Езекиел 30
30
Господ ќе го казни Египет
1И дојде слово Господово до мене: 2#Амос 5,18„Сине човечки, изречи пророштво и кажи – вака вели Господ Бог: плачете, ете иде злочест ден. 3Зашто близок е денот, да, близок е денот Господов, денот мрачен; часот на народите иде. 4И ќе тргне меч против Египет и ужас ќе се распространи во Етиопија, кога поразените од Египет ќе паднат, кога ќе го земат богатството негово и кога основите негови ќе бидат разрушени. 5#Ер 46,9Етиопија, Пут и Луд, цела Арабија и Либија, како и синовите на сојузничките земји заедно со нив ќе паднат од меч. 6#29,10Така вели Господ Бог, ќе паднат потпорите на Египет и ќе падне гордоста на неговата моќ; од Мигдол до Сиена ќе паѓаат во него од меч, вели Господ Бог. 7И тој ќе се запусти меѓу опустошените земји и градовите негови ќе бидат меѓу опустошените градови. 8И ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го пратам огнот врз Египет и сите негови сили ќе бидат скршени. 9Во оној ден, ќе тргнат од Мене известители со кораби за да ги уплашат безгрижните Етиопјани, и ќе се распространи меѓу нив ужас, како во денот на Египет; зашто, ете, тој иде. 10Така вели Господ Бог: на египетскиот многуброен народ ќе му ставам крај преку раката од Навуходоносор, царот вавилонски. 11#29,11-12Тој и народот негов со него, најжестоки меѓу народите, ќе бидат доведени за погибел на таа земја и ќе ги извадат мечевите свои против Египет и ќе ја наполнат земјата со убиени. 12Ќе ги пресушам реките и ќе ја предадам земјата во рацете на лошите и со раката на туѓинците ќе ја опустошам земјата и сѐ што ја исполнува. Јас, Господ, го реков тоа.“ 13Така вели Господ Бог: „Ќе ги истребам идолите и ќе ги уништам лажните богови во Мемфис и во земјата египетска нема повеќе да има принцови, и ќе пратам страв во земјата египетска. 14Ќе го опустошам Патрос, ќе испратам оган во Цоан и ќе извршам суд над Но. 15Ќе ја излијам јароста Своја врз Син, египетската тврдина, и ќе го истребам многубројниот народ во Но. 16Ќе испратам оган врз Египет, ќе затрепери Син и Но ќе биде разрушен. А врз Мемфис ќе нападнат непријателите среде бел ден. 17Младите луѓе од Авен и од Пи-Бесет ќе паднат од меч, а другите ќе бидат одведени во ропство. 18И во Тафнис ќе се помрачи денот, кога таму ќе го скршам јаремот египетски и ќе се прекрати во него неговата горда моќ. Облак ќе го покрие и ќерките негови во ропство ќе отидат; 19така ќе му пресудам на Египет, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“
Скршена моќта на Египет
20Во единаесеттата година, во првиот месец, на седмиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене: 21„Сине човечки, Јас веќе ја скршив раката на фараонот, египетскиот цар, и ете, таа уште не е преврзана, за да биде излекувана, и не е завиткана со лекарски преврски, од кои би добила сила, за да држи меч. 22Затоа, вака вели Господ Бог: еве Јас сум против фараонот, египетскиот цар и ќе ги скршам рацете негови, здравата и искршената, така што мечот ќе му падне од рацете негови. 23Ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјите. 24А рацете на вавилонскиот цар ќе ги направам јаки, во раката негова ќе му дадам Свој меч; и рацете на фараонот ќе ги скршам и тој изнаранет ќе офка силно пред него. 25Ќе ги зацврстам рацете на вавилонскиот цар, а рацете на фараонот ќе малаксаат; и ќе познаат дека Јас сум Господ Бог, кога ќе му го дадам мечот Свој во раката на вавилонскиот цар, и тој ќе го потегне врз земјата египетска. 26Ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјата, и тие тогаш ќе познаат дека Јас сум Господ.“
Currently Selected:
Езекиел 30: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006