Јов 40
40
Јов одговара
1Продолжи Господ и му рече на Јов: 2#13,3; 23,3; 33,13„Кој се бори со Седржителот, ќе сака ли да поучува? Кој Го напаѓа Бога, нека Му одговори.“ 3Му одговори Јов на Господ и рече: 4#21,5; 29,9; 1 Мојс 18,27„Еве, јас сум ништожен, што да Ти одговорам? Раката своја ја ставам на устата моја. 5Еднаш говорев, сега нема да одговарам; говорев дури двапати, но повеќе не.“
Се смета ли Јов за Бог?
6 #
38,1
Му одговори Господ на Јов од луњата и му рече: 7#38,3„Препаши ја како маж половината своја: Јас ќе те прашувам, а ти објаснувај Ми. 8#32,2Мојот суд ли сакаш да го собориш? Да Ме обвиниш Мене, а себеси да се оправдаш? 9#37,5Таква ли е твојата рака, како на Бога? И можеш ли како Него да згрмиш со гласот свој? 10Тогаш украси се со величие и слава, облечи се во болскот и великолепие; 11#Ис 2,12; 42,25; Наум 1,6излеј ја јароста на гневот свој, погледај сѐ што е гордо и смири го; 12#Ис 13,11; 63,3погледај ги сите горделиви и понизи ги, сотри ги безбожниците на местата нивни; 13#4 Мојс 16,31-34; Ис 2,10-12закопај ги сите во земја и покриј ги лицата нивни со темнина. 14Тогаш и Јас ќе признаам дека твојата десница може да те спаси.
Нилскиот коњ
15 #
1 Мојс 2,7
Ете нилскиот коњ што сум го создал, како и тебе; тој јаде трева како вол; 16силата негова е во бедрата негови, а јачината негова – во мускулите на стомакот негов; 17ја размавтува опашката своја како кедар, а жилите на бедрата негови се испреплетени; 18нозете негови изгледаат како бронзени труби; коските негови – како железни прачки; 19тоа е врвот на Божјите патишта: само Оној Кој го создал, може да го приближи мечот Свој до него; 20горите му принесуваат храна; таму сите полски ѕверови играат; 21тој си легнува под сенчести дрвја, меѓу трски и во мочуриште; 22сенчестите дрвја го покриваат со сенката своја; врби крај потоците го опкружуваат; 23ете, тој ја задржува реката за да пие и не брза; си останува спокоен, дури и кога би посакал Јордан да потече кон устата негова. 24Ќе го фати ли некој пред очите негови и ќе му го продупчи ли носот негов со кука?
Крокодилот
25 #
3,8; Ез 29,3-4; Пс 104,26 Можеш ли со јадица да извлечеш крокодил и со врвца да го врзеш за јазикот? 26Ќе вовреш ли алка во ноздрите негови? Ќе ја прободеш ли со шило челуста негова? 27Ќе ти се моли ли многу и ќе ти говори ли кротко? 28Ќе направи ли договор со тебе, ќе го земеш ли засекогаш како слуга свој? 29Ќе се забавуваш ли со него како со птичка, и ќе го врзеш ли заради девојчињата свои? 30Ќе го продаваат ли другарите како лов, ќе го делат ли меѓу хананските трговци? 31Можеш ли да му ја продупчиш кожата негова со копје и главата негова со рибарска вила? 32Стави ја на него раката своја и запомни ја борбата, зашто ќе ти биде последна!“
Currently Selected:
Јов 40: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006