YouVersion Logo
Search Icon

Езекиел 45

45
Божји дел од земјата
1Кога со ждрепка ќе ја делите земјата на делови, одделете свет дел за Господ – дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади лакти во ширина; тоа место да биде свето како целина наоколу. 2Од него до светилиштето да има четириаголник, по петстотини лакти наоколу и околу него, со ширинка од педесет лакти. 3#48,8Според таа мерка измери дваесет и пет илјади трски надолж и десет илјади трски по ширината, каде што ќе се наоѓа светилиштето, Светињата над светињите. 4Тој дел од светата земја ќе им припаѓа на свештениците, служители на светилиштето, кои ќе пристапуваат да Му служат на Господ; тоа место ќе биде место за куќи и светиња за све­тилиштето. 5Дваесет и пет илјади трски по дол­жина и десет илјади трски по ширина, ќе им припаѓа на левитите, служители на храмот, како нивно владение, каде што ќе живеат. 6Дајте му и на градот владение од пет илјади трски нашир и дваесет и пет илјади трски по должина, спроти светото место, определено за Господ; тоа ќе му припаѓа на сиот дом Израелов.
Земја за кнезот
7И за кнезот определете дел од едната и од другата страна, до светото место, определено за Господ, како и до владението на градот, кон запад од за­падната страна и кон исток од источна­та страна, во должина еднаква со еден од оние делови од западниот до источ­ниот крај. 8#Ер 22,17Тоа ќе биде негова земја, негово владение во Израел, така што во иднина кнезовите Мои да не го угнетуваат народот Мој, и земјата да ја раздаваат на домот Израелов според колената негови.
Уредби за кнезовите
9Така вели Господ Бог: кнезови изра­елски, доста беше ова, оставете ги насилствата и принудувањата, а вршете закон и правда; престанете да го изгонувате народот Мој од владенијата негови, вели Господ Бог. 10#3 Мојс 19,36Имајте иста мерка: вистинска ефа и вистински бат. 11Ефата и батот треба да бидат еднак­ви, така што батот да содржи една десе­тина хомер, а и ефата една десетина хомер; мерката нивна треба да се определува според хомерот. 12Во еден шекел треба да се содржат дваесет гери; а дваесет шекели, дваесет и пет шекели и петнаесет шекели треба да ви претставуваат една мина. 13Ете, тоа е данокот што ќе му го давате на кнезот: шести дел од ефа по секој хомер пченица и шести дел од ефа по секој хомер јачмен; 14а мерката за маслото: една десетина бат од секој кор, (корот, како и хомерот изнесува десет бата); 15по една овца на стадо од двесте овци, од богатото пасиште на Израел; сето тоа ќе биде дар за лебен принос, за сепаленица и за благодарствена жртва, поради нивното очистување, вели Гос­под Бог. 16Сиот народ од земјата должен е да го дава тој принос за кнезот во Израел. 17А кнезот е должен да принесува сепаленици и лебен принос, прелив на празници, во новомесечијата и во саботите за време на сите прослави во домот Израелов; тој ќе треба да принесува жртви за грев и лебен принос, се­паленици и благодарствени жртви за очистување на домот Израелов.
За празниците
18 # 2 Мојс 12,1-20; 3 Мојс 23,33-43 Така вели Господ Бог: во првиот месец, на првиот ден од месецот, земи од стадото волови јунец без недостаток и очисти го светилиштето. 19Свештеникот нека земе крв од таа жртва за грев и со неа нека ги пороси довратниците на храмот и рамнинката на жртвеникот на четирите агли, а и довратниците на внатрешниот двор. 20Тоа исто направи го и во седмиот ден од месецот за оние кои намерно и од незнаење грешат, па така очисти го храмот. 21На четиринаесеттиот ден од првиот месец треба да празнуваш Пасха, седмодневен празник кога ќе се јадат бесквасни лебови. 22#3 Мојс 4,14Во тој ден кнезот ќе принесе за себе и за сиот народ во земјата жртва – еден јунец за грев. 23И во тие седум дена на празникот тој ќе Му принесува на Господ сепаленица секој ден, по седум јунци и по седум овни без недостаток, а и жртва за грев секој ден – по еден козел од стадото кози. 24Лебен принос ќе принесува по ефа на јунец и по ефа на овен, и масло по хин од ефа. 25Во седмиот месец, на петнаесеттиот ден од месецот, на празникот, во текот на седумте дена тој треба да принесува исто таква жртва за грев, таква сепаленица, и толку лебен принос и толку масло.

Currently Selected:

Езекиел 45: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in