Еремија 28
28
Лажниот пророк Ананија
1Во истата година, во почетокот на царувањето на јудејскиот цар Седекија, во четвртата година, во петтиот месец, Ананија, синот Азуров, пророк од Гаваон, зборуваше во домот Господов пред свештениците и сиот народ, велејќи: 2– вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар; 3по две години ќе ги вратам во ова место сите садови од домот Господов, кои вавилонскиот цар Навуходоносор ги зеде одовде и ги однесе во Вавилон; 4и јудејскиот цар Јехонија, синот Јоакимов, и сите заробени Јудејци, што отидоа во Вавилон, ќе ги вратам на ова место, вели Господ; бидејќи ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар. 5И му рече пророкот Еремија на пророкот Ананија пред сите свештеници и пред сиот народ, кој стоеше во домот Господов, 6#1 Цар 1,36па кажа пророкот Еремија: нека биде така, нека го изврши тоа Господ, нека ги исполни Господ зборовите твои што ги изрече за враќањето од Вавилон на садовите од домот Господов на ова место и за сите заробени! 7Само, чуј го зборот што ќе ти го кажам, чуј го ти, а нека го чуе и сиот народ; 8#26,18пророците, што беа пред мене и пред тебе, им претскажуваа на многу земји и на големи царства – војна, беда и помор. 9#5 Мојс 18,22Ако некој пророк претскажал мир, само тогаш бил признаван за пророк навистина испратен од Господ, кога ќе се исполнел зборот на тој пророк. 10Тогаш пророкот Ананија го зеде јаремот од вратот на пророкот Еремија и го скрши. 11И рече Ананија пред сиот народ: „Вака вели Господ – ете, така ќе го строшам јаремот на вавилонскиот цар Навуходоносор по две години, откако ќе го извадам од вратот на сите народи. Тогаш си отиде Еремија по својот пат. 12И беше упатено слово Господово до Еремија, откако пророкот Ананија го скрши јаремот од вратот на пророкот Еремија: 13#34,2оди и кажи му на Ананија – вака вели Господ: ти го скрши дрвениот јарем, но место него направи железен. 14#27,6; 5 Мојс 28,48Зашто така вели Господ Саваот, Бог Израелов: железен јарем ќе им ставам на вратот на сите овие народи за да му работат на вавилонскиот цар Навуходоносор, и тие ќе му служат; дури и ѕверовите полски нему му ги предадов.“ 15#27,15Па му рече пророкот Еремија на пророкот Ананија: слушај, Ананија, Господ не те пратил, а ти лажна надеж му даваш на овој народ. 16Затоа, вака вели Господ: еве, Јас ќе те исфрлам од лицето на земјата; уште во текот на оваа година ќе умреш, бидејќи зборуваш против Господ. 17И умре пророкот Ананија во таа година во седмиот месец.
Currently Selected:
Еремија 28: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006