YouVersion Logo
Search Icon

Езекиел 20

20
Израеловата непослушност
1 # Пс 106 # 8,1 Во седмата година, петтиот месец, десеттиот ден од месецот, дојдоа некои израелски старешини да Го прашаат Господа и седнаа пред мене. 2И дојде слово Господово до мене: 3#14,1-3„Сине човечки, зборувај со стареши­ните израелски и кажи им – вака вели Господ Бог: сте дошле да Ме прашате? Жив сум Јас – нема да ви дадам одговор, вели Господ Бог. 4#22,2; 23,26Сакаш ли да се судиш со нив, сакаш ли да се судиш, сине човечки? Кажи им ги гадотиите на нивните татковци; 5#2 Мојс 6,2-8#2 Мојс 3,14; 5 Мојс 7,6и кажи им – вака вели Господ Бог: во оној ден кога го избрав Израел и кога ја подигнав раката Своја, се заколнав во племето на домот од Јакова, и им се открив во земјата египетска, и кога ја подигнав раката им реков: ‚Јас сум Гос­под, вашиот Бог‘. 6#2 Мојс 3,8.17; Ер 3,19Во оној ден, кога ја подигнав раката Своја, Јас им се заколнав дека ќе ги изведам од земјата египетска во земја, која Јас ја избрав за нив, и во која тече мед и млеко, најубава меѓу сите земји. 7#23,3; 3 Мојс 18,3И кажи им: Отфрлете ги сите гадо­тии од вашите очи и не осквернувајте се со египетските идоли – Јас сум Господ, вашиот Бог. 8Но тие се побунија против Мене и не сакаа да Ме слушаат; никој не се откажа од гадотиите на очите свои и не ги остави египетските идоли. А Јас реков: ќе го излијам врз нив гневот Свој, ќе ја исцрпам врз нив јароста Своја среде египетската земја. 9#36,22; Ис 48,11; Рим 6,22Но Јас постапив така заради името Мое, па тоа да не се хули пред народите, меѓу кои тие се наоѓаат и пред чии очи Јас им се открив, за да ги изведам од египетската земја. 10И Јас ги изведов од земјата египетска и ги доведов во пустината, 11#3 Мојс 18,5им ги дадов Моите заповеди и им ги објавив Моите наредби, преку кои чо­векот, откако ќе ги изврши, ќе биде жив; 12#2 Мојс 31,13-17им ги дадов исто така и Моите саботи, за да бидат знак меѓу Мене и нив, па да знаат дека Јас сум Господ што ги осветува. 13Но домот Израелов се побуни против Мене во пустината: не постапија според Моите заповеди и ги отфрлија Моите наредби, преку кои човекот, ако ги исполнува, би можел да биде жив, и Моите саботи ги нарушија – и Јас реков – ќе ја излијам врз нив Својата јарост во пустината, за да ги истребам. 14Но Јас постапив заради Моето име, та да не се хули тоа пред народите, пред чии очи ги изведов. 15#5 Мојс 1,34-35Дури и кога ја подигнав раката против нив во пустината, се заколнав дека нема да ги воведам во земјата, која бев им ја определил – во која тече мед и млеко, најубава меѓу сите земји, 16заради тоа што ги отфрлија Моите наредби, не постапија по Моите заповеди и ги нарушуваа Моите саботи; зашто нивното срце копнееше повеќе кон идолите нивни. 17Но Моето око се смили и не ги погуби; и Јас не ги истребив во пустината. 18Им зборував на синовите нивни во пустината: Не одете по правилата на татковците ваши, не пазете ги уредбите нивни и не осквернувајте се со идолите нивни. 19Јас сум Господ, вашиот Бог: постапувајте според Моите заповеди, пазете ги уредбите Мои и исполнувајте ги. 20Празнувајте ги Моите саботи за да бидат знак меѓу Мене и вас, па да знаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог. 21#3 Мојс 18,5; Лк 10,28Но и синовите се побунија против Мене – не постапуваат по Моите заповеди и уредбите Мои не ги пазат, не го исполнуваат она преку кое човекот, откако ќе го исполнува, ќе биде жив; ги нарушуваат Моите саботи – и Јас реков: ќе го излијам врз нив Својот гнев, ќе ја исцрпам над нив Мојата јарост во пустината; 22#20,9.14но јас ја отклонив раката Своја и заради името Мое постапив инаку, за да не се хули тоа пред народите, пред чии очи ги изведов. 