YouVersion Logo
Search Icon

Јов 7

7
Одговор на Јов (продолжение): тој Му се жали на Бога
1 # 14,14 „Нели е ограничен земниот жи­вот за човекот? Дните негови нели се како дни на наемник? 2#5 Мојс 24,15; Проп 2,23; Мт 20,8Како што робот копнее за сенка, и како што наемникот го чека крајот на работата своја, 3така и јас добив наследство месеци на небиднина; тажните ноќи ми се изброени. 4#5 Мојс 28,67Легнувајќи, си мислам: кога ли ќе станам? А ноќта е бескрајна и несоница ме измачува од вечерта до утрото. 5#19,20Телото ми е покриено со црви и праш­ливи наслаги; кожата ми се распукнува и гнои; 6#9,25; Ис 38,12деновите мои летаат побрзо од совалка и исчезнуваат без надеж. 7#7,16; 10,20; 14,1; Пс 78,39; 89,48Спомни Си дека животот мој е ветар, дека окото мое нема веќе добро да види. 8Нема да ме види окото на оној што ме видел; Твоите очи се на мене, а мене ме нема, 9#Проп 1,2; Јк 4,14како кога облак се проретчува и исчезнува, така слезениот во гроб нема да излезе; 10#10,21; 14,12; 16,22нема повеќе да се врати во куќата своја; ни местото негово нема веќе да го познае. 11#8,18; 9,35; 10,1Затоа нема да ја воздржувам устата своја; ќе говорам иако сум тажен во ду­хот свој, ќе се поплакувам во горчината на душата своја. 12#9,8; 38,8.11Зар сум море или морско чудо­виште, та си поставил стража над мене? 13Кога ќе си помислам: ‚Моето легло ќе ме утеши; мојата постела ќе ја однесе тагата моја.‘ 14Ти ме плашиш со соништа и со привиденија ме ужаснуваш! 15#6,9Затоа душата моја сака повеќе да се прекине дишењето, подобро смрт; смртта ми е помила од моите маки. 16#Пс 39,5Ми омрзна животот! Нема вечно да живеам. Оддалечи се од мене, дните мои се само суета. 17#Пс 8,4; 144,3Што е човекот, та толку си го издигнал? И такво внимание му обрнуваш? 18#Пс 73,14; 139Зошто го посетуваш секое утро? Зошто го искушуваш секој миг? 19#9,18; 10,20Кога ќе ме оставиш? Кога ќе си одиш од мене? Кога ќе ми дозволиш плунката своја да ја голтнам? 20#6,4; 14,6; 16,13; 35,3Ако сум згрешил, што сум на­правил, о чувару над луѓето? Зошто ме избра за Своја мета, па да сум Ти на товар? 21#10,14Зар престапот мој не можеш да го однесеш? Зар не можеш да ми го простиш беззаконието мое? Зашто, ете, уште малку и во прав ќе легнам; утре ќе ме побараш, а нема да ме има.“

Currently Selected:

Јов 7: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in