

Јоил 2

2
Скакулци и непријателски војски
1 # 1,15; Ер 4,5; Амос 5,18 Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека трепе­рат сите жители земни, зашто доаѓа денот Господов, близу е 2#1,6; Соф 1,15; Јн 8,12денот на темнина и мрак, денот об­лачен и црн: како зората се шири по горите многуброен народ и силен каков што немало од векот и каков што не ќе има потоа од род во род. 3#1,19; 1 Мојс 2,8; Ез 36,35; Ис 51,3Пред него оган ќе голта, а зад него пламен ќе пали; пред него е земјата како Едемска градина, а зад него земјата ќе биде опустошена како пустина, и за никого нема да има спас. 4#Откр 9,7Изгледаат како коњи, галопираат како коњаници, 5#Ис 5,24; Откр 9,9скокаат преку горските врвови како со тропот од коли, како шум од огнен пламен, кој гори слама – како силен народ построен за борба. 6#Ис 13,8; Наум 2,11Штом ќе се појави, ќе затреперат народите; лицата на сите ќе им побледат. 7Како борци ќе трчаат и како храбри борци ќе се искачуваат по карпите, и секој ќе си оди по својот пат и нема да отстапува од патот свој. 8#Изреки 30,27И нема да се притискаат еден со друг, туку секој се држи до својот пат; незапирливо се пробиваат меѓу стрелите. 9#Ер 9,20Ќе навалат на градот, ќе се иска­чуваат по ѕидовите, ќе влегуваат во ку­ќите, ќе влегуваат и низ прозорците ка­ко крадци. 10#4,15-16; Ис 13,10; Лк 21,25Пред нив ќе се потресе земјата, ќе се расклати небото, сонцето и месе­чината ќе потемнат, а и ѕвездите ќе ја изгубат светлината своја. 11#3,4; Наум 1,6; Соф 1,14; Мал 3,2.23; Откр 6,17И Господ ќе го пушти гласот Свој пред Својата војска, зашто силата воинствена Негова е многу голема, и многу­бројни се оние што ќе ја извршуваат волјата Негова; зашто голем е денот Господов и многу е страшен, и кој ќе истрпи?
Позив од Господ
12 # 5 Мојс 4,29-30; Ос 14,2 Но и уште сега вели Господ: вра­тете се кај Мене од сѐ срце со пост, плач и ридание. 13#2 Мојс 34,6-7; Ис 58,5-7; Амос 5,21Раскинете ги срцата свои, а не обле­ката и вратете се кај Господ вашиот Бог: зашто Тој е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува кога казнува. 14#Амос 5,14; Јона 3,9Кој знае дали нема да се смили и дали ќе остави благослов: лебен принос и прелив за Господ, вашиот Бог? 15#1,14; 2,1Затрубете со труба на Сион, наредете пост и објавете свечен собир. 16#5 Мојс 24,5Соберете го народот, свикајте со­бир, поканете ги и старешините, собе­рете ги децата и доенчињата; нека изле­зе младоженецот од свадбената соба и невестата од својата одаја. 17#2 Мојс 32,11-12; Ер 14,21; Мих 7,10; Мал 2,17; Пс 42,3.10; 79,10Меѓу тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господ и нека молат: „Смилувај се, Гос­поди, над народот Свој, не предавај го наследството Свое на срам, та да не се подигруваат со него народите! Зошто меѓу нив да се зборува – каде е нивниот Бог?“
Господ ќе ја благослови земјата
18 # 5 Мојс 4,24; Зах 1,14; 8,2 Тогаш Господ стана љубоморен за земјата Своја, па му се смилува и на народот Свој. 19#5 Мојс 11,14Тогаш одговори Господ и му рече на народот Свој: „Еве, Јас ќе ви пратам леб, вино и масло, и ќе се наситите со тоа, и нема повеќе да ве предавам на срам пред народите. 20#Ис 34,3; Амос 4,10И непријателот од север ќе го мавнам и ќе го протерам во безводна и пуста земја – претходницата – во источ­ното море, а позадината – во западното море, и ќе се почувствува неговиот гни­леж, и ќе се почувствува смрдеа, зашто тој беше направил големо зло. 21#Пс 126,3Не бој се, земјо; радувај се и весели се, зашто Господ изврши големи дела. 22Не плашете се ѕверови полски, зашто пасиштата на пустината ќе се наполнат со трева, дрвјата ќе го дадат својот плод, смоквата и лозјата ќе дадат изобилен род. 23#5 Мојс 11,14; Пс 32,11А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господ, вашиот Бог; зашто Тој ви дава умерен дожд, па ќе ви праќа дожд – пролетен дожд и есенски дожд, како и порано. 24И ќе се наполнат гумната со жито и ќе се преполнат бочвите со гроздов сок и со масло.
Господ ќе го избави Својот народ
25 # 1,4 И ќе ви надоместам за оние години, кога испојадоа сѐ скакулците, црвите, бумбарите и гасениците – Мојата голема војска што ја пратив против вас. 26Во изобилство ќе јадете и ќе се на­ситувате и ќе го славите името на Гос­под, вашиот Бог, Кој со вас постапи на чудесен начин, така што Мојот народ нема да се посрами довека. 27#Ис 42,8; 44,6; Соф 3,15И ќе познаете дека Јас сум среде Израел и дека Јас сум Господ, вашиот Бог, и дека нема друг, и Мојот народ не­ма да се посрами довека.“

Currently Selected:

Јоил 2: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in