Излез 38
38
Жртвеникот и бакарниот мијалник
1И направи од дрвото шитим жртвеник за жртви сепаленици; пет лакти долг и пет лакти широк, четириаголен, три лакти висок; 2#2 Лет 1,5а направи и рогови на неговите четири агли, така што роговите да излегуваат од него, и го опкова со бакар. 3#31,9; 1 Цар 7,45И го направи сиот прибор за жртвеникот: котлите, лопатчињата, потирите, вилушките и кадилниците; сиот прибор го направи од бакар. 4А на жртвеникот му направи решетка од бакар како мрежа, од дното па до средината, наоколу; 5и излеа четири алки за четирите агли на решетката од бакар, за да се провлечат низ нив лостови за носење. 6А лостовите ги направи од дрвото шитим и ги опкова со бакар. 7Па ги провлече лостовите низ алките од обете страни на жртвеникот, за да може да се носи; од штици го направи, празен однатре. 8#30,18; 40,7; 5 Мојс 23,18; 1 Сам 2,22-25; 1 Цар 14,24Направи и мијалник од бакар и подножје од бакар со убави шарки, кои го красеа влезот на скинијата.
Завесите на дворот
9И двор направи од јужната страна, а завесите му беа од пресукан лен, по сто лакти долги; 10дваесет столбови за нив, и дваесет подножја под нив од бакар; а кукичките за столбовите и обрачите нивни беа од сребро. 11Така и од северната страна – завеси од сто лакти; столбови за нив дваесет и подножја под нив од бакар дваесет; а и кукичките за столбовите и обрачите нивни од сребро. 12А од западната страна завеси од педесет лакти: десет столбови за нив, и подножја – десет; кукичките за столбовите и обрачите нивни од сребро; 13и од источната страна, завеси од педесет лакти. 14За едната страна на вратата завеси од петнаесет лакти, три столбови за нив и три подножја под нив; 15и за другата страна завеси од петнаесет лакти, три столба за нив, и подножја под нив – три. 16Сите завеси на дворот наоколу беа од пресукан лен, 17а подножјата на столбовите – од бакар, кукичките за столбовите и обрачите на нив – од сребро; и врвовите нивни беа со сребро обложени; и сите столбови на дворот беа со сребрени обрачи поврзани. 18А завесата на вратата од дворот – везена – од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, долга дваесет лакти, а во висина по целата ширина пет лакти, како и другите завеси во дворот; 19и четири столба за неа, и четири подножја под нив од бакар; кукичките им беа од сребро, врвовите нивни посребрени, а и обрачите нивни беа од сребро. 20#35,18Сите колчиња околу скинијата и дворот беа од бакар.
Изработките за скинијата
21 #
4 Мојс 1,50.53; 4,28.33; Дела 7,44 Ете, тоа се изработките за скинијата на собранието, направени по заповедта на Мојсеј од левитите, а под надзор на свештеникот Итамар, син на Арон. 22#31,2; 35,30-35А сѐ она како што му заповеда Господ на Мојсеј, го направи Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино. 23#31,6И со него Охолијав, синот Ахисамахов, од племето Даново, резбар, вешт ткајач и везач на сина, пурпурна и црвена и ленена ткаенина. 24#30,13.16Сето злато, што беше употребено за сиот прибор на светилиштето, злато, принесено на дар, беше дваесет и девет кикари и седумстотини и триесет шекели, свештени шекели; 25а среброто преброено од дародавците – сто кикари и илјада седумстотини седумдесет и пет шекели, свештени шекели. 26#12,37; 30,12-14; 4 Мојс 1,45-46По половина шекел од човек, пресметано според свештениот шекел, од секој што доаѓа на пребројување, од дваесет години и нагоре, од шестотини и три илјади петстотини и педесет души. 27#26,19Сто кикари сребро беа употребени за лиење на подножјата за светилиштето и подножјата за завесите; сто подножја од сто кикари, по кикар на подножје; 28а од илјада седумстотини седумдесет и петте шекели тој направи кукички за столбовите и опков за врвовите нивни, а направи и обрачи за нив. 29А од принесениот дар во бакар имаше седумдесет кикари, и две илјади и четиристотини шекели; 30и од него ги направи тој подножјата за влезот во скинијата, и жртвеникот од бакар како и решетката од бакар за него, и сиот прибор за жртвеникот; 31подножјата за целиот двор наоколу, подножјата за вратата на дворот, и сите колчиња за скинијата и сите колчиња за дворот наоколу.
Currently Selected:
Излез 38: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006