YouVersion Logo
Search Icon

Јов 8

8
Говор на Вилдад: за гревовите се одговара – порано или подоцна
1Тогаш одговори Вилдад од Шуах и рече: 2„До кога ќе говориш така? И збо­ровите од устата твоја се бурен ветар! 3#5 Мојс 32,4; 34,10-12Зар Бог суди криво? Може ли Седржителот да ја изопачи правдата? 4#1,19Ако твоите синови пред Него згре­шиле, затоа и ги предал на нивното беззаконие. 5#11,13Но ако Го побараш Бога и Му се помолиш на Седржителот, 6и ако си чист и праведен, тогаш Тој ќе бдее над тебе и ќе те врати во твојата праведност. 7#9,28-29И ако порано си имал малку, после ќе имаш повеќе. 8#12,12; 14,2; 15,18; 5 Мојс 4,32Запрашај ги поранешните поколе­нија и вникни во мудроста на нивните предци; 9ние сме вчерашни и ништо не знае­ме, нашите дни се како сенка на земјата. 10Зар тие нема да те научат, зар тие нема од срцето свое да кажуваат збо­рови: 11#15,30.33никнува ли трска без влага? Расте ли шамак без вода? 12Додека е сѐ уште зелен и нео­косен, тој се суши пред секоја трева. 13#Пс 9,17; Изреки 10,28Такви се патиштата на сите, кои Го забораваат Бога; така пропаѓа надежта на безбожникот; 14#27,18; Ис 59,5; Мт 7,26-27надежта му е тенка нишка, вербата негова – мрежа пајакова. 15Ако се потпре на куќата своја, нема да издржи; ќе се фати ли за неа, нема да додржи. 16Се зеленее тој, на сонцето вирее, неговите фиданки градината ја пре­к­риваат, 17во грамада од камења се вплетуваат корењата негови, живот црпи од живиот камен. 18Но кога ќе го искорнат од местото негово, тоа ќе се откаже од него: не сум те видело! 19Ете ја радоста на неговиот пат! А од земјата никнуваат растенија други. 20#9,23-24Не, Бог не ги отфрла непо­рочните и не ја поддржува раката на беззакониците. 21Со смеа ќе ја наполни устата твоја, и усните твои – со радосни извици. 22#Пс 6,10; 35,26; Изреки 14,11Оние што те мразат, со срам ќе се покријат, живеалиштето на нечес­ните ќе исчезне.“

Currently Selected:

Јов 8: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in