YouVersion Logo
Search Icon

Езекиел 44

44
Намената на источната врата
1Потоа ме поведе назад, кај надворешната врата на светилиш­тето, свртена кон исток, а таа беше затворена. 2И ми рече Господ: оваа врата ќе биде затворена, не смее да се отвора и ниеден човек нема да влезе низ неа, зашто Господ Бог Израелов влегува низ неа и таа ќе биде затворена. 3Таа е за кнезот, само за кнезот, затоа што е кнез и ќе седне до неа за да јаде леб пред Господ: ќе влезе преку тремот на таа врата и преку неа ќе излезе. 4#43,3-5; 2 Мојс 40,34; 1 Цар 8,10Потоа ме одведе низ северната врата пред лицето на храмот и видов, а тоа славата Господова го исполнуваше домот Господов, и паднав ничкум. 5И ми рече Господ: сине човечки, земи го при срце сево ова, гледај со очите свои и слушај го со ушите свои сето она, што ќе ти го кажам за сите наредби во домот Господов и за сите негови закони: пази добро за влезот на храмот и за сите излези од светилиш­тето. 6И кажи му на отстапничкиот дом Израелов – вака вели Господ Бог: „Доме Израелов, престанете да ги вршите сите ваши гадотии, 7да ги воведувате синовите на туѓин­ка, необрезани по срце и необрезани по плот, за да бидат во Моето светилиште и да го осквернуваат Мојот храм, да го поднесувате Мојот леб, мрснотија и крв и да го растурате Мојот завет со вашите секакви гадотии. 8Вие не стоевте на стража пред мои­те светињи, а ги поставувавте нив како стражари место себе во Моето свети­лиште. 9Така вели Господ Бог: ниеден син на туѓинка, необрезан по срце и необрезан по плот, не смее да влегува во Моето светилиште, дури и оној син на туѓинка, која живее меѓу синовите Израелови. 10Исто така и левитите, кои се одда­лечија од Мене во времето на Израе­ловото отстапништво, откако Ме ос­тавија, блудствуваа со идолите свои, исто така тие ќе претрпат казна за гревовите свои. 11Тие ќе служат во светилиштето Мое како стража пред вратата на хра­мот и како прислужници на храмот; тие ќе колат за луѓето сепаленици и други жртви; ќе стојат пред нив за да им служат. 12А заради она што им служеа пред нивните идоли и за домот на Израел беа соблазан за нечестие, Јас ја кренав ра­ката Своја врз нив, вели Господ Бог, и тие ќе претрпат казна за гревот свој; 13тие нема да се приближуваат до Мене за да служат како свештеници пред Мене и да пристапуваат до сите Мои светињи, до Светињата над светињите, но ќе го носат врз себе срамот свој и гадотиите свои, што ги вршеле. 14Ќе ги направам чувари на храмот за сите негови служби и за сѐ, што ќе се одвива во него.
За свештениците
15А свештениците од коленото Ле­виево, синовите на Садок, кои постојано пазеа на Моето светилиште, кога сино­вите Израелови отстапија од Мене, ќе се приближуваат до Мене за да Ми служат и ќе се задржуваат пред лицето Мое, за да Ми принесуваат мрснина и крв, вели Господ Бог. 16Тие ќе влегуваат во Моето свети­лиште и ќе се приближуваат до Мојата трпеза, за да ми служат и да бидат стража Моја. 17#2 Мојс 28,5.39-43; 3 Мојс 16,4Кога ќе дојдат до вратата на внат­решниот двор, тогаш ќе се облечат во ленени облеки, а волнени не смее да има во нив за сето време на службата, до вратите на внатрешниот двор и внат­решноста на храмот. 18Превезите на главите нивни треба да бидат исто така ленени; а и долната облека на бедрата нивни исто така ленена; тие не смеат да се опашуваат со ништо, од што би се потеле. 19#3 Мојс 16,23А кога ќе треба да излезат во надворешниот двор, во надворешниот двор пред народот, тогаш ќе треба да ги соблечат облеките свои, со кои служе­ле, и да ги остават во свештените соби и да облечат други облеки, а со свеште­ните облеки да не се допираат до народот. 20#3 Мојс 21,5И главата своја не смеат да ја бричат ниту косата да ја пуштаат, туку да ја стрижат главата своја. 21#3 Мојс 10,9Ниеден свештеник да не пие вино, кога ќе влегува во внатрешниот двор. 22#3 Мојс 21,7.13-14Ниту вдовица, ни пак разведена жена од маж не смее тој да зема за жена, туку само девојка од племето на домот Израелов, и вдовица од свеште­ник. 23#22,26Тие треба да го учат Мојот народ да разликува свештено од несвештено и да им објаснуваат што е нечисто, а што е чисто. 24Во расправиите на судовите треба да присуствуваат и според Моите наредби да судат и да пазат на Моите закони и на наредбите Мои за сите Мои празници и свето да пазат на Моите саботи. 25#3 Мојс 21,1-4До мртов човек никој да не се доближува, за да не стане нечист, само заради татко и мајка, заради син и ќер­ка, брат и сестра што не се женеле можат да се осквернат. 26На таков, откако ќе се очисти, треба да се избројат уште седум дена. 27И во оној ден, кога ќе треба да пристапи до светињата во внатрешниот двор, за да служи пред светињата, тој треба да принесе жртва за грев, вели Господ Бог. 28#4 Мојс 18,20А што се однесува до делот нивни, Јас сум нивниот дел. И сопственост во Израел не давајте им: Јас сум нивната сопственост. 29#4 Мојс 18,8-19Тие ќе јадат од лебниот принос, од жртвата за грев и од жртвата за престап: и сѐ што е ветено во Израел, ним им припаѓа. 30И првините од сите ваши плодови и од секој ваш род како принос, какви и да биле вашите приноси, им припаѓаат на свештениците; и првините од браш­ното давајте му го на свештеникот за да има благослов во вашите домови. 31#3 Мојс 22,8Свештениците не смеат да јадат ни­каква мрша и ништо раскинато од ѕвер, па било тоа птица или добиток.“

Currently Selected:

Езекиел 44: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in