Езекиел 29
29
Пророштво против Египет
1 #
Ис 19,1-25; Ер 46,2-26 Во десеттата година, десеттиот месец, во дванаесеттиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон фараонот, египетскиот цар, и изречи пророштво против него и против целиот Египет. 3#Откр 12,3Говори и кажи им – вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против тебе фараоне, царе египетски, голем змеју, кој лежиш по реките свои и велиш: ‚моја е реката и јас ја создадов за себе.‘ 4Но Јас ќе ставам јадица во твоите челусти и на твоите лушпи; и ќе те извлечам од реките твои со сета риба на твоите реки, што се залепила на твоите лушпи; 5ќе те фрлам во пустината, тебе и сета риба од твоите реки; ти ќе паднеш на откриено поле; нема да те земат и погребат; ќе допуштам да те изедат ѕверовите земни и птиците небески. 6#Ис 36,6И ќе познаат сите жители на Египет дека Јас сум Господ, зашто тие беа на домот Израелов потпорна трска. 7И кога се фатија со раката своја за тебе, ти се раскина и рамињата им ги откина; и кога се потпреа на тебе, ти се скрши и им ги изнарани сите нивни бедра.“ 8Затоа, вака вели Господ Бог: „Еве, Јас ќе испратам против тебе меч и ќе ги истребам кај тебе луѓето и добитокот. 9Египетската земја ќе стане пустина и степа; па ќе познаат дека Јас сум Господ. Бидејќи тој вели – моја е реката и јас ја создадов, 10затоа, еве, Јас сум против твоите реки и египетската земја ќе ја направам пустина над пустините од Мигдол до Сиена, до пределот на Етиопија. 11Нема да оди по неа човечка нога и нога на добиток нема да стапне на неа, и нема да се живее на неа четириесет години. 12И ќе ја направам земјата египетска пустина меѓу запустени земји; и градовите нејзини меѓу запустени градови, ќе бидат пусти четириесет години и ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги распрснам по земјата. 13#Ис 19,16.25Зашто вака вели Господ Бог: откако ќе изминат четириесет години, Јас ќе ги соберам Египќаните откај народите, каде што ќе бидат растурени. 14И ќе ги вратам египетските заробеници и ќе ги доведам назад во земјата Патрос, во земјата на нивното потекло и тие таму ќе претставуваат слабо царство. 15Тоа ќе биде послабо од другите царства и нема веќе да се гордее над народите; ќе ги смалам за да не владеат над народите. 16И во иднина, тие нема да бидат потпора на домот Израелов, за да го спомнуваат нивното беззаконие, кога се обраќаа кон него; и ќе познаат дека Јас сум Господ Бог.“
Навуходоносор ќе го покори Египет
17Во дваесет и седмата година, првиот месец, во првиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене: 18„Сине човечки, Навуходоносор, царот вавилонски, ја истошти војската своја со големи работи кај градот Тир: секоја глава оќелаве и секое рамо беше изнарането; но ни за него, ни за војската немаше награда од Тир за трудот што тој го употреби против него.“ 19#Ер 43,8-13Затоа, така вели Господ Бог: „Еве, Јас му ја давам на вавилонскиот цар Навуходоносор земјата египетска, за да го собере богатството нејзино, да изврши грабеж во неа и да однесе сѐ што грабела таа, и тоа ќе биде награда за неговата војска. 20Како награда за работата, која тој ја изврши во него, Јас му ја предавам земјата египетска, зашто тој го вршеше тоа заради Мене, вели Господ Бог. 21Во тој ден ќе го вратам рогот на домот Израелов и тебе ќе ти ја отворам устата меѓу нив, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“
Currently Selected:
Езекиел 29: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006