Езекиел 24
24
Најава за опсада на Ерусалим
1 #
2 Цар 25,1
И дојде слово Господово до мене во деветтата година, десеттиот месец, во десеттиот ден од месецот: 2„Сине човечки, запиши го името на овој ден, на овој ист ден: во тој ист ден вавилонскиот цар ќе настапи против Ерусалим. 3Изречи пророштво против отстапничкиот дом и кажи им – вака вели Господ Бог: Стави котел, стави и наполни го со вода; 4стави во него парчиња месо, сите парчиња да бидат најдобри, колкови и плешки и наполни го со одбрани коски; 5земи одбрани овци и стави под нив коски и вари ги додека и коските не се разварат во него.“ 6Затоа вака вели Господ Бог: „Тешко му на крвничкиот град, тешко на котелот во кој има бигор и од кој бигорот не се вади; парче по парче исфрлајте од него; но ждрепка не фрлајте за него. 7#3 Мојс 17,13; 5 Мојс 12,16; Откр 18,24Зашто крвта негова е во него; тој ја остави на гол камен; не ја проли врз земјата, каде што би можело да се покрие со прав. 8#1 Мојс 4,10За да предизвикам гнев за извршување на одмаздата, Јас ја оставив крвта на гол камен, за да не се покрие.“ 9Затоа, така вели Господ Бог: „Тешко му на крвавиот град, и Јас ќе ставам голем оган; 10притури дрва, распали го огнот, развари го месото; сето тоа нека се згусти, а коските да се изгорат. 11И кога котелот ќе остане празен, стави го врз јаглен за да се вжешти и усвити го неговиот бакар, па нечистотијата негова да се стопи во него, и сиот бигор да исчезне. 12Трудот ќе биде тежок; но многуте бигори нема да се извадат од него; дури и во огнот од бигорот ќе остане во него. 13Во твојата нечистотија има таква гадотија, што колку и да те чистам, ти сѐ уште ќе останеш нечист; од твојата нечистотија ти и во иднина нема да се очистиш, сѐ додека не се исполни гневот Мој врз тебе. 14Јас, Господ, Јас го зборувам ова: тоа ќе дојде, Јас ќе извршам; нема да одменам, нема да поштедам и нема да се смилувам. Според твоите патишта и според твоите дела ќе ти судам“, вели Господ Бог.
Смртта на пророковата жена
15И дојде слово Господово до мене: 16„Сине човечки, еве, Јас преку поразот ќе ти ја земам утехата на твоите очи; но ти да не тажиш и не плачи и солзи не пролевај. 17Воздивнувај тивко, не оплакувај го умрениот; врзи си шамија и обувај ги нозете свои со твоите обувки, брадата не покривај ја и леб од туѓи луѓе не јади.“ 18И, откако утрината му зборував на народот, вечерта умре жената моја и на вториот ден направив така, како што ми беше заповедано. 19И ми рече народот: „Нема ли да ни кажеш какво значење има за нас тоа што го правиш?“ 20Им одговорив: до мене дојде слово Господово: 21„Кажи му на домот Израелов – така вели Господ Бог – еве, Јас ќе го препуштам светилиштето Свое на поруга, потпора на силата ваша, утеха на очите ваши и радост на душите ваши, а вашите синови и вашите ќерки, што ги оставивте, ќе паднат од меч. 22И вие ќе го правите истото што го правев и Јас; брадата нема да ја сокривате и леб од туѓинци нема да јадете. 23И шамиите ваши ќе бидат на главите ваши, и обувките ваши на нозете ваши; нема да тажите и да плачете, туку ќе копнеете поради вашите гревови и ќе воздивнувате еден пред друг. 24А Езекиел ќе ви биде знак за сето тоа што тој го направи, и вие ќе го правите тоа; и кога ќе се збидне тоа, ќе познаете дека Јас сум Господ Бог. 25А што се однесува до тебе, сине човечки, во оној ден, кога ќе го земам од нив украсот на славата нивна, утехата на очите нивни, и радоста на душите нивни, синовите нивни и ќерките нивни, 26во тој ден ќе дојде кај тебе оној што се спасил оттаму за да те извести. 27#3,26; 12,6Во тој ден пред бегалецот ќе ти се отвори устата твоја и ти ќе зборуваш и нема веќе да бидеш безгласен, а ќе станеш знак за нив и ќе познаат дека Јас сум Господ.“
Currently Selected:
Езекиел 24: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006