YouVersion Logo
Search Icon

Јов 41

41
1 # 36,5 Ете, надежта е суетна. Нема ли да паднеш само од еден негов поглед? 2#30,21Нема толку силен кој би се осмелил да го обеспокои; и кој може да опстане пред Моето лице? 3#31,35; Пс 24,1Кој Ми дал нешто порано, та Јас да му вратам? Под целото небо сѐ е Мое. 4Нема да премолчам за деловите негови, за силата негова и телесната структура. 5Кој може да ја симне горната облека негова, кој ќе се приближи до двојните челусти негови? 6Кој може да ја отвори вратата на лицето негово? Забите негови нао­колу се ужас, 7јаките штитови негови – велико­лепие; тие се зацврстени како со тврд печат; 8еден до друг се допираат толку блиску, така што и воздух не минува меѓу нив; 9еден до друг стојат збиени, сле­пени се и не се разделуваат. 10Кога кива, испушта светлина; очите му се како зраци на зората: 11#Откр 9,17од устата негова излегуваат пламени јазици, излегуваат огнени искри; 12од ноздрите негови излегува па­реа, како од зовриено грне или котел. 13#Пс 18,8Здивот негов е разгорен јаглен, а од устата негова излегува пламен. 14Во вратот негов е силата негова, и пред него ужас се шири. 15Месестите делови на телото му се сплотени силно меѓу себе, не мрдаат. 16Срцето му е цврсто како камен, кораво како долен воденички камен. 17Кога се подига, јунаци треперат, сосема се губат од ужас. 18Кој меч ќе се допре до него, не издржува; не издржува ни копје, ни кратко копје, ни стрела. 19Железото за него е како слама, бакарот – како гнило дрво. 20Удар од стрела нема да го подгони; камењата од праќата во плева се претвораат за него. 21Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од копјето тој се смее. 22Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта. 23#Ез 32,2Тој прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст; 24зад себе остава светла трага; бездната изгледа како бело руно. 25На земјата нема сличен на него: Тој е создаден бестрашен; 26со презир ги гледа и најголемите свои непријатели.

Currently Selected:

Јов 41: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in