YouVersion Logo
Search Icon

Судии 15

15
Самсоновата освета
1 # 13,24; 1 Мојс 29,21; 30,14 По неколку дена, по жетвата на пченицата, дојде Самсон да се види со жена си, донесувајќи со себе едно јаре; и кога рече: „Ќе влезам кај жена ми во спалната“, татко ѝ не му дозволи да влезе. 2#14,20И рече татко ѝ: „Јас помислив дека ти си ја намразил, па ја дадов на пријателот твој; ете, помалата сестра е поубава од неа; таа нека биде твоја на­место неа.“ 3Тогаш Самсон рече: „Сега ќе бидам невин пред Филистејците, ако им сто­рам зло.“ 4И отиде Самсон и улови триста ли­си­ци и, откако зеде факли, ги врза опашка за опашка и врза по еден факел меѓу две опашки; 5#2 Мојс 22,6; 2 Сам 14,30-31ги запали факлите, и ги пушти лисиците во посевите филистејски, та ги изгоре крстиците од снопје и неожнеаното жито, и лозјата и маслиновите градини. 6#14,15.20И се прашуваа Филистејците: „Кој го направи тоа?“ И рекоа: „Самсон, зетот на тимнатеецот, бидејќи тој му ја одзеде жената и ја даде на другарот негов.“ Тогаш Филистејците отидоа и ја изгореа со оган неа и татко ѝ. 7Самсон им рече: „Иако го сторивте тоа, јас пак ќе ви се одмаздам и само тогаш ќе се успокојам.“ 8И тој им ги скрши колената до бедрата, и отиде па заседна во пештерата кај карпата Етам.
Самсон и магарешката челуст
9Тогаш тргнаа Филистејците и пос­тавија логор во Јудеја, и се раширија дури до Лехи. 10А жителите на Јудеја запрашаа: „Зошто излеговте против нас?“ Тие од­го­ворија: „Дојдовме да го врземе Сам­сон за да постапиме со него онака како што тој постапи со нас.“ 11И три илјади мажи Јудејци отидоа до пештерата кај карпата Етам и му рекоа на Самсон: „Зар не знаеш дека Филистејците владеат над нас? Што ни направи?“ Тој им одговори: „Како што постапија тие со мене, така постапив и јас со нив.“ 12Тие му рекоа: „Дојдовме да те вр­земе, за да те предадеме во рацете на Филистејците.“ А Самсон им рече: „За­кол­нете се дека нема да ме убиете.“ 13Тие му одговорија: „Не, ние само ќе те врземе и ќе те предадеме во рацете нивни, а што се однесува до убивањето, нема да те убиеме.“ И го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата. 14#3,10Кога се приближи до Лехи, Филис­тејците го пресретнаа со радосно ви­кање. И Духот Господов слезе врз него, и јажињата на рацете негови станаа како изгорен лен, и врските паднаа од рацете негови. 15#3 Мојс 26,8Па најде сѐ уште пресна магарешка челуст, ја протегна раката, ја зеде и уби со неа илјада мажи. 16И рече Самсон: „Со магарешка че­луст убив купишта, со магарешка че­луст убив илјада мажи.“ 17Откако го рече тоа, ја фрли челуста од раката своја и го нарече тоа место: „Рамат-Лехи#15,17 Рид на челуста..“ 18#16,28; 5 Мојс 20,4Тогаш почувствува силна жед; викна кон Господ и рече: „Ти го изврши со раката на Твојот слуга ова големо избавување; но сега ќе умрам ли од жед или ќе паднам во рацете на необреза­ните.“ ­ 19#2 Мојс 17,6; Пс 78,15-16И Бог ја расцепи карпата во Лехи, и потече вода од неа. Тој се напи, духот му се поврати и оживе; затоа беше наречено тоа место: „Ен-Коре“#15,19 Извор на оној што се моли. што е во Лехи и до ден-денес. 20#16,31И тој беше дваесет години судија над Израел за време на владеењето на Филистејците.

Currently Selected:

Судии 15: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in