2 Летописи 36
36
Јудејскиот цар Јоахаз
(2 Цар 23,30-35)
1Народот на таа земја го зеде Јоахаз, синот Јошиев, го помаза и го постави за цар на местото од таткото негов во Ерусалим. 2Јоахаз имаше дваесет и три години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца. 3Египетскиот цар го собори од престолот во Ерусалим, го одведе во Египет и ѝ наложи на земјата глоба од сто кикари сребро и еден кикар злато. 4#Ез 19,4Египетскиот цар го постави братот негов Елијаким за цар над Јудеја и над Ерусалим, и му го смени името во Јоаким, а братот негов Јоахаз, Нехо го зеде и го одведе во Египет.
Јудејскиот цар Јоаким
(2 Цар 23,36–24,7)
5 #
Ер 22,18; 25,1; 26,1 Јоаким имаше дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години. Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, својот Бог. 6#Ер 25,9; Ез 19,9; Дан 1,1Против него излезе Навуходоносор, царот вавилонски, и го окова во окови, за да го одведе во Вавилон. 7#Ер 27,16; Дан 1,2; Езд 1,7Дел од садовите на Господовиот дом пренесе Навуходоносор во Вавилон и ги постави во своето идолско светилиште во Вавилон. 8Другите дела на Јоаким и гадотиите, што ги изврши и какви што се најдоа кај него, се опишани во книгата за царевите израелски и јудејски. Место него стана цар синот негов Јехониј.
Јудејскиот цар Јехониј
(2 Цар 24,8-17)
9 #
Ер 22,24-28
Јехониј имаше осумнаесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца и десет дена. Тој го правеше, она што беше лошо пред очите Господови. 10#2 Цар 20,17; Ис 52,11; Ер 14,18; Езд 1,7Откако измина годината, царот Навуходоносор испрати и заповеда да го доведат во Вавилон заедно со скапоцените садови на Господовиот дом, го постави за цар на Јудеја и Ерусалим братот негов Седекија.
Јудејскиот цар Седекија
(2 Цар 24,18-20; Ер 52,1-3)
11 #
2 Цар 24,11; Ер 27,1; 28,1 Седекија имаше дваесет и една година кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години; 12#5 Мојс 8,3; Ер 37–39; 44,10и тој го правеше она, што не беше угодно пред очите на Господ, својот Бог. Тој не се понизи ни пред пророкот Еремија, кој пророкуваше од Господовата уста.
Падот на Ерусалим
(2 Цар 25,1-25; Ер 52,3-11)
13 #
2 Мојс 32,9; 5 Мојс 9,27; Ез 17,13 И се одметна од царот Навуходоносор, кој го заколнал во името Божјо, и се покажа тврдоглав и го ожесточи срцето свое дотаму, што не се обрати кон Господ, Бог Израелов. 14#1 Лет 5,25Па и сите началници над свештениците и над народот ги зголемија своите престапи, следејќи ги сите гадотии на незнабошците, и го осквернуваа домот на Господ, што Тој го беше осветил во Ерусалим. 15#Ис 5,4; Ер 7,25; Мал 2,7Господ, Бог на нивните предци, им испраќаше Свои гласници уште во рано утро, зашто Му беше жал за Својот народ и Своето живеалиште. 16#2 Цар 2,23; Јов 8,2; Дан 9,6; Езд 5,12; Мт 5,12Но тие се подбиваа со испратените од Бога и не се грижеа за зборовите Негови, ги понижуваа пророците Негови, додека гневот на Господ не падна врз народот Негов, та немаше за него спасение. 17#5 Мојс 32,25; Ер 6,11; 9,21; Ез 9,6; Езд 5,12И Тој го испрати врз нив халдејскиот цар, и тој ги уби со меч младинците нивни во домот на нивната светиња; не го поштеди ни Седекија – ни девица, ни старец, ни немоќен. Сѐ предаде Бог во раката негова. 18#Ер 27,20И сите садови на Божјиот дом, големи и мали, и ризниците на домот Господов, и ризниците на царот и началниците негови, – сѐ однесе во Вавилон. 19Па го изгореа Божјиот дом, ги разурнаа ѕидовите на Ерусалим и сите негови дворци со оган ги изгореа; и сите негови скапоцености ги уништија. 20А избавените од меч Навуходоносор ги пресели во Вавилон, и тие му беа робови нему, до зацарувањето на персискиот цар, 21за да се исполни зборот Господов, кажан преку устата на Еремија: додека земјата не ги отпразнува своите саботи, ќе почива во пустош, сето тоа време, сѐ додека не се навршат седумдесет години.
Декрет на царот Кир за враќање на Јудејците
(Езд 1,1-4)
22А во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни зборот Господов, кажан преку устата на Еремија, Господ го подбуди духот на Кир, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото негово царство, усно и писмено, и да кажат: 23„Вака рече Кир, царот персиски: ‚Господ, Бог небесни, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да Му изградам дом во Ерусалим, во Јудеја. Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, Господ, неговиот Бог нека биде со него, и тој нека оди таму.‘“
Currently Selected:
2 Летописи 36: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006