YouVersion Logo
Search Icon

Еремија 36

36
Пророштвата на Еремија се палат
1Во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јошиев, дојде ова слово Господово до Еремија: 2#30,2; 51,60„Земи си книга и напиши ги во неа сите зборови, што ти ги кажав за Израел, за Јуда и за сите народи од оној ден, откако почнав да ти кажувам, од дните на Јошија па до денес; 3#35,15; 36,7; Соф 2,3можеби домот Јудин ќе чуе за сите несреќи што мислам да му ги направам, па тие да се повратат секој од својот лош пат, и Јас да им ја простам неправдата нивна и гревовите нивни.“ 4И го повика Еремија Варух, синот Нириев, и ги напиша Варух во книга како свиток од устата на Еремија сите Господови зборови, што му ги беше кажал Тој. 5Тогаш Еремија му заповеда на Варух и му рече: „Јас сум затворен и не можам да појдам во домот Господов; 6затоа оди и прочитај ги ти од свитокот запишаните зборови Господови од мојата уста гласно пред народот во домот Господов, во денот на постот, прочитај ги гласно и пред сите Јудејци, што се дојдени од градовите свои; 7можеби, тие ќе упатат смирена молба пред лицето Господово и ќе се повратат секој од својот лош пат; зашто голем е гневот и негодувањето, кое Господ го изрече против овој народ.“ 8Варух, синот на Нерија, направи сѐ, како што му заповеда пророкот Ере­мија – и ги прочита од свитокот во до­мот Господов, запишаните зборови Господови. 9Во петтата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јошиев, во деветтиот месец, објавија пред лицето Господово пост за сиот народ ерусалимски и за сиот народ, што беше дошол од јудеј­ските градови во Ерусалим. 10И Варух ги прочита гласно пред сиот народ запишаните во свитокот Еремиеви зборови во домот Господов, во собата на писарот Гемарија, син Сафанов, во горниот двор при влезот на новите порти од домот Господов. 11Михеј, синот на Гемарија, Сафанов син, ги чу сите Господови зборови, за­пишани во свитокот, 12и слезе во домот на царот, во собата на царевиот писар, а тоа, таму седеа сите кнезови: Елишама, писарот царев, Делаја, синот Шемаев, Елнатан, синот Ахборов, Гемарија, синот Сафанов, Седекија, синот Хананиев, и сите кнезови. 13И им ги кажа Михеј сите зборови, што ги чу, кога Варух го читаше свитокот гласно пред народот. 14Тогаш сите кнезови го пратија кај Варух Јехуди, синот на Нетанија, син Шелемиев, син Кушиев, да му каже: „Земи го в рака свитокот, што го чи­таше гласно пред народот, па дојди!“ И го зеде Варух, синот Нириев, свитокот в рака и отиде кај нив. 15Тие му рекоа: „Седни и прочитај ни го гласно!“ И Варух им го прочита гласно. 16Кога ги ислушаа сите зборови, со ужас се погледаа помеѓу себе и му ре­коа на Варух: „Ние ќе му ги кажеме на царот сите овие зборови.“ 17И го прашаа Варух: „А кажи ни ти како ги напиша сите овие зборови од устата негова?“ 18И им одговори Варух: „Тој ми ги изговори со устата своја сите овие збо­рови, јас, пак, ги запишав со мастило во овој книжен свиток.“ 19Тогаш кнезовите му рекоа на Варух: „Оди и сокриј се, ти и Еремија, па никој да не знае, каде сте.“ 20И отидоа кај царот во дворецот, а свитокот го оставија во собата на Ели­шама, писарот царев; па му ги раскажаа гласно пред царот сите тие зборови. 21Царот го испрати Јехуди да го до­несе свитокот, и тој го зеде од собата на Елишама, писарот царев; и го прочита Јехуди гласно пред царот и гласно пред сите кнезови, што стоеја околу царот. 22Во тоа време, во деветтиот месец, царот престојуваше во зимскиот дворец и пред него имаше оган со разгорен јаглен. 23Штом Јехуди ќе прочиташе два – три параграфа, царот ги сечеше со пи­сарското ноже и еден по еден ги фрла­ше во оганот, сѐ додека не беше униш­тен целиот свиток во огнот, што го­реше. 24#2,19; 5,22; 36,16Не се уплашија и не ги раскинаа облеките свои ни царот, ниту слугите негови, кои ги чуја сите зборови. 25Иако Елнатан, Делаја и Гемарија го молеа царот да не го гори свитокот, тој не ги послуша. 26И царот му заповеда на царевиот син Јерахмеел, и на Сераја, синот Азри­илов, и на Шелемија, синот Авдеелов, да ги фатат писарот Варух и пророкот Еремија, но Господ ги сокри.
Втор пророчки запис од Еремија
27И дојде слово Господово до Ере­мија, откако царот го изгоре свитокот и зборовите, што беше ги запишал Варух од устата на Еремија, и му беше речено: 28„Земи си пак друг свиток и напиши ги во него сите поранешни зборови, што беа во првиот свиток, кои јудеј­скиот цар Јоаким ги изгоре; 29#9,9; 11,23а на јудејскиот цар Јоаким кажи му – вака вели Господ: ти го изгоре свитокот, зашто рече – бидејќи напиша во него: Бездруго ќе дојде вавилонскиот цар и ќе ја разори оваа земја и ќе ги истреби во неа луѓето и добитокот, 30#8,2поради тоа, вели Господ за јудеј­скиот цар Јоаким: ќе нема од него човек што ќе седи на Давидовиот пре­стол, и трупот негов ќе биде фрлен на дневниот припек и на ноќниот студ. 31#35,17Па ќе го казнам него, и племето негово, и слугите негови за неправдите нивни, и ќе го испратам врз нив и врз ерусалимските жители, и врз луѓето на Јуда, сето она зло, што го искажав врз нив, а тие не послушаа.“ 32И зеде Еремија друг свиток и му го даде на писарот Варух, синот Нириев, и тој ги напиша во него од устата на Еремија сите зборови од оној свиток, што го изгоре во оган јудејскиот цар Јоаким; а додаде кон нив и уште многу други зборови слични на нив.

Currently Selected:

Еремија 36: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in