YouVersion Logo
Search Icon

Евреите 5

5
Христос е вистински Првосвештеник, поголем од Арон
1 # 8,3; 9,9 Зашто секој Првосвештеник, кој од лу­ѓе се избира, за луѓето се пос­та­вува на служба Божја, да принесува да­рови и жртви за гревовите, 2#2,17-18; 4,15; 7,27-28; Мт 18,12и да може да ги разбира оние што се неумешни и заблудени, бидејќи и са­ми­от е со слабости; 3#7,27; 9,7; 3 Мојс 9,7; 16,6.15-16и затоа е должен како за народот, така исто и за своите гревови да принесува жртви. 4#2 Мојс 28,1; 4 Мојс 18,7; Јн 3,27И никој сам не се здобил со таква чест, туку само оној кој е повикан од Бога, како што беше Арон. 5#4,14; Пс 2,7; Јн 8,54Така и Христос не се прослави Сам Себеси, станувајќи првосвештеник, ту­ку Го прослави Оној Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес.“ 6#7,1-28; 1 Мојс 14,18; Пс 110,4Како што е и на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мел­хиседеков.“ 7#Пс 68,20; Мт 26,38-46; Јн 12,27Во деновите на Својот земен живот, Тој со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној Кој можеше да Го спаси од смртта и поради Својата пот­чинетост од почит беше чуен. 8#2,10; 9,12; Рим 5,19; Фил 2,8-9; Ис 45,17Иако беше Син, Тој се научи на по­слушност од она што го пострада, 9а, откако се усоврши, стана извор за вечно спасение на сите оние кои Му се послушни, 10#4,14и од Бога беше наречен Првосвеш­теник по чинот Мелхиседеков.
Да останеме во верата
11За ова би имале многу да ви зборуваме, што е и тешко да се толкува, би­дејќи тешко сфаќате. 12#1 Кор 3,1-3; 1 Птр 2,2Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба некој да ве учи кои се првите начела на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна. 13#Ефес 4,14Секој што се храни со млеко, е не­вешт во словото на правдата, бидејќи е дете; 14#1 Мојс 3,22; Ис 7,15; 1 Кор 2,6; Ефес 4,13а тврдата храна е за зрелите, кои благодарејќи на поуката, имаат чувства и се научени да разликуваат добро од зло.

Currently Selected:

Евреите 5: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in