Јоил 1
1
Знаци на денот Господов: скакулци по земјата
1Слово Господово упатено до Јоил, синот Петуелов. 2#Пс 49,1Чујте го ова, старци, и внимавајте сите жители на оваа земја: се случувало ли ова во вашите денови или во деновите на вашите татковци? 3#Пс 78,6Раскажувајте за него на децата ваши; а децата ваши нека им раскажуваат на нивните деца, и нивните деца – на следниот род; 4#5 Мојс 28,38.42; 1 Цар 8,37; Амос 4,9; 7,1; Мал 3,11; Пс; 105,34-35сѐ што остана од гасениците, го изедоа скакулците; а што остана од скакулците, го изедоа црвите; и што остана од црвите, го изедоа бумбарите. 5#5 Мојс 28,39; Ис 5,11; 32,10Разбудете се пијаници, плачете и ридајте, вие сите што пиете вино, за сокот гроздов, зашто е одземен од устата ваша. 6#2,2; Ер 46,23; Откр 9,8Зашто против земјата моја дојде народ силен и безброен; забите му се како заби на лав, а челустите како челуст на лавица. 7#Ис 5,1; Мих 4,4; Наум 2,3; Пс 80,8Тој ми ја опустоши лозата, и смоквата ми ја откорна, ја излупи до голо и ја фрли; гранките ѝ побелеа. 8#Ер 3,4; Амос 8,10; Јона 3,6.8Плачи како што плаче девица, опашана со вреќиште, за свршеникот од својата младост. 9#2,17Се прекрати лебниот принос и преливот за него во домот Господов; плачат и свештениците, служителите Господови. 10#Ер 4,28; Ос 4,3Опустошено е полето, тагува земјата, зашто е уништено житото; се исуши гроздовиот сок, пресуши маслиновото масло. 11Црвенете се од срам, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јачменот, зашто пропадна жетвата по нивите, 12#Ис 16,10; 24,7; Ер 25,10; 48,33; Амос 4,7-9лозата се исуши, смоквата свена, нарот, палмата и јаболкницата – сите дрвја по полето се исушија; поради тоа и веселбата меѓу луѓето исчезна.
Вратете се кај Господ
13 #
1,8; 2,17 Препашете се со вреќиште, свештеници, и плачете; ридајте, служители на светилиштето. Влезете и ноќевајте, служители на мојот Бог, во вреќиште, зашто во домот на вашиот Бог нема веќе лебен принос и прелив. 14#2,15-16Наредете свет пост, објавете свечен собир, повикајте ги старешините и сите жители од тој крај во домот на Господ, вашиот Бог – викајте кон Господ. 15#Ис 13,6; Ез 30,2-3; Соф; 1,7.14-15Страшен ден! Зашто денот Господов е близу; и ќе дојде како запустување од Сесилниот. 16#Ер 48,33; Пс 14,7Зар пред очите наши не се одзеде храната, и од домот на нашиот Бог – веселбата и радоста? 17Изгниени се зрната под сувите грутки, запустени се житниците, урнати се амбарите, зашто нема веќе жито. 18#Ос 4,3; Јона 3,7Ете, стенка добитокот, скитаат стадата волови, зашто нема за нив пасиште; се измачуваат и стадата овци. 19#1,14Кон Тебе, Господи, викам, зашто оган ги проголта пасиштата во пустината, и пламен ги подгори дрвјата во полето. 20#Пс 42,1; 104,21Дури и животните во полето викаат кон Тебе, зашто секна водата по потоците, и оган ги изгоре пасиштата во пустината.
Currently Selected:
Јоил 1: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006