YouVersion Logo
Search Icon

Езекиел 21

21
Против југот
1И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон југ и кажи збор против југ и искажи пророштво врз гората во полето Негев. 3#Лк 23,21И кажи ѝ на гората во Негев: чуј го словото Господово – така вели Господ Бог: Еве Јас ќе запалам во тебе оган и тој ќе го проголта секое зелено дрво и секое суво дрво во тебе; и нема да угасне разбаботениот пламен, и тој ќе изгори сѐ од југ до север.“ 4И секое тело ќе види дека Јас, Господ Бог, го запалив и тој нема да угасне. 5А Јас реков: „О, Господи Боже, тие велат за мене: – не зборува ли при­казни?“
Божјиот меч
6И дојде слово Господово до мене: 7„Сине човечки, сврти го лицето свое кон Ерусалим и кажи слово против светилиштата, изречи пророштво против земјата израелска. 8#11,8; Ер 12,12И кажи ѝ на земјата израелска – вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против тебе, и ќе го извадам Мојот меч од ножницата негова и ќе истребам кај тебе праведник и грешник. 9А за да истребам кај тебе праведник и грешник, Мојот меч ќе излезе од ножницата своја против секое тело од југ до север. 10И секое тело ќе разбере дека Јас, Господ, сум го извлекол Мојот меч од ножницата негова, и тој нема веќе да се врати. 11#Ис 22,4А ти, сине човечки, плачи како да ти се бедрата прекршени и офкај пред очите нивни. 12#7,17; Ис 13,7А кога ќе те прашаат: ‚зошто оф­каш‘, кажи: ‚поради гласот што доаѓа‘, – од кој ќе замре секое срце и сите раце ќе малаксаат, и секој дух ќе се нажали, и сите колена ќе затреперат како вода. Ете, тоа ќе дојде и ќе се случи“, вели Господ Бог. 13И дојде слово Господово до мене: 14„Сине човечки, изречи пророштво и кажи – вака вели Господ Бог: кажи – меч, мечот е наострен и светнат. 15Наострен за да коле повеќе; светнат за да болска како светкавица. Да се радуваме ли дека жезолот на Мојот син го презира секое дрво? 16Наредив да го светнат, за да го земам в рака; веќе е наострен тој меч и светнат, за да го дадам во раката на убиецот. 17Стенкај и плачи, сине човечки, за тоа што е тој против Мојот народ, против сите кнезови израелски: сите тие ќе бидат со Мојот народ предадени на меч – затоа удирај се по бедрата. 18Бидејќи тој е веќе испробан. Па што, ако тој го презира и жезолот? Тој нема да устои“, вели Господ Бог. 19#3 Мојс 26,21.24А ти, сине човечки, пророкувај и плескај со рацете – и мечот ќе се удвои и ќе се утрои, мечот за поразените, ме­чот за пораз на големиот меч, кој про­никнува во внатрешноста на нивните живеалишта. 20За да се стопат срцата и за да бидат паднати повеќе, Јас пред сите нивни порти ќе поставам страшен меч, кој ќе болска како светкавица, наострен за клање. 21Приготви се, мечу, и нападни и дес­но и лево и онаму каде што ќе ти се сврти сечилото. 22А Јас ќе ракоплескам и ќе го стивнам гневот Свој; Јас, Господ, го кажав тоа.
Мечот на Вавилон
23И дојде слово Господово до мене: 24„А ти, сине човечки, размисли за две патеки по кои треба да мине мечот на царот вавилонски – и двете патеки треба да излезат од една земја, па нацртај рака, нацртај кај раскрсницата на патиштата за градовите. 25Претстави го патот, по кој треба да мине мечот во Рава на синовите Амо­нови и во Јудеја, во утврдениот град Ерусалим, 26зашто вавилонскиот цар застана на крстопатот, при почетокот на двете патеки за да претскажува: ги прегледува стрелите, ги прашува идолите, гледа на црн дроб. 27Во неговата десна рака прет­скажувањето е: ‚Во Ерусалим‘, каде што треба да постави убојни справи, да ја отвори устата за сечење, да го по­дигне гласот за боен повик, да ги дотера машините до портите, да насипе опкоп, да изгради опсадни кули. 28Тоа вражање ним ќе им се види лажно; но, бидејќи се беа заколнале со клетва, тој, ќе ги потсети на нивното вероломство, во кое тие се уловија.“ 29#2 Сол 2,8Затоа, вака вели Господ Бог: „Би­дејќи вие самите го спомнувате вашето беззаконие, правејќи ги вашите прес­тапи јавно и покажувајќи ги вашите гревови во делата свои, и самите го спомнувате тоа, затоа вие ќе бидете фатени од нив. 30А ти, недостоен, престапни водачу Израелов, тебе денес ти дојде денот, време на конечната казна.“ 31#17,24Така вели Господ Бог: „Симни ја од себе круната и извади го венецот, и веќе не ќе го имаш; понизеното ќе се из­дигне, а високото ќе се снизи. 32#1 Мојс 49,10Ќе го уништам, ќе го уништам, ќе го уништам – и нема веќе да го има, сѐ додека, не дојде Оној, Кому тој Му припаѓа, и Нему ќе му го дадам.“
Меч за Амонците
33 # 25,1-7 А ти, сине човечки, изречи про­роштво и кажи – вака вели Господ Бог, за синовите Амонови и за нивната хула, па кажи: „Мечот, изваден е за клање, светнат за истребување, за да болска како светкавица, 34па, додека ти кажуваат суетни ви­денија и лажливо гатаат за тебе, тие те ставаат кај обезглавените грешници, чиј ден дојде, конечниот суд. 35Да го вратам ли во ножницата негова? На местото, каде што си ти создаден, на земјата, од каде што си произ­легол, ќе ти судам – 36и ќе го излеам врз тебе Мојот гнев, ќе дувнам врз тебе со огнот на јароста Своја и ќе те предадам во рацете на луѓе свирепи, вешти во убивање. 37Ти ќе му станеш храна на огнот, твојата крв ќе остане на земјата; нема да се сеќаваат за тебе; зашто Јас, Господ, го кажав тоа.“

Currently Selected:

Езекиел 21: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in