Езекиел 11
11
Осуда над Ерусалим
1 #
3,12
Ме дигна духот и ме доведе пред источната врата на домот Господов, која гледаше кон исток. А таму – пред влезот на вратата дваесет и пет човека, и меѓу нив го видов Јаазанија, синот Азуров, и Пелатјаху, синот Бенајахуов, кнезовите народни. 2И Тој ми рече: „Сине човечки, еве ги луѓето што на ум имаат да вршат беззаконија и кои даваат лош совет во овој град, 3велејќи: ‚Уште е далеку; да си градиме домови; овој град е котел, а ние – месо.‘ 4Затоа изречи против нив пророштво, пророкувај, сине човечки!“ 5#2,2И слезе врз мене Духот Господов и ми рече: „Кажи – така вели Господ – она што го зборувате вие, доме Израелов, и она што ви иде на ум, тоа Јас го знам. 6Многумина убивте во тој град, и улиците негови се исполнија со трупови.“ 7Затоа, вака вели Господ Бог: „Убиените ваши, што ги оставивте среде него, се месо, а тој – котел; но вас Јас ќе ве изведам од него. 8Вие се плашите од меч, а Јас ќе испратам врз вас меч, вели Господ Бог. 9И ќе ве изведам од него, ќе ве предадам во рацете на туѓинци, и ќе извршам суд над вас. 10Од меч ќе паднете; во пределите на Израел ќе ви судам, ќе познаете дека Јас сум Господ. 11Тој нема да биде за вас котел, и вие нема да бидете во него месо; во пределите израелски ќе ви судам. 12#5 Мојс 12,30И ќе познаете дека Јас сум Господ; затоа што не ги извршувавте Моите наредби, туку одевте по законите на народите околу вас.“ 13#9,8И ете, кога пророкував, Пелатјаху, синот на Ванеја, умре. И паднав ничкум, викав со силен глас и реков: „О, Господи Боже, зар сакаш докрај да го истребиш остатокот на Израел?“ 14И дојде слово Господово до мене: 15#33,24„Сине човечки, на браќата твои, на твоите браќа, на твоите еднокрвни и на сиот израелски дом, оние што живеат во Ерусалим, им велат: ‚живејте далеку од Господ, оваа земја дадена ни е нам да ја владееме.‘“ 16#28,25; 36,24-27Затоа кажи им: вака вели Господ Бог – „Макар и да ги оддалечив меѓу народите и макар што ги распрснав по земјата, Јас за нив пак ќе бидам како светилиште во оние земји, каде што отидоа.“ 17Потоа кажи им, вака вели Господ Бог: „Јас ќе ве соберам откај народите и ќе ве вратам од земјите, во кои сте се растуриле; и ќе ви ја дадам земјата израелска. 18И ќе дојдат таму, ќе ги исфрлат од неа сите гадотии и сите нечистотии. 19#18,31; 36,26-28; Ер 32,39И ќе им дадам едно срце, ќе вложам во нив нов дух, ќе го земам од телото нивно каменото срце и ќе им дадам меснато срце, 20#14,11; 3 Мојс 26,12; Откр 21,7за да одат по Моите заповеди, да ги пазат Моите наредби и да ги извршуваат; и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе бидам пак нивни Бог. 21#9,10А чие срце, се поведе по гадотиите нивни и нечистотиите нивни, нивните постапки ќе ги свртам врз нивните глави“, вели Господ Бог.
Божјата слава го напушта Ерусалим
22Тогаш херувимите ги подигнаа крилјата свои, и тркалата беа до нив; и славата на Израеловиот Бог беше над нив одозгора. 23#9,3; 43,2И се крена славата Господова среде градот и застана над планината, што се наоѓа источно од градот. 24#1,1; Дела 8,39И духот ме подигна и ме пренесе во видение, преку Духот Божји, во Халдеја, кај изгнаниците. И видението, што го имав, избега од мене. 25И јас им ги пренесов на изгнаниците сите зборови Господови, што ми ги откри Тој.
Currently Selected:
Езекиел 11: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006