YouVersion Logo
Search Icon

Судии 14

14
Првите јуначки подвизи на Самсон
1И отиде Самсон во Тимна и таму виде мома од филистејските ќер­ки. 2#1 Мојс 21,21; 34,4Тогаш тој отиде и им јави на татко си и на мајка си и рече: „Видов во Тим­на девојка од филистејските ќерки; земете ми ја за жена.“ 3#1 Мојс 24,3-4; 28,1-2; 5 Мојс 7,3-4; 1 Сам 14,6; Неем 13,23-27Татко му и мајка му рекоа: „Зар нема мома меѓу ќерките на браќата твои и во сиот народ, па одиш да земеш жена од необрезаните Филистејци?“ А Самсон му одговори на татко си: „Неа земи ми ја за жена, бидејќи таа ми се свиде.“ 4#13,1Татко му и мајка му не знаеја дека тоа е од Господ, и дека тој бара изговор да им се одмазди на Филистејците; во тоа време Филистејците владееја над Израел. 5И отиде Самсон со татко си и мајка си во Тимна, и кога се приближуваа до лозјата на Тимна, ете еден млад лав, рикајќи му доаѓаше во пресрет. 6#3,10; 1 Сам 17,34-37; 2 Сам 23,20И Духот Господов слезе врз него, и тој го раскина лавот како јаре; а во раката негова немаше ништо. И не им кажа на татко си и на мајка си што направи. 7И дојде и поразговара со девојката, и таа му се допадна на Самсон. 8По неколку дена, тој пак отиде, за да ја земе, и наврати да го види трупот на лавот, и ете, рој пчели на трупот од лавот и мед. 9Тој зеде од медот во рацете свои, тргна и јадеше по патот; и кога дојде кај татко си и мајка си, им даде и ним, и тие јадеа; но не им кажа дека тој мед го зел од трупот на лавот.
Самсон им поставува гатанка на Филистејците
10 # 1 Мојс 29,22 Дојде и татко му кај девојката, и таму Самсон приреди гозба, како што обично прават младоженците. 11И штом го видоа таму, избраа трие­сет свадбени другари, кои ќе бидат кај него. 12#1 Мојс 45,22; 1 Цар 10,1-2; 2 Цар 5,5; Ез 17,2И им рече Самсон: „Ќе ви поставам една гатанка: ако ми ја одгатнете во текот на седум дена додека трае гозбава и ја погодите точно, ќе ви дадам три­есет кошули и триесет промени; 13ако, пак, не можете да ја одгатнете, вие ќе ми дадете триесет кошули и триесет промени.“ Тие му рекоа: „Пос­тави ја гатанката, да ја чуеме.“ 14И им рече: „Од јадачот излезе јадење, и од силниот излезе слатко.“ И три дена не можеа да ја одгатнат га­танката. 15#15,6; 16,5; Проп 7,26На седмиот ден тие ѝ рекоа на Самсоновата жена: „Премисли го ма­жот твој, да ни ја одгатне гатанката; инаку ќе те изгориме со оган тебе и домот на таткото твој; зар нѐ поканивте да нѐ ограбите.“ 16#16,15И плачеше пред Самсон жената негова, велејќи: „Ти ме мразиш и не ме сакаш; ти им зададе гатанка на синовите на мојот народ, а мене не ми ја одгатнуваш.“ Тој ѝ рече: „На татко ми и на мајка ми јас не им ја одгатнав, на тебе ли да ти ја кажам?“ 17И плачеше таа пред него седум дена, додека траеше гоштевањето нивно. Најпосле на седмиот ден тој ѝ ја одгатна, бидејќи таа упорно го молеше. А таа им ја кажа гатанката на синовите на нејзиниот народ. 18И на седмиот ден пред зајдисонце му рекоа граѓаните: „Што е послатко од мед, и што е посилно од лав?“ Тој им рече: „Да не бевте орале со мојата јунечка, немаше да ја одгатнете гатан­ката моја.“ 19#3,10И Духот Господов слезе врз него, и тој отиде во Ашкелон, каде што уби триесет мажи, ги соблече од нив алиш­тата, им ги даде промените на оние што ја беа одгатнале гатанката; и се расрди многу, па отиде во куќата на таткото свој. 20#15,2.6А жената на Самсон му ја дадоа на неговиот свадбен другар, кој му беше пријател.

Currently Selected:

Судии 14: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in