YouVersion Logo
Search Icon

Езекиел 12

12
Пророкот како бегалец
1И дојде слово Господово до мене: 2#2,5-7; Ис 6,9-10; Ер 5,21; Мт; 13,14-15; Мк 8,18„Сине човечки, ти живееш среде отстапнички дом: тие имаат очи да гле­даат, а не гледаат, имаат и уши да слушаат, но не слушаат; затоа што се тие дом отстапнички. 3А ти, сине човечки, приготви си сѐ што е потребно за преселување и сред бел ден пресели се пред очите нивни, пресели се од твоето место во друго место, пред очите нивни; можеби, тие ќе разберат, макар што се дом отстапнички. 4И работите твои изнеси ги како работи потребни за преселување, дење пред очите нивни, и сам излези вечерта пред очите нивни, како тие што излегуваат за преселување. 5#Ер 52,7; Амос 4,3Пред очите нивни пробиј си отвор во ѕидот и изнесувај низ него. 6#Ис 8,18; 20,3Пред очите нивни земи го товарот свој на рамо, па во приквечерина изнеси го, подзатскриј го лицето свое, за да не ја видиш земјата; затоа што Јас те поставив за знак на домот Израелов.“ 7И извршив како што ми беше запо­ведано; работите нужни за преселување ги изнесов дење, а вечерта прокопав со раката отвор во ѕидот и во темнината го изнесов товарот, и го кренав на рамо пред очите нивни. 8Утредента рано дојде слово Госпо­дово до мене: 9„Сине човечки, не му кажа ли ти на домот израелски, домот отстапнички – што правиш?“ 10Кажи им – вака вели Господ Бог: „Тоа е предвесник за началникот на Ерусалим и за целиот дом израелски, кој е таму.“ 11Кажи: „Јас сум знакот за вас; она што го правам јас, тоа ќе биде и со нив, при преселувањето, во ропство ќе отидат тие. 12А началникот, што е меѓу нив, во темнина, носејќи на рамо, ќе излезе. Ѕидот ќе го пробијат за да го изнесат низ него; тој ќе го сокрие лицето свое, така што со очите свои нема да ја гледа оваа земја. 13#Ер 52,8-11А Јас, ќе ја спрострам врз него Мојата мрежа, и тој ќе биде фатен во мојата примка, и ќе го одведам во Вави­лон, во земјата халдејска, но тој нема да ја види, и таму ќе умре. 14А сите што се околу него, неговите помошници, и сета војска ќе ја развеам по сите ветрови, и ќе го извадам мечот по нив. 15#5,10И ќе познаат тие дека Јас сум Господ, Оној Кој ги распрсна меѓу на­родите и ги развеа по земјите. 16#4,16Но еден мал број од нив Јас ќе го запазам од меч, глад и помор, за да им ги раскажуваат на народите, меѓу кои ќе отидат, сите гадотии; и ќе познаат дека Јас сум Господ.“
Пророкот трепери
17И дојде слово Господово до мене: 18„Сине човечки, јади го лебот со трепет, и водата пиј ја со треперење и со мака. 19И кажи му на народот од оваа земја: вака вели Господ Бог за жите­лите на Ерусалим, за земјата израелска; тие ќе го јадат лебот со загриженост и водата ќе ја пијат со трепет, зашто по­ради неправдата на сите што живеат во неа, земјата ќе биде лишена од секакво изобилие. 20И ќе бидат разорени населените градови, и земјата ќе стане пуста, и ќе познаете дека Јас сум Господ.“
Непријатна порака
21И дојде слово Господово до мене: 22#12,27; 2 Птр 3,4„Сине човечки, каква е таа пого­ворка кај вас во земјата израелска: ‚Деновите минуваат, а пророчките ви­денија не се извршуваат!‘“ 23Затоа кажи им – вака вели Господ Бог: „Ќе ја уништам таа поговорка, и нема веќе тие да ја употребуваат таа поговорка во Израел; но, кажи им – блиски се деновите и извршувањето на секое пророчко видение. 24Зашто нема веќе да остане попусто ниедно пророчко видение, и ниедно предвестување нема да биде лажно во домот на Израел. 25Зашто Јас, Господ, го зборувам ова: и зборот, кој Јас го кажувам ќе се исполни, и нема да биде одложен; во ваши денови, доме отстапнички, реков збор, и ќе го исполнам“, вели Господ Бог. 26И дојде слово Господово до мене: 27#12,22„Сине човечки, ете, домот израел­ски вели: пророчкото видение, што го виде тој, ќе се изврши по многу денови и тој пророкуваше за далечни времиња.“ 28Затоа кажи им: вака вели Господ Бог: „Ниеден Мој збор нема да биде одложен, но зборот, што ќе го кажам Јас, ќе се изврши,“ вели Господ Бог.

Currently Selected:

Езекиел 12: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in