YouVersion Logo
Search Icon

Ездра Вовед

Вовед
Книгите Ездра и Неемија произлегуваат од иста средина како и двете книги Летописи (види во воведот на 1 Летописи) и сочинуваат нивно про­должение. Тие се составени во ист дух и во иста перспектива.
Книгата започнува со овластувањето на Јудејците добиено од Кир, царот на Персија, според кое тие можат да одат да го обноват храмот во Ерусалим (1). Поголем број од прогонетите се враќаат во татковината (2). Нивната прва грижа е да го подигнат во Ерусалим жртвеникот и повторно да ги вос­постават традиционалните обреди (3). Меѓутоа подготовките за повторната изградба на храмот предизвикуваат спротивставување на одредени непријатели. Од тоа произлегува честата преписка со персиската администрација, која се залага за обновата на храмот (4–6).
Во вториот дел од книгата се опишува како, во наредниот век, свештеникот Ездра, испратен од императорот Артаксеркс, го обно­вува и го реформира религиозниот живот во Ерусалим (7–10). Порака­та на книгата за Ездра ја истакнува неопходноста од верата и праведниот живот. Таа ја покажува храброста и преданоста со која овој свештеник – реформатор се зафа­тил да ја обнови верата и побожнос­та во Израел. Имено во времето на Ездра започнува да се формира оној јудаизам, во чија средина неколку векови подоцна, ќе се роди Исус Христос.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in