YouVersion Logo
Search Icon

Еремија 29

29
Писмото од Еремија до заробените Јудејци во Вавилон
1 # 2 Цар 24,15 Еве ги зборовите од писмото, кое пророкот Еремија го испра­ти од Ерусалим до другите старешини меѓу преселените, до свештениците, до пророците и до сиот народ, кој Навухо­доносор беше го одвел од Ерусалим во Вавилон, 2откако беа излегле од Ерусалим царот Јехонија, царицата, дворјаните, кнезовите на Јудеја и на Ерусалим, др­воделците и ковачите, 3преку Елеаса, синот Сафанов, и преку Гемарија, синот на Хелкија, кои јудејскиот цар Седекија ги испрати во Вавилон до вавилонскиот цар Навухо­доносор, 4– вака вели Господ Саваот, Бог Из­раелов, до сите заробени, кои Јас ги преселив од Ерусалим во Вавилон – 5правете куќи и живејте во нив, саде­те градини и јадете ги плодовите нивни; 6#30,19; 1 Мојс 1,28; 9,1.7женете се и раѓајте синови и ќерки; и на синовите земајте им жени и ќерки и мажете ги, за да раѓаат синови и ќерки, па размножувајте се таму, а не да се намалувате. 7#Езд 6,10Грижете се за доброто на градот, во кој ве преселив, и молете Му се на Бога за него; зашто ако му е нему добро, и вие ќе имате мир. 8#Мт 7,15Зашто, така вели Господ Саваот, Бог Израелов: нека не ве мамат вашите пророци, кои се меѓу вас и вашите баја­чи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате. 9#27,15; 29,31Лажно ви пророкуваат во Мое име; Јас не сум ги пратил, вели Господ. 10#33,14Бидејќи така вели Господ – кога во Вавилон ќе исполните седумдесет години, тогаш ќе ве посетам и ќе го исполнам Мојот добар збор за вас, за да ве вратам на ова место. 11#24,5; 31,17Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж. 12#33,3Па ќе повикате по Мене, ќе дојдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам; 13#5 Мојс 4,29; Ис 55,6; 2 Лет 15,4ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце. 14#30,3Ќе Ме најдете, вели Господ, и ќе ве вратам од ропство и ќе ве соберам откај сите народи и од сите места, каде што ве изгонив, вели Господ, и ќе ве вратам онаму, од каде што ве преселив. 15Вие велите: „Господ ни издигна пророци и во Вавилон.“ 16Така вели Господ за царот, кој седи на Давидовиот престол, и за сиот народ, што живее во тој град; за браќата ваши, што не се одведени со вас во ропство. 17#24,10Вака вели Господ Саваот за нив – еве, ќе испратам врз нив, меч, глад и помор и ќе ги направам како лошите смокви, што не можат да се јадат поради неугодниот вкус; 18#34,17и ќе ги гонам со меч, глад и помор и ќе ги предадам на зло кај сите земни царства, за проклетство и ужас, за пот­смев и навреда меѓу сите народи, каде што ќе ги расејам, 19#26,5поради тоа што не ги слушаа збо­ровите Мои, вели Господ, што ги пра­ќав до нив преку слугите Мои, пророците, ги праќав од рано утро, но не послушавте, вели Господ. 20#31,10А вие, сите изгнаници, што ве пратив од Ерусалим во Вавилон, чујте го словото Господово: 21вака вели Господ Саваот, Бог Изра­елов, за Ахав, синот на Колаја, и за Седекија, синот на Маасеја, кои ви пророкуваат лага во Мое име: еве, Јас ќе ги предадам во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор, и тој ќе ги убие пред очите ваши. 22И сите прогонети Јудејци, кои се во Вавилон, ќе се научат од нив да колнат: „Да ти направи Господ, како што им направи на Седекија и на Ахав, кои ва­вилонскиот цар ги изгоре со оган,“ 23#15,15поради тоа што вршеа гнасни ра­боти во Израел: прељубодејствуваа со жените на ближните свои и во Мое име кажуваа лага, што не сум им заповедал; Јас го знам тоа и Сам сум сведок, вели Господ.
Порака за Шемаја
24И на Шемаја од Нехелам речи му: 25вака вели Господ Саваот, Бог Из­раелов: поради тоа што во свое име праќаше писма до сиот народ во Ерусалим и до свештеникот Софонија, син на Маасеја, и до сите свештеници, велејќи: 26Господ те поставил за свештеник наместо свештеникот Јодај, за да бидеш меѓу надзорниците во домот Господов, та секој што беснее и пророкува, да го затвориш и да го ставиш на клада. 27#32,7Зошто не му забраниш на Еремија од Анатот да пророкува кај вас? 28Заради тоа и до нас во Вавилон испрати да кажат: „Ропството ќе трае долго – правете куќи и живејте во нив, обработувајте ги градините и јадете ги плодовите нивни.“ 29Кога свештеникот Софонија го прочита тоа писмо на глас пред пророкот Еремија, 30тогаш дојде слово Господово до Еремија: 31#29,9Испрати, па кажи им на сите из­гнаници – вака вели Господ за Шемаја од Нехелам – бидејќи Шемаја пророкува кај вас, а Јас не сум го пратил, и ви кажува лажна надеж, 32#17,6затоа, вака вели Господ: еве, ќе го посетам Шемаја од Нехелам и племето негово; ќе нема од него човек да живее меѓу овој народ и нема да го види доб­рото, што ќе му го направам на Мојот народ, вели Господ – зашто тој зборува за бунт против Господ.

Currently Selected:

Еремија 29: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in