YouVersion Logo
Search Icon

Езекиел 19

19
Израел ги жали кнезовите свои
1„А ти заплачи по кнезовите Израелови. 2#Ис 5,29; Наум 2,12; Зах 11,3И кажи: – каква лавица е твојата мајка? Се расположила меѓу лавовите, меѓу младите лавови, одгледува свои мали. 3И отхранила едно од своите млади, па тоа станало млад лав и се научило плен да лови, луѓе да јаде.“ 4#2 Цар 23,33-34И чуја народите за него: бил фатен во неговата јама и во вериги однесен во земјата египетска. 5И откако почека и виде дека на­дежта нејзина ѝ пропадна, таа зеде дру­го свое лавче и го направи млад лав. 6И тоа, кога стана млад лав, почна да оди меѓу лавовите и се научи плен да лови, и луѓе да јаде, 7ги осквернуваше вдовиците нивни и градовите нивни ги опустошуваше; па запусте земјата и сите нејзини населби од неговото рикање. 8Тогаш се подигнаа против него на­родите од околните области и ја поста­вија мрежата своја; тој беше фатен во нивната јама. 9#2 Цар 24,8-17И го ставија во кафез, во вериги, па го одведоа во тврдината, за да не се слуша глас од него по планините из­раелски. 10#17,5-10; Ис 5,1; Пс 1,3; 80,9-12Твојата мајка беше како лоза, посадена покрај вода; плодовита и разгранета беше таа од многу вода. 11#31,3И имаше кај неа прачки здрави за скиптар на владетел и високо се издигна со својот раст и меѓу густите прачки, па се истакнуваше во височината своја, со многуте свои ластари. 12#17,10; Ер 31,28; Ос 13,15; Јн 15,6Но, во гневот таа беше откорната, фрлена на земја и источниот ветар го исуши плодот нејзин; откинати и ису­шени се нејзините силни прачки, оган ги проголта. 13#2,5А таа сега е пресадена во пустината, во земја сува и жедна. 14#15,4И излезе оган од сплетот на гран­ките нејзини, ги проголта плодовите нејзини и не останаа на неа здравите прачки за скиптар на владетел. Тоа е жална песна и ќе има плачење.

Currently Selected:

Езекиел 19: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in