YouVersion Logo
Search Icon

Евреите 3

3
Христос е поголем од Мојсеј
1 # 2,11; 4,14; 10,23; Ис 17,7; 2 Кор 9,13; Фил 3,14 Затоа, браќа свети, учесници во небесното призвание, размислете за Пратеникот и Првосвештеникот на нашата вера, Исус Христос. 2Кој Му беше верен на Оној Кој Го поставил, како и Мојсеј – во целиот не­гов дом. 3#8,6; 2 Кор 3,7Зашто Тој се удостои со слава, толку поголема од Мојсеевата, колку што е поголема почитта што ја има оној што го изградил домот од почитта што ја има домот! 4Зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој изградил сѐ, е Бог. 5#2 Мојс 14,31; 4 Мојс 12,7; Откр 15,3И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она што требаше да се соопшти. 6#4,16; 1 Лет 17,12-14; Рим 5,2; 1 Кор 3,16; 6,19; Ефес 2,19-22; Кол 1,23; 1 Тим 3,15; 1 Птр 2,5Христос, како Син, е верен во Бож­јиот дом. Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фа­лиме, ги запазиме до крај.
Спокој за Божјите луѓе
7 # Пс 95,7-11 # 9,8; 10,15; Мт 22,43; Дела 28,25 Поради тоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, ако го чуете гласот Негов, 8#2 Мојс 17,7не жесточете ги срцата свои, како во огорченоста на денот на искушувањето во пустината, 9каде што татковците ваши Ме ис­ку­шаа, Ме испитуваа, иако ги гледаа дела­та Мои преку четириесет години. 10#Дела 7,36Затоа се разгневив на тој род и ре­­ков, секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои. 11#4 Мојс 14,21-23; 5 Мојс 1,34-35Па така се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот спокој.“ 12#3,8; 10,22; 12,15; Ер 18,12Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог. 13#3,7; 10,24; Рим 7,11; 2 Кор 6,1-2; 1 Сол 5,11; 2 Сол 2,10Туку храбрете се секој ден еден по друг додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот; 14#11,1зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога; 15#Пс 95,7-8додека се вели: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат ср­цата ваши онака како кога се побунив­те.“ 16#4 Мојс 14,2А кои беа тие што чуја и пак се по­бунија? Зар не беа тоа сите оние кои со Мојсеј излегоа од Египет? 17#4 Мојс 14,29Против кого негодуваше Тој че­ти­риесет години? Нели против оние што погрешија и чии коски останаа во пус­тината? 18#5 Мојс 1,26; 1 Кор 10,5А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој ако не на оние, што беа непослушни? 19#3,12; 4,6; Пс 78,22; 106,24; Јн 3,36И така, гледаме дека тие не можеа да влезат поради неверието.

Currently Selected:

Евреите 3: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in