Езекиел 23
23
Неверни сестри
1И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, имаше две жени, ќерки на една мајка. 3#20,7-8И блудствуваа тие во Египет, блудствуваа додека беа млади; таму ги фаќаа градите нивни, и таму ги изгмечија нивните девствени гради. 4Имињата нивни беа: големата се викаше – Охола, а сестра ѝ – Охолива. И тие беа Мои и раѓаа синови и ќерки; Охола е всушност Самарија, а Охолива – Ерусалим. 5И Почна Охола да ме изневерува и се приближи кон љубовниците свои, кон Асирците, кон соседите свои, 6кон оние што се облекуваа со облеки од порфир, кон обласните началници и градските управители, кон сите убави момчиња, коњаници, што јаваат на коњ. 7И живееше бесрамно со сите тие избрани синови на Ашур и се осквернуваше себеси со сите идоли на секој од нив, кон кого се прилепуваше; 8не престануваше да блудствува и со Египќани, бидејќи тие спиеја со неа во младоста нејзина и ги стискаа градите нејзини и ја изливаа врз неа својата похот. 9Затоа и Јас ја предадов во рацете на милениците, во рацете на Ашуровите синови, кон кои таа се придружи. 10Тие ја открија голотијата нејзина, ги зедоа синовите и ќерките нејзини, а неа ја убија со меч. И таа стана за потсмев меѓу жените, кога ја извршуваа пресудата врз неа. 11#Ер 3,8-11Сестра ѝ Охолива го виде тоа и стана уште поразвратна во љубовта своја, и блудството нејзино го надмина блудството на сестра ѝ. 12Таа се прилепи до Ашуровите синови, до обласните началници и градските управители, соседи нејзини, богато облечени, коњаници што јаваа на коњи, кон сите одбрани момци. 13Јас видов дека таа се оскверни и дека обете одат по ист пат. 14Но таа уште повеќе ги умножи блудствата свои, зашто, кога виде насликани мажи на ѕидот, обоени ликови на Халдејци, 15кои беа со појас опашани до крстот и со богати преврски на главата и кои изгледаа како воени началници, што прилегаат на вавилонските синови, чија татковина е земјата халдејска; 16таа се вљуби во нив на прв поглед со очите свои и испрати кај нив пратеници во Халдеја. 17И вавилонските синови дојдоа кај неа во љубовното легло и ја осквернија со своето блудство, а преку нив и таа се оскверни и душата нејзина се одврати од нив. 18Кога, пак, се оддаде јавно на своето блудство и ја откри голотијата своја, тогаш се одврати од неа и Мојата душа, како што се одврати душата Моја од сестрата нејзина. 19И таа ги зголемуваше своите блудства, спомнувајќи ги деновите на младоста своја, кога блудствуваше во египетската земја. 20И се прилепи кон своите миленици, чие тело е како тело на магаре, и похотта како на коњи. 21Така ти се присети на бесрамноста во твојата младост, кога Египќаните ги пипкаа твоите гради, и ги стискаа твоите млади дојки.
