Езекиел 13
13
Пророкување против лажни пророци
1И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, изречи пророштво против пророците на Израел, кои пророкуваат, и кажи им на оние, што пророкуваат од свое срце: чујте го словото Господово. 3Вака вели Господ Бог: тешко им на безумните пророци, што се водат од својот дух, а ништо не виделе. 4Твоите пророци, Израеле, се како лисици во урнатини. 5Вие не влеговте во ровови и не го оградивте домот израелски за да биде цврст при битката во денот Господов. 6Тие гледаат суета и претскажуваат лага, велејќи: ‚Господ вели‘, а Господ не ги испратил; и даваат надеж дека словото ќе се исполни. 7Зар не видовте суетно видение и не кажувате ли лажно предвестие, велејќи: ‚Господ вели‘, а Јас, пак, не сум рекол? 8Затоа вака вели Господ Бог: бидејќи кажувате суета и гледате во виденијата лага, Јас сум против вас, – вели Господ Бог. 9#14,9И ќе биде раката Моја против тие пророци, кои гледаат суета и претскажуваат лага; во советот на Мојот народ тие нема да бидат, во списокот на домот израелски нема да бидат запишани и во земјата израелска нема да влезат. Па ќе познаете дека Јас сум Господ Бог. 10#13,16; 22,28; Ер 6,14; 8,11; Дела 23,3Затоа што го воведуваат Мојот народ во заблуда, велејќи: – мир, а мир нема; и кога некој гради ѕид, тие само сакаат со кал да го премачкаат! 11#Мт 7,24-27Кажи им на тие што ѕидот го мачкаат со кал дека тој ќе падне, ќе заврне силен дожд и град како камен, и силен ветар ќе те распарчи. 12И, ете, ѕидот ќе падне; нема ли тогаш да ви кажат: ‚Каде е мачканицата, со која го мачкавте ѕидот?‘ 13#Ис 30,30; Откр 11,19; 16,21Затоа вака вели Господ Бог: Ќе пуштам разорен ветар во гневот Свој и ќе падне пороен дожд во јароста Моја, и град како камења во јадот Мој ќе биде за истребување. 14Ќе го урнам ѕидот, што го мачкавте со кал, и ќе го кутнам на земја; ќе се открие темелот негов, па ќе падне, а вие заедно со него ќе загинете, и ќе познаете дека Јас сум Господ. 15И ќе ја излеам јароста Своја врз ѕидот и врз оние што го мачкаа со кал, и ќе ви речам: – го нема ѕидот и ги нема оние, што го мачкаа – 16#13,10; Ис 57,21пророците израелски, кои му пророкуваа на Ерусалим и го известуваа за мирни виденија, кога мир немаше, – вели Господ Бог.“
Пророштво против лажни пророчици
17А ти, сине човечки, сврти го лицето свое кон ќерките на овој народ, кои пророкуваат од своето срце, и кажи пророштво против нив, 18па речи – вака вели Господ Бог: „Тешко им на оние што си пришиваат магиски амајлии под мишките и прават превези на главата во секоја големина, само да ловат души. Зар ловејќи ги душите на Мојот народ, вие ќе си ги спасувате вашите души? 19#Ис 56,11; Мих 3,5И Ме обесчестувате пред Мојот народ за рака јачмен и за парчиња леб, умртвувајќи ги душите што не треба да умрат, а оставајќи ги да живеат оние души што не треба да живеат, лажејќи го народот што слуша лага.“ 20Затоа вака вели Господ Бог: „Еве, Јас сум против вашите магиски амајлии, со кои ги ловите душите како птички, ќе ги искинам од под мишките ваши и ќе ги пуштам на слобода душите, што ги ловите како птички. 21Ќе ги парчосам вашите покривала и ќе го избавам Својот народ од рацете ваши; тие нема да бидат веќе плен во рацете ваши, па ќе познаете дека Јас сум Господ. 22#Ер 23,14Поради тоа што со лага го жалостите срцето на праведникот, кого Јас не сакам да го жалостам, и ги поддржувате рацете на грешникот, за да не се одврати од својот порочен пат, па не го зачува својот живот, 23затоа нема да имате веќе суетни виденија и во иднина нема веќе да баете, Јас ќе го избавам мојот народ од рацете ваши, и ќе познаете дека Јас сум Господ.“
Currently Selected:
Езекиел 13: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006