YouVersion Logo
Search Icon

Ездра 3

3
Јешуа и Зоровавел повторно го воспоставуваат богослужението
1 # 2 Мојс 23,24; Неем 7,72; 8,1 Кога настапи седмиот месец, и синовите Израелови веќе беа по гра­довите, народот се собра заедно во Еру­салим. 2#2,2; 2 Мојс 20,24; 5 Мојс 12,5-6; Зах 6,11; 2 Лет 23,18; 4,4; Дан 9,25Тогаш Јешуа, синот на Јоседек, и неговите браќа по свештенство, и Зоровавел, синот на Салатиил, и бра­ќата негови, започнаа да Му градат на Бог Израелов жртвеник за да принесуваат на него сепаленици, како што е запишано во законот на Мојсеј, човекот Божји. 3Го поставија жртвеникот врз осно­вите негови, бидејќи се плашеа од соседните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господ, наутро и навечер. 4#2 Мојс 23,14; 4 Мојс 28,3-8И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, а принесуваа и секојдневни жртви сепаленици во определен број како што беше определено за секој ден. 5#4 Мојс 28,14; 29,39; Кол 2,16Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господ, како и доброволни приноси на Господ од секој, кој сакаше. 6А од првиот ден на седмиот месец почнаа да Му принесуваат сепаленици на Господ. Но на Господовиот храм уш­те не му беа поставени темелите. 7#1 Цар 5,16-25; 1 Лет; 22,4-5; 2 Лет 2,9.14И почнаа да даваат пари на каме­ноделци и дрводелци, и јадење и пиење и масло на Сидонци и Тирци за да донесат кедрово дрво од Ливан по морето во Јафа, со дозвола од Кир, персискиот цар. 8#4 Мојс 4,3; 1 Цар 6,1; Зах 4,9На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот на Сала­тиил, и Јешуа, синот на Јоседек, и дру­гите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите што беа дошле од пленство во Ерусалим, започнаа со работа и поставија левити од дваесет години и нагоре за да ја надгледуваат работата околу домот Господов. 9И Јешуа, синовите негови и бра­ќата негови, Кадмиел и синовите негови – потомци Јудини – станаа како еден чо­век и ги надгледуваа работниците кај домот Господов, а исто така и синовите на Хенадад, левитите, нивните синови и нивните браќа. 10#5,16; 6,3; 4 Мојс 10,2; 2 Сам 6,5; Неем 12,35; 1 Лет 16,6; 2 Лет 5,13Кога ѕидарите ги положија осно­вите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити – синови Асафови – со кимвали, за да Го слават Господа по уставот на Давид, царот Израелов. 11#Ер 33,11; Пс 100,5; 136,1-26; 1 Лет 16,34; 2 Лет 5,13; 2 Лет 7,3И почнаа да Го фалат и слават Господа, пеејќи: „Зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израел е довека.“ И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејќи Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Госпо­довиот дом. 12#Агеј 2,3Меѓутоа, мнозина од свештени­ците и левитите и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, додека се градеше новиот храм пред очите нивни, пла­чеа гласно, а мно­зина и подвикуваа силно од радост. 13#Пс 27,6; Јов 8,21И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто народот викаше силно и гласот негов се слушаше на далеку.

Currently Selected:

Ездра 3: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in