23#3 Мојс 26,33Исто така, кога ја подигнав раката Своја во пустината, се заколнав дека ќе ги расфрлам меѓу народите и развеам по земјите, 24бидејќи тие Моите наредби не ги извршуваа, заповедите Мои ги отфрлија и ги нарушуваа Моите саботи, а очите нивни се свртуваа кон идолите на нивните предци. 25Им дозволив закони и наредби што не се добри, од кои тие не можеа да бидат живи, 26#2 Мојс 13,12им допуштив и да се осквернуваат со своите жртвени приноси, кога по­ч­наа да префрлуваат преку оган секој прв плод од утробата, за да ги разорам, па да знаат дека Јас сум Господ. 27Затоа зборувај му на домот Из­раелов, сине човечки, и кажи му – вака вели Господ Бог: еве со што уште Ме хулеа вашите татковци, кога неверно постапуваа против Мене: 28Јас ги одведов во земјата, која со клетва им ја ветив дека ќе им ја дадам, откако ја подигнав раката Своја, а тие, штом здогледаа по некој висок рид и некое разгрането дрво, почнаа таму да ги колат своите жртви и да ги ставаат таму своите приноси за мене со навреда и своите благопријатни кадива, извр­шувајќи ги таму и своите преливи. 29А Јас им реков – каква е таа висо­чинка, каде што одите? Затоа таа и до ден денс се вика Бама. 30Ете затоа, кажи му на домот Изра­елов – вака вели Господ Бог: Зар не се осквернувате по примерот на вашите татковци и зар не блудствувате со нивните гадотии? 31Принесувајќи ги даровите свои и префрлувајќи ги синовите свои преку оган, вие се осквернувате со сите ваши идоли до овој ден – па Ме прашувате за совет, доме Израелов? Жив сум Јас, вели Господ Бог, нема да ви одговорам. 32И она, што ви паѓа на ум, никако нема да се изврши. Вие велите: ‚ќе му служиме на дрвото и на каменот како незнабошците, како племињата од други земји.‘
Бог казнува и простува
33Жив сум Јас, вели Господ Бог; со силна рака и со протегната десница, изливајќи јарост, ќе господарам над вас. 34#20,41И ќе ве изведам Јас откај народите и од земјите, по кои сте распрснати, и ќе ве соберам со силна рака и со протегната мишка, изливајќи јарост. 35И ќе ве доведам во пустината на народите и таму ќе се судам со вас лице во лице. 36Како што се судев со предците ваши во пустината на египетската земја, така ќе се судам и со вас, вели Господ Бог. 37#34,17И ќе ве преведам под стап и ќе ве ставам во оковите на заветот. 38И ќе ги одделам од вас отстапниците и непокорните. Ќе ги изведам од земјата, каде што живеат, но во земјата израелска тие нема да влезат, – и ќе познаете дека Јас сум Господ. 39А вие, доме Израелов, така вели Господ Бог – секој од вас оди кај идо­лите свои и им служи, не слушајќи Ме Мене, но не осквернувајте го повеќе светото име Мое, со вашите дарови и со вашите идоли, 40#40,2зашто на Мојата света гора, на високата планина Израелова – вели Господ Бог – таму ќе Ми служи сиот Израелов дом, целиот, колку што го има на земјата; таму ќе ги примам со благоволение и таму ќе ги побарам при­носите ваши и првините ваши со сите ваши светињи. 41#20,34; 2 Кор 6,17; Фил 4,18Ќе ве примам како благопријатно кадиво, кога ќе ве изведам од народите и ќе ве соберам од земјите, по кои сте распрснати и ќе ја покажам Својата светост меѓу вас пред очите на народите. 42Па ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе ве воведам во земјата Израелска – во земја, за која се заколнав на тат­ковците ваши, откако ја подигнав раката Своја. 43И ќе се сетите таму за вашите па­тишта и за сите ваши дела, со кои се осквернувавте, па ќе се гадите од са­мите себе, за сите ваши злодела, што сте ги вршеле. 44И ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе почнам да постапувам со вас заради името Свое, не според вашите лоши патишта и вашите развратни де­ла, доме Израелов, вели Господ Бог.“

Currently Selected:

Езекиел 20: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in