YouVersion Logo
Search Icon

Јов 6

6
Одговор на Јов: тој им се жали на своите пријатели
1Одговори Јов и рече: 2„О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го беа ставиле на терезија страдањето мое! 3Тие навистина би биле потешки од морскиот песок! Затоа зборовите ми се жестоки. 4#7,20; 9,34; 16,13; 30,15; Пс 38,2; 88,16-18Стрелите на Седржителот се во моето тело; духот мој нивниот отров го пие; ужасите Божји се управија против мене. 5#39,5-8Рика ли диво магаре при трева? Мука ли бик над крмата своја? 6#6,30Се јаде ли блуткавото без сол и има ли вкус белката од јајцето? 7До она до кое душата моја не сакаше да се допре, тоа ми е сега храна во болеста. 8#7,15; 4 Мојс 11,15; 1 Цар 19,4; Јона 4,3О, да се беше збиднала желбата моја, и Бог да го исполнеше очекувањето мое! 9О, да сакаше Бог да ме сотре, да ме удреше со раката Своја и да ме уништеше! 10#5 Мојс 6,7; Пс 78,5-6Тоа би ми била вистинска утеха, иако горам од мојата безмилосна болест, бидејќи не се откажав од зборовите на Светиот. 11Колку ми е силата, та да се надевам на себе самиот? И каков е крајот, та да го продолжувам животот мој? 12#14,18Тврда како камен ли е силата моја? И од бакар ли е телото мое? 13Има ли во мене помош за мене, има ли за мене некоја поткрепа? 14#29,12-13; 31,16-20; Изреки 30,9Кој одбива милост кон ближниот свој, ако тој не престанал да се бои од Севишниот Бог? 15#Ер 15,18Како поток ме напуштија браќата мои, како бујни потоци коритото свое. 16#37,10Како снег и мраз што се топат од топлина и не се познава што имало. 17Во сушно време тие намалуваат, а во време на жеги исчезнуваат од местата свои. 18Ја менуваат насоката на патиш­тата свои, навлегуваат во пустина и се губат; 19погледнуваат кон нив карваните темајски, им се надеваат патниците од Сева, 20#Ер 14,3но остануваат измамени во својата надеж: одат таму и црвенеат од срам. 21Такви сте и вие сега кон мене: видовте стравотија и се исплашивте. 22#Ер 15,10Ви реков ли: дајте ми, или подајте ми нешто од вашиот вишок; 23избавете ме од раката душманска, откупете ме од раката на мачите­лите? 24#10,2; 13,23Научете ме, и јас ќе замолчам; покажете ми во што сум згрешил. 25Колку се силни искрените збо­рови! Но што кажуваат вашите прекори? 26#35,13Мислите ли зборовите мои да ги изобличите? Во ветар ги фрлате зборо­вите ваши! 27Го напаѓате сиракот и му копате јама на пријателот свој. 28Но, ве молам, погледнете ме: зборувам ли лага пред вашето лице? 29Погледајте: има ли неправда? По­гледајте – правдата е на моја стра­на. 30#6,6; 34,3Има ли во јазикот мој неправда? Зар грлото мое не може да го разликува лошото?“

Currently Selected:

Јов 6: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in