YouVersion Logo
Search Icon

Еремија 35

35
Лекција од Рихавовци
1Слово од Господ, упатено до Еремија во дните на јудејскиот цар Јоаким, син Јошиев: 2оди во домот на Рихавовци, позборувај со нив и доведи ги во домот Гос­подов, во една од собите и дај им да пи­јат вино. 3Јас го поведов Јаазанија, синот на Еремија, син Хавациниев, и братот не­гов, сите синови негови и сиот дом на Рихавовци, 4па ги доведов во домот Господов, во собата на синовите на Ханан, син Игдалиев, човек Божји, која се наоѓа до собата на кнезовите, а над собата на Маасејаху, син Селумов, стражар при влезот. 5И поставив пред синовите од домот на Рихавовци полни грнци со вино и чаши, па им реков: „Пијте вино!“ 6Но тие рекоа: „Ние вино не пиеме, бидејќи нашиот татко Јонадав, син на Рихав, ни заповедал, велејќи – ‚вино не пијте ни вие, ниту децата ваши довека; 7и куќи не правете, и семиња немојте да сеете, лоза не садете; такви работи да нема кај вас, туку преку сите денови на животот свој живејте во шатори, за да поживеете долго на оваа земја, каде што сте туѓинци.‘ 8И ние го послушавме гласот на на­шиот татко Јонадав, син Рихавов, во сѐ, што ни заповеда – да не пиеме вино во текот на сите наши дни, ние и жени­те наши, синовите наши и ќерките наши, 9#1 Лет 29,15; Евр 11,13; 1 Птр 2,11и да не правиме куќи за наше жи­веење; и, ете, ние немаме ни лозја, ни ниви, ниту градини, 10туку живееме во шатори и во сѐ се покоруваме и го вршиме сето она, што ни заповеда нашиот татко Јонадав. 11А кога вавилонскиот цар Навухо­доносор дојде во оваа земја, ние си ре­ковме: да си одиме, да појдеме во Еру­салим пред халдејската војска и пред арамејската војска, и, еве, ние живееме во Ерусалим.“ 12И дојде слово Господово до Ере­мија: 13вака вели Господ Саваот, Бог Изра­елов: оди, кажи им на луѓето Јудини и на жителите ерусалимски – зар нема да извлечете поука од ова за себе, па да ги послушате зборовите Мои, вели Господ. 14Се исполнуваат зборовите на Јона­дав, синот Рихавов, кој им заповеда на синовите свои да не пијат вино, и тие до ден денес не пијат, бидејќи му се покоруваат на заветот што му го дале на својот татко; Јас, пак, постојано ви зборував од рано утро, а вие не Ме послушавте. 15#18,11; 25,6; 36,3; 5 Мојс 6,14; 2 Цар 17,13.22Ги испраќав Јас кај вас сите Мои слуги – пророците ги праќав од рано утро, и велев – повратете се секој од својот лош пат и исправете го поведението свое и не одете по други богови, за да им служите, па ќе живеете во оваа земја, која ви ја дадов вам и на тат­ковците ваши; но вие не го приклонивте увото и не Ме послушавте. 16Бидејќи синовите на Јонадав, синот Рихавов, ја исполнуваат заповедта на својот татко, што беше им ја дал, а овој народ Мој Мене не Ме слуша, 17затоа, вака вели Господ, Бог Са­ваот, Бог Израелов – еве, Јас ќе го испратам врз Јудеја и врз сите жители ерусалимски сето ова зло, што го изреков врз нив, зашто Јас им зборував, а тие не слушаа, им викав, а тие не одговараа.
Ветување за Рихавовци
18А на семејството Рихавовци, Ере­мија им рече – вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: бидејќи го послушавте заветот на вашиот татко Јонадав и ги пазите сите негови заповеди и во сѐ постапувате, како што ви заповедал, 19#7,10; 15,19затоа, вака вели Господ Саваот, Бог Израелов – никогаш нема да недостига од Јонадав, синот Рихавов, човек кој ќе стои пред лицето Мое во сите дни.

Currently Selected:

Еремија 35: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in