YouVersion Logo
Search Icon

Евреите 4

4
1 # 12,15; 4 Мојс 14,31 Да внимаваме пак, додека уште ни е оставено ветувањето за влегување во Неговиот спокој, да не би се открило дека некој од вас би можел да задоцни. 2#Рим 10,16-17; Гал 5,2; 1 Сол 2,13Зашто и нам ни се соопшти, како и ним. Но словото, што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи оние што го беа чуле не поверуваа. 3#3,11; Пс 95,11А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој, како што рекол Тој: „Затоа се заколнав во гневот Свој дека тие нема да влезат во Мојот спо­кој“, иако Неговите дела беа завршени уште при создавањето на светот. 4#1 Мојс 2,2; 2 Мојс 20,11Зашто негде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела.“ 5#Пс 95,11И на тоа место пак: „Не ќе влезат во спокојот Мој.“ 6#3,18-19И така, на некои им се отвори да влезат во него, а оние, на кои им беше порано проповедано Евангелието, не влегоа поради непослушност. 7#3,7.8.15; Пс 95,7-8Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Денес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“ 8#5 Мојс 31,7; Ис.Н. 22,4Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе потоа за друг ден. 9Но, за народот Божји сѐ уште ос­та­нува саботна починка. 10#Откр 14,13Зашто, кој ќе влезе во спокојот Не­гов, тој ќе се одмора од делата свои, ка­ко и Бог од Своите. 11И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност. 12#Ис 49,2; 55,11; Ер 17,10; 23,29; Јн 10,35; 12,48; Дела 7,38; 12,24; 1 Кор 4,5; 14,24-25; Ефес 6,17; 1 Сол 2,13; 2 Тим 2,9; 1 Птр 1,23; 1 Јн 2,14; Откр 1,16; 19,13Зашто, словото Божјо е живо и деј­ствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мо­зо­кот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. 13#Ер 23,24; Пс 33,13-15; Изреки 5,21; Дан 2,22; Рим 14,12И нема создание сокриено за Него, туку сѐ е голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме.
Исус е нашиот Првосвештеник
14 # 2,17; 3,1; 5,5.10; 6,20; 7,26; 8,1; 9,11; 9,24; 10,21; 10,23; Ефес 4,10 Имајќи Го големиот Првосвеш­те­ник Кој преминал преку небесата, Исус, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедувањето на верата. 15#2,17-18; Мт 4,1-11; Лк 22,28; Јн 8,46; 2 Кор 5,21Зашто, ние немаме таков Прво­свештеник, што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој ис­кусил сѐ како и ние, освен грев. 16#3,6; 7,19; 10,19.22.35; 1 Јн 3,21И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да при­миме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.

Currently Selected:

Евреите 4: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in