YouVersion Logo
Search Icon

Судии 11

11
Ефтај станува војсководач на Израел
1 # Евр 11,32 А Ефтај беше од Галаад, човек храбар; Тој беше син на една блудница, со која Галаад го роди Ефтај. 2#1 Мојс 21,10Но жената на Галаад му роди сино­ви. Кога пораснаа синовите од жената, таа го истера Ефтај, велејќи му: „Ти не си наследник на домот на нашиот татко, зашто си син на друга жена.“ 3#9,4И Ефтај избега од браќата свои во земјата Тов. Кај Ефтај се собраа тогаш безделници и одеа со него. 4По извесно време Амонците влегоа во војна против Израел. 5Во времето на војната на Амонците против Израел отидоа галаадските старешини да го доведат Ефтај од земјата Тов, 6и му рекоа на Ефтај: „Дојди, стани ни војвода и ќе војуваме против Амонците.“ 7Ефтај им рече тогаш на галаадските старешини: „Нели ме намразивте и ме истеравте од домот на татко ми? Зошто дојдовте сега кај мене, кога сте во неволја?“ 8#10,18Галаадските старешини му одговорија на Ефтај: „За тоа дојдовме кај тебе сега, за да дојдеш со нас и да војуваш против Амонците и да бидеш кај нас кнез на сите жители галаадски.“ 9А Ефтај им одговори на галаадските старешини: „Ако ме вратите за да се борам против Амонците, и Господ ми ги предаде, ќе станам ли кај вас кнез?“ 10#1 Мојс 31,50Галаадските старешини му рекоа на Ефтај: „Господ нека биде сведок меѓу нас дека ќе постапиме според зборот твој!“ 11#1 Мојс 31,49Потоа Ефтај отиде со галаадските старешини, и народот го постави за свој поглавар и војвода. И Ефтај ги искажа сите свои зборови пред Господ што ги беше рекол во Мицпа.
Пораките на Ефтај до Амонците
12И Ефтај испрати тогаш гласници кај амонскиот цар да каже: „Што бараш од мене, та си дошол кај мене да војуваш во земјата моја?“ 13#Ер 11,10; 13,10#4 Мојс 21,13.24; 5 Мојс 2,17-23А амонскиот цар им рече на Еф­таиевите гласници: „Кога Израел дојде од Египет, ја зазеде мојата земја од Арнон до Јавок и Јордан; затоа врати ми ја на мирен начин.“ 14#5 Мојс 32,37-38; Ер 2,28; 11,12; Авак 2,18 Но Ефтај пак испрати гласници кај амонскиот цар 15#1 Сам 3,18; 2 Сам 10,12; 15,26за да му кажат: „Вака вели Ефтај: Из­раел не ја зазеде земјата моавска и земјата амонска; 16#Ис.Н. 24,23зашто, кога доаѓаше од Египет, Израел отиде во пустината кај Црве­ното Море и дојде во Кадис; 17#4 Мојс 20,17оттаму Израел испрати гласници кај едомскиот цар за да кажат: ‚дозволи ми да минам низ земјата твоја‘. Но едомскиот цар не се согласи; испрати и кај моавскиот цар, но и тој не се согласи. Затоа Израел остана во Кадис. 18#4 Мојс 20,21; 21,4; 21,13И тргна преку пустината, ја заобиколи земјата едомска и земјата моав­ска, и дојде до источната граница на моавската земја, и се смести од онаа страна на Арнон; но не влезе во пределите моавски, бидејќи Арнон е граница на Моав. 19#4 Мојс 21,21-26; 5 Мојс 2,26-37Но Израел испрати пратеници и кај Сихон, царот аморејски, царот од Есевон, и му рече: ‚дозволи ни да минеме преку твојата земја до нашето место.‘ 20Но Сихон не му дозволи на Израел да мине преку неговите предели, и го собра Сихон сиот народ свој, па постави логор во Јахца и се судри со Израел. 21И Господ, Бог Израелов, го предаде Сихон и сиот негов народ во рацете на Израел, и тој ги испотепа; и завладеа Израел со целата земја на Аморејците, кои живееја во таа земја, 22и тие завладеаја над сите предели аморејски, од Арнон до Јавок и од пустината до Јордан. 23И така, Господ, Бог Израелов, ги изгони Аморејците пред народот Свој Израел, а ти сакаш да го завладееш? 24#5 Мојс 2,36Зарем ти не владееше со тоа што ти го дал во наследство Хамос, твојот бог? И ние владееме со сето она што ни го даде како наследство Господ, нашиот Бог. 25#4 Мојс 22,1-6; Ис.Н. 24,9Зар си ти подобар од Валак, синот на Ципор, царот моавски? Се карал ли тој со Израел или војувал ли против него? 26Израел живее веќе триста години во Есевон и во неговите села, во Ароер и во неговите села, и во сите градови што се блиску до Арнон; зошто за тоа време не ги одзедовте? 27Јас не сум виновен пред тебе, а ти ми правиш зло, тргнуваш во војна против мене. Господ нека биде судија меѓу синовите Израелови и Амонците.“ 28Но амонскиот цар не ги послуша зборовите на Ефтај, што тој му ги испрати.
Ветувањето на Ефтај
29 # 3,10 И слезе врз Ефтај Духот Господов, и тој го премина Галаад и територијата на Манасија, се врати во Мицпа во Галаад, и од Мицпа отиде кај Амон­ците. 30#1 Сам 14,24И Ефтај даде завет пред Господ, велејќи: „Ако ги предадеш Амонците во рацете мои, 31#1 Мојс 22,1-19; 2 Цар 3,27; Мих 6,7тогаш, кога ќе се вратам со мир од Амонците, сѐ што ќе ми излезе во пресрет од вратата на домот мој, нека биде за Господ, и ќе го принесам како жртва сепаленица.“ 32Па отиде Ефтај кај Амонците да се бори против нив, и Господ му ги предаде во рацете негови; 33и им нанесе многу голем пораз, и освои дваесет градови, расположени помеѓу Ароер, Минит и Авел-Кера­мим, и се смирија Амонците пред синовите Израелови. 34Потоа дојде Ефтај во Мицпа, во домот свој, и ете, ќерка му излегува во пресрет со тимпани и оро: таа му беше единица; освен неа немаше друг син или ќерка. 35#4 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22; Проп 5,3-5Штом ја виде, ја раскина облеката своја и рече: „Ах, дете мое! Ти ме фрлаш во големи јадови: и ти си меѓу оние што го нарушија спокојството мое! Јас ја отворив устата своја пред Господ и не можам да ја одречам мојата заклетва.“ 36Таа му одговори: „Татко! Ти ја от­вори устата своја пред Господ и прави го она со мене што си го кажал со устата своја штом Господ се одмазди преку тебе на твоите непријатели, Амонците.“ 37И му рече на својот татко: „Но допушти ми го само уште ова: пушти ме за два месеца да отидам да се искачам на гората и да го исплачам моминството свое со другарките мои!“ 38Тој ѝ рече: „Оди!“ И ја пушти за два месеца. Таа отиде со другарките свои и го оплакуваше моминството свое во гората. 39По два месеца таа се врати кај својот татко, и тој го изврши над неа заветот свој што го даде, и таа не позна маж. Оттогаш стана обичај во Израел, 40секоја година ќерките Израелови да одат и да ја оплакуваат ќерката на галаадчанинот Ефтај, по четири дена во годината.

Currently Selected:

Судии 11: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in