YouVersion Logo
Search Icon

Судии 10

10
Судиите Тола и Јаир
1 # 8,31 По Авимелех се крена да го спаси Израел Тола, синот на Пуа, син на Додо, маж од Исахаровото племе. Тој живееше во Шамир, на Еф­ре­мовата Планина. 2Тој беше судија над Израел дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Шамир. 3#4 Мојс 32,41; 1 Цар 4,13; 1 Лет 2,21-23По него дојде Јаир од Галаад, кој беше судија над Израел дваесет и две години. 4Тој имаше триесет сина, кои јаваа на триесет магариња, и имаа триесет гра­да, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галаадската земја. 5Јаир умре и беше погребан во Камон.
Амонците го напаѓаат Израел
6 # 2,11.13; 5 Мојс 32,15 А Израеловите синови пак почнаа да прават зло пред Господ и им служеа на разни Ваали и Астарти, на боговите арамејски, на боговите сидонски, на боговите моавски, на боговите од си­новите Амонови и на боговите филистејски, а Господа Го оставија и не Му служеа. 7#5 Мојс 31,17; 32,30И се разгори гневот на Господ против Израел, и Тој ги предаде во рацете на Амоновите синови. 8Оттогаш тие ги угнетуваа и ги мачеа Израеловите синови осумнаесет години по ред, сите Израелови синови од онаа страна на Јордан во аморејската земја, која е во Галаад. 9Најпосле Амонците го преминаа Јордан за да војуваат против Јуда и Венијамин и против домот Ефремов. И синовите Израелови беа на големи маки. 10#3,9; 5 Мојс 1,41; 1 Сам 12,10; 1 Цар 8,47; Ер 3,25; 8,14; 14,20; Пс 32,5; 106,6; Дан 9,5Па повикаа синовите Израелови кон Господ и рекоа: „Згрешивме пред Тебе, зашто го оставивме нашиот Бог и им служиме на Вааловци.“ 11И Господ им рече на Израеловите синови: „Не ве угнетуваа ли Егип­ќа­ните и Аморејците, Амонците и Фи­листејците, 12#3,13Сидонците, Амаликијците и Маон­ци­те и кога повикавте кон Мене, не ве спасив ли од рацете нивни? 13#Ер 11,10; 13,10А вие Ме оставивте и почнавте да им служите на други богови; затоа нема повеќе да ве спасувам; 14#5 Мојс 32,37-38; Ер 2,28; 11,12; Авак 2,18одете, повикајте ги боговите што сте ги избрале, нека ве спасат тие во ова за вас тешко време.“ 15#1 Сам 3,18; 2 Сам 10,12; 15,26Тогаш синовите Израелови Му рекоа на Господ: „Згрешивме; прави со нас сѐ што Ти е мило, само спаси нѐ сега.“ 16#Ис.Н. 24,23И ги отфрлија од себе туѓите бо­гови и почнаа да Му служат на Господ. И не ги истрпе душата Негова стра­дањата Израелови. 17Амонците, пак, се собраа и се смес­тија, поставија логор во Галаад; исто така се собраа и Израеловите синови и поставија логор во Мицпа. 18Народот и началниците галаадски си рекоа еден на друг: „Кој ќе почне војна против Амонците, тој нека биде началник на сите галаадски жители.“

Currently Selected:

Судии 10: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in