Божји суд над помладата сестра
22Поради тоа, Охолива, вака вели Господ Бог: Еве Јас ќе ги подигнам против тебе твоите миленици, од кои се одврати душата твоја, и ќе ги доведам против тебе од сите страни; 23#2 Цар 24,2синовите на Вавилон, и сите Халдејци, од Пекод, од Шоа и Коа, и со нив сите Ашурови синови, убави момци, обласни началници и градски управители, големците и познатите, сите вешти јавачи; 24и ќе дојдат против тебе од север и многу бојни коли со многу народ, ќе те опседнат од сите страни, со штитови, со шлемови и оклопи. Ним ќе те предадам на суд и тие ќе ти судат со својот суд. 25И ќе ја свртам Мојата ревност против тебе и со тебе ќе постапат гневно: ќе ти го отсечат носот и ушите, а она што ќе остане, ќе падне од меч; ќе земат од синовите твои и од ќерките твои, а она, што ќе остане од оган ќе загине; 26ќе ти ги соблечат облеките твои и ќе ти ги земат накитите твои. 27Така ќе ставам крај на твојата расипаност и на твоето блудствување, што го вршеше во египетската земја, и нема да ги свртуваш кон нив очите свои, и за Египет нема повеќе да си спомнуваш. 28Зашто, така вели Господ Бог: Еве, Јас те предавам во рацете на оние, кои ти ги замрази, во рацете на оние, од кои се одврати душата твоја. 29#Откр 17,16И ќе постапат со тебе жестоко; ќе ти земат сѐ што е со труд заработено, ќе те остават гола и непокриена, и откриена ќе биде твојата срамна голотија, твојот блуд и бесчестие. 30Тоа ќе стане со тебе поради твоето блудствување со народите, со чии идоли ти се оскверни. 31Ти одеше по патот на сестрата своја; затоа и ќе ти ја дадам в рака чашата нејзина. 32#Ер 25,15-17Така вели Господ Бог: Ти ќе пиеш од длабоката и широка чаша на сестрата своја и ќе се изложиш на потсмев поради нејзината големина. 33Со пијанство и тага ќе бидеш исполнета: од чашата на ужасот и запустувањето, од чашата на сестра ти Самарија. 34И ќе ја испиеш и ќе ја пресушиш, парчињата нејзини ќе ги оближеш и градите свои ќе ги разраниш, зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог. 35Затоа, вака вели Господ Бог: Бидејќи ти Ме заборави и се откажа од Мене, па трпи сега заради својот грев и поради своето блудствување.“
Божји суд над двете сестри
36 #
20,4
И ми рече Господ: „Сине човечки, сакаш ли да им судиш на Охола и на Охолива? Кажи им ги нивните гнасотии; 37зашто тие прељубодејствуваа и крв има на рацете нивни, и со идолите свои прељубодејствуваа, а синовите свои, што Ми ги родија, преку оган ги пренесоа како храна за нив. 38Ете, што Ми направија: го осквернуваа светилиштето Мое во ист ден и ги нарушуваа саботите Мои. 39Зашто кога ги колеа децата свои за своите идоли, во истиот ден доаѓаа во светилиштето Мое, за да го осквернат; ете, како постапуваа тие во Мојот дом. 40Освен тоа, праќаа и по луѓе, што доаѓаа оддалеку; праќаа кај нив пратеници и, ете, тие доаѓаа, и ти за нив се капеше, ги дотеруваше очите свои и со накити се китеше. 41Седеше на убаво легло, пред кое имаше маса и на неа ги ставаше Моите благопријатни кадива и Моето масло. 42Се слушаше гласот на народот, кој ликуваше, и кај луѓето од народот доведуваа пијаници од пустината; и на рацете нивни ставаа гривни и на главите нивни – украсени венци. 43Тогаш реков за остарената во прељубодејство: Сега ќе се свршат блудствувањата нејзини заедно со неа. 44Но доаѓаа кај неа: доаѓаа како што се доаѓа кај жена блудница, така доаѓаа кај Охола и кај Охолива, кај тие развратни жени. 45Но мажи праведни ќе ги судат со суд за прељубодејки и со суд за крвопроливачки, зашто тие се прељубодејки и по нивните раце има крв. 46Така вели Господ Бог: да се свика против нив собрание и да ги предадат на мака и грабеж. 47И собранието ќе ги убие со камења и ќе ги испосече со мечевите свои, ќе ги убие синовите нивни и ќерките нивни и со оган ќе ги изгори куќите нивни. 48Така ќе го ставам крајот на расипаноста на таа земја и сите жени ќе го имаат тоа како пример, па нема да вршат срамни работи како вас. 49И ќе го свртат вашето бесчестие против вас, па ќе претрпите казна за гревовите и за вашето идолопоклонство, и ќе познаете дека Јас сум Господ Бог.“
Currently Selected:
Езекиел 23: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006