YouVersion Logo
Search Icon

Јов 35

35
Според Елијуј, Јов не може ништо сериозно да каже
1Продолжи пак Елијуј и рече: 2#32,2-3„Мислиш ли ти дека е право тоа што го рече: ‚Праведен сум пред Господ?‘ 3Ти рече: ‚Каква полза за мене и каква корист ќе имам, ако грешам?‘ 4Јас ќе ти одговорам и на тебе и на твоите пријатели: 5#33,12Погледај кон небото и види; загледај се во облаците – тие се повисоки од тебе. 6#34,24Ако грешиш, што ќе Му напра­виш Нему? И ако твоите престапи се умно­жуваат, што Му причинуваш Нему? 7Ако си праведен, што Му даваш? Или што ќе добие од раката твоја? 8#34,29Твојата нечесност може да му на­прави лошо на човек како тебе; а твојата праведност може да му помогне на синот човечки. 9Од многу насилници офкаат угне­тените и од рацете на силните пиштат; 10#33,15-19но никој не вели: ‚Каде е Бог, мојот Создател, Кој дава песни ноќе, 11Кој нѐ прави поразумни од земниот добиток и помудри од птиците небе­ски?‘ 12Тогаш тие викаат, но Тој не им одговара, поради гордоста на лошите луѓе. 13Но Бог слуша, Седржителот го гледа тоа. 14#36,8-10Макар и да велиш дека не Го гледаш, но судот е пред Него, и – оче­кувај го. 15А сега, бидејќи гневот Негов не го посети, и Тој не го испита со сета строгост, 16#38,2затоа, Јов, лесномислено ја отвора устата своја и без размислување, не­разумно говори.“

Currently Selected:

Јов 35: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in