YouVersion Logo
Search Icon

Јов 36

36
Елијуј говори за справедливоста Божја
1И пак продолжи Елијуј и рече: 2„Стрпи се малку, ќе ти покажам, зашто има уште нешто да кажам за Бога. 3#32,13; 40,2Ќе го почнам зборот мој оддалеку и ќе ти покажам дека мојот Создател е справедлив, 4#32,21навистина зборовите мои не се лага: пред тебе е оној, кој исправно мисли. 5#33,12; 34,14Ете, Бог е моќен, но никого не пре­зира; силен е со крепкото срце Свое; 6#34,11не ги поддржува безбожниците, а угнетените ги оправдува; 7не ги отстранува очите Свои од пра­ведниците, но заедно со царевите ги става засекогаш на престол; и тие се воздигаат. 8Ако, пак, се оковани во вериги и се држат во оковите на неволјата, 9#33,17тогаш им ги напомнува делата нив­ни и беззаконијата нивни, бидејќи се умножиле. 10#33,16Го отвора увото нивно за вразумување, им вели да се оттргнат од беззаконието. 11#33,25Ако послушаат и почнат да Му слу­жат, ќе ги поминат дните свои во добро и годините свои во радост; 12#34,25Ако, пак, не послушаат, гинат од стрела и умираат во безумие. 13#35,12Но лицемерните имаат во срцето свое гнев и не се обрнуваат кон Него, кога ги врзува во окови; 14затоа душата нивна умира во млади години, и животот нивни згаснува со блудници. 15#33,16Тој го спасува страдалникот од маката негова и, кога е угнетен, му го отвора увото. 16#4,2И тебе би те извел Тој од теснината на широко, каде што нема угнетување; и трпезата твоја би била полна со мрс; 17#34,35Но ако ти си полн со безбож­нички мисли, судот и осудувањето ќе те снајдат. 18Да не те порази Божјиот гнев со казна! Голем откуп нема да те избави. 19#1,3Нема да гледа на Твоето богатство, ниту на златото, ниту на какво и да било сокровиште твое. 20#17,8Не воздивнувај за онаа ноќ кога народите се истребуваат на местото свое. 21#3,1Чувај се, не подавај се на нечестието што си го претпочитал пред стра­дањето.
Врховната власт на Бога
22 # 33,24 Бог е најголем со силата Своја; кој е таков учител, како Него? 23#34,10Кој ќе Му Го посочи патот Не­гов? Кој може да Му каже: постапуваш неправедно? 24#25,2-3Не заборавај да ги величаш делата Негови, што луѓето ги гледаат. 25#22,12Сите луѓе можат да ги видат; човек може да ги види и оддалеку. 26#11,7Ете, Бог е голем, и ние не можеме да Го познаеме; бројот на годините Негови е неиспитан. 27#38,25-28Тој ги води водните капки: тие собрани се лијат како дожд, 28капат од облаците и се изливаат изобилно врз луѓето. 29И кој може да го разбере ширењето на облаците, трескотот во шаторот Негов? 30#38,19Ете, Тој ја распростира врз нив светлината своја и го покрива морското дно. 31Оттаму Тој ги суди народите, дава храна во изобилие. 32#34,35Тој крие во дланките Свои молња и ѝ заповеда кого да удри. 33Грмењето дава знак да се знае за неа; и добитокот чувствува што станува.“

Currently Selected:

Јов 36: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in