YouVersion Logo
Search Icon

Судии 13

13
Објавување на Самсоновото раѓање
1 # 3,7 Израеловите синови пак правеа зло пред Господ, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за време од четириесет години. 2#1 Мојс 11,30; 18,11; 1 Сам 1,2; Лк 1,7Во тоа време имаше еден човек од Цора, од Дановото племе, по име Ма­ној; жена му беше неплодна и немаше деца. 3#1 Мојс 16,7; 18,10; Лк 1,13И ангел Господов ѝ се јави на жената и ѝ рече: „Ете, ти си неплодна и немаш деца; но ќе зачнеш и ќе родиш син; 4#3 Мојс 10,9; Лк 1,15затоа пази се, не пиј вино и друг алкохолен пијалак и не јади ништо нечисто; 5#4 Мојс 6,2; 1 Сам 1,11; Амос 2,11-12зашто, ете, ќе зачнеш и ќе родиш син, и брич нема да ја допре главата негова, зашто од самата мајчина утроба тоа младенче ќе биде назир Божји, и ќе почне да го спасува Израел од рацете на Филистејците.“ 6Жената дојде и му кажа на мажот свој, велејќи: „Човек Божји дојде кај мене, и лицето му беше како лице на ангел Божји, многу страшно; јас не го прашав од каде е, и тој не ми го кажа името свое; 7#3 Мојс 10,9; Ер 35,6тој ми рече: ‚ете, ќе зачнеш и ќе родиш син; затоа не пиј вино и друг алкохолен пијалак и не јади ништо нечисто, бидејќи детето од самата мај­чина утроба па до смртта своја ќе биде посветено на Бога.‘“ 8И Маној Му се помоли на Господ и рече: „Господи! Нека дојде пак кај нас човекот Божји што си го испратил, и нека нѐ научи како да постапиме со детето што ќе се роди.“ 9Бог ја слушна молитвата на Маној, и ангелот Божји пак дојде кај жената, кога таа беше во полето, а Маној, мажот нејзин, не беше со неа. 10Жената во тој момент потрча и му јави на мажот свој и му рече: „Ете, ми се јави човекот, кој порано дојде кај мене.“ 11Маној стана и тргна со жена си, и дојде кај оној човек и му рече: „Ти ли си човекот што говорел со оваа жена?“ И тој рече: „Јас.“ 12И рече Маној: „И така, нека се исполни зборот твој, но како да постапуваме со тоа дете, и што да пра­виме со него?“ 13Ангелот Господов му кажа на Маној: „Нека се чува тој од сѐ она, за кое ѝ говорев на жената; 14нека не јаде ништо од она што лозата го раѓа; нека не пие вино и друг алкохолен пијалак, да не јаде ништо нечисто и да внимава на сѐ што ѝ заповедав.“ 15#6,19А Маној му рече на ангелот Господов: „Дозволи ми да те задржам, додека да зготвиме јаре.“ 16Ангелот Господов му рече на Маној: „И да ме задржиш, јас нема да јадам твој леб; ако, пак, сакаш да Му принесеш жртва на Господ, принеси Му.“ Маној не знаеше дека е тоа ангел Господов. 17#1 Мојс 32,20; 2 Мојс 3,12-15; Откр 19,12-13Маној пак го праша ангелот Гос­подов: „Како ти е името, за да те про­славам, кога ќе се исполни зборот твој.“ 18Ангелот Господов му одговори: „Зошто прашуваш за името мое? Тоа е чудно.“ 19#6,20И го зеде Маној јарето и лебниот принос и Му ги принесе на Господ врз камен. И Тој изврши чудо, кое го видоа Маној и неговата жена. 20Кога почна пламенот да се издига од жртвеникот кон небото, ангелот Господов се издигна во жртвениот пламен. Откако го видоа тоа, Маној и жената негова паднаа ничкум на земјата. 21И ангелот Господов стана невидлив за Маној и жената негова. Тогаш Маној дозна дека тоа беше ангел Господов. 22#6,22; 2 Мојс 3,6; 5 Мојс 5,26И ѝ рече Маној на жената своја: „Бездруго ќе умреме, бидејќи Го ви­довме Бога.“ 23#6,22-23; 1 Мојс 32,31; 2 Мојс 33,20; 5 Мојс 5,24-26Жената му рече: „Ако Господ са­каше да нѐ умртви, не би примил од рацете наши жртва сепаленица и лебен принос, и не би ни го покажал сето она, а сега не би ни го открил ова.“ 24#1 Сам 2,21.26; 3,19; Лк 1,80; Евр 11,32И жената роди син и го нарече со името Самсон. И детето растеше, и Гос­под го благословуваше. 25#18,12И Духот Господов почна да дејствува во него во Дановиот логор, меѓу Цора и Ештаол.

Currently Selected:

Судии 13: